Валпараисо

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Валпараисо
Valparaíso
Разни знаменитости на Валпараисо
Знаме
Знаме
Грб
Грб
Прекар(и): Драгиот камен на Тихоокеанието, Валпо
Местоположба во Чиле
Валпараисо
Местоположба во Чиле
Координати: (city) 33°03′ ЈГШ 71°37′ ЗГД / 
Земја Чиле
Регион Валпараисо
Покраинја Валпараисо
Основан 1536
Админ. центар Валпараисо
Управа[1]
 • Вид Општина
 • Градоначалник Хорхе Кастро Муњоз
Површина[2]
 • Град 401,6 км2
Надм. вис. 10 м
Население (2012)[2]
 • Град 284.630 жит.
 • Урбано 275.141 жит.
 • Пошир. 930.220 жит.
 • Рурално 841
Час. појас CLT (UTC−4)
 • Лете (DST) CLST (UTC−3)
Повик. бр. (земја) 56 + (град) 32
Портал Портал (шпански)

Валпараисо (шпански: Valparaíso, букв. „Рајска Долина“) — еден од поголемите градови на Чиле, и еден од најважните пристаништа и растежен витален културен центар во јужно пацифичката хемисфера. Градот е лоциран во центарот на Чиле, и е управен центар на истоимениот регион. Сантјаго е престолнина на Чиле, но во Валпараисо е седиштето на националниот конгрес. Изграден на ридови со поглед кон пацифичкиот океан, поседува богата архитектурна и културна оставина. Валпараисо е под заштита на УНЕСКО, и често е абривеиран како еден од неалатинските американски најинтригантни урбани области. Но како и повеќето од Чиле, е ранлив на земјотреси, во последниот најсилен земјотрес во 1906 година загинале 3000 луѓе. Во 2003-та Чилеанскиот конгрес го прогласи Валпараисо за Чилеанска културна престолнина и седиште на новото националното културно министерство. Технички погледнато е шести по население град во земјата со 263.982 жители, Но агломерацијата, Велик Валпараисо има 829.143 илјади жители и е втор град во Чиле. Градот изиграл важна геополитичка улога во првата половина на 19-от век, кога служел како главна постојка на бродовите што патувале меѓу Атлантскиот и Пацифичкиот (Тихи) Океан. Отсекогаш е магнет на европски имигранти и до неодамна бил познат под името "Мало Сан Франциско" и "Накитот на Пацификот". Сведоштва за поранешната слава на Валпараисо се најстарата Латино Американската Берза. Важен образовен центар со 9 универзитети.

Историја[уреди]

Заливот на Валпараисо прво бил населен од домородците Чангос. Шпански експлоратори пристигнале во областа во 1536-та, на брод наречен Сантиагвило, испратен од Диего де Алмагро, којшто се смета за прв европски експлоратор на Чиле. Бродот носел луѓе и намирници за Алмагровата експедиција, под команда на Хуан де Сааведра, којшто го крстил градот по неговото родно село Валпараисо де Ариба во Куенка, Шпанија. Во колонијално време, Валпараисо бил мал град. По независноста на Чиле постанал главно пристаниште. Како пристаниште примил многу европски имигранти во тоа време. Имигранти од Англија и Германија ги основале првите приватни и секуларни училишта. А архитектурата рефлектирала различни европски стилови.

Златниот век на Валпараисо завршил со пуштањето на панамскиот канал (1914).

  1. (шпански) „Municipality of Valparaíso“. http://www.municipalidaddevalparaiso.cl/. конс. 15 ноември 2010. 
  2. 2,0 2,1 (шпански) Instituto Nacional de Estadísticas