Патрик Вајт

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Патрик Вајт

Патрик Виктор Мартиндејл Вајт (28 мај 1912, Лондон, Велика Британија - 30 септември 1990, Сиднеј, Австралија) бил австралиски писател, добитник на Нобеловата награда за литература во 1973 година. По дипломирањето во 1935 година заминал во Лондон, издал една збирка стихови и пишувал пиеси и раскази. Првиот роман „Среќна долина“, го објавил во Лондон (1939) и подоцна во Њујорк (1940). Учествувал во Втората светска војна, а потоа се вратил во Австралија и се занимавал со стопанска дејност.[1]

Биографија[уреди]

Патрик Вајт израснал во Сиднеј, средно образование завршил во Челтнам, Велика Британија. Се вратил во Австралија. Две години работел во живинарска фарма, а истовремено почнал да пишува. Во 1932 година Вајт се запишал во Кингс колеџот во Кембриџ, каде што ги изучувал англиската, француската и германската литература. По дипломирањето во 1935 година заминал во Лондон и со скромна финанскиска поткрепа од татка си решава да ѝ се посвети на писателската кариера. Издал една збирка стихови, пишувал пиеси и раскази. Првиот роман „Среќна долина“, објавен во Лондон (1939) и во Њујорк (1940), го покажува неговото воодушевување од симболизмот на Дејвид Ферберт Лоренс. Од 1941 до 1945 година се наоѓа во разузнавачка служба на Кралските вооружени сили во јужна Азија и Грција. Се вратил во Австралија и формирал мало стопанство во предградието на Сиднеј, од кое се издржувал.

Творештво[уреди]

Во 1948 година бил објавен неговиот трет роман „Расказ за тетката“, кој со своите тенденции кон задлабочена социјално-психолошка анализа е посебен момент не само во творечкиот развој на Вајт туку и во целата повоена австралиска проза. Во 1951 година ја почнал работата над „Човечкото стелбо“ (1955) - семејна сага што ја опишува борбата на доселениците да создадат живот во пустината. Вајт ја проширил таа често среќавана тема во австралиската проза - секојдневниот труд на обичните луѓе не е само средство за здравје, туку и за дружење со природата „поезија и танство кои го осмислуваат животот“. Во следниве трудови исто така за Австралија и за проблемите на австралиското општество, Вајт обработувал универзални теми за врските на индивидуата со општество и природата - романите „Вос“ (1957), „Патници во колесница“ (1961), „Неразбирливо мандало“ (1966) и други, збирки пиеси и раскази „Сезоната на Сарсапарила“. Со романот „Окото на бурата“ (1973) и до други кои се одликуваат со богата поетска сликовитост и со блескаво изградени карактери и композиција, Вајт се потврдува како одличен стилист. Меѓу подоцнежните негови творби се истакнува делото „Мемоарите на многумина во едно“ (1986), кое се одликува со мајсторско експериментирање со стилот, карактеристино за Вајт. Творештвото на Вајт е важна етапа во развојот на австралиската литература и во нејзиното вклучување во светскта литературна мисла.

Наводи[уреди]

  1. Превод на литературни дела од автори кои добиле Нобелова награда, НИД „Микена“, Битола, 2010