Иван Алексеевич Бунин

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Иван Алексеевич Бунин

Иван Алексеевич Бунин (22 октомври 1870, Воронеж, Русија - 8 ноември 1953, Париз, Франција) бил руски поет и прозаист, добитник на Нобеловата награда за литература во 1933 година за уметноста со која ја продолжува класичната руска традиција во прозата. По потекло бил од разорена дворјанска фамилија.[1]

Биографија[уреди]

Поради материјалните тешкотии завршил гимназија. Воспитан во љубов спрема науката, поезијата и музиката, Бунин читал многу и се самообразовал. Ги обиколил Русија и Украина, коректор, библиотекар, театарски критичар, рецезент и публицист. Патувал низ Европа, Азија и Африка.

Творештво[уреди]

Во 1891 година во Орел, Русија, му излегува првиот зборник стихови, а во 1897 година - првата книга раскази. Соработката со Максим Горки не внесува никакви социјални тенгенции во неговото творештво. Бунин останува надвор од модерните текови, бил поврзан пред се со руска класична реалистичка традиција на Александар Тургенев, Иван Гончаров и Лев Толстој. Тој се одликува со оригинален стил и со изразита творечка идивидуалност. Создава изразито живописна лирика - лирската поема„Листопад“ (1901) во која со голема поетска вештина ја користи изразноста и убавината на рускиот јазик.

Дела[уреди]

Расказите и повестите на Бунин„Село“ (1910) и „Суводол“ (1911) се поврзани со селсиот живот и со животот на дворјанството. Обработувал и современи теми - повеста „Господинот од Сан Франциско“ (1915), новелата „Љубовта на Матија“ (1925), за да им се врати на мемоарите во афтобиографскиот поман „Животот на Арсенев“ (1930). Преведувал дела од англиски од полски јазик. Бунин бил почецен член на Петербушката академија на науките (1909). Во 1920 година емигрирал во Франција.

Наводи[уреди]

  1. Преводи на литературни дела на добитници на Нобелова награда, НИД„Микена“, Битола, 2009