Сол Белоу

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Сол Белоу

Сол Белоу (англиски: Saul Bellow; 10 јуни 19155 април 2005) — канадско-американски писател, добитник на Нобелова награда за литература и Пулицеровата награда во 1976 г., за разбирањето на човекот и за детална анализа на современата литература. Белоу пишувал есеи, раскази, новелата „Не пропуштај го денот“, но најмногу постигнува во пишувањето романи.[1]


Детство[уреди]

Белоу потекнува од еврејско семејство. Роден е две години откако неговите родители Леша и Авраам Ви се иселиле од Санкт Петербург во Монтреал, Канада. Во детството на Белоу се се сменило кога еден период на болест од дишна инфекција го научила сам да се грижи за себе (бил многу здрав човек и во форма и покрај занимањето) и си овозможил шанса да го задоволи неговиот апетит за читање. Тој решил да биде писател кога ја прочитал "Кабината на чичко Том "од Хариет Бечер Стове.

Биографија[уреди]

Од рана воздраст Белоу покажувал големо интересирање за литературата и зборувал 4 јазици. Студирал на Чикашкиот, Северозападниот и на Винсконсин унерверзитетот. Студиите ги завршил во 1937 година, по што работел како биограф, наставник, редактор во енциклопедијата „Британика“. За време на Втората светска војна служи во трговска флота на САД. Од 1946 година ја поврзал својата литературна дејност со предавачката работа на унерверзитетот во Минесота, во Бард колеџот и на унерверзитетите во Њујорк и Чикаго (каде што живеел од 1962 година).

Творештво[уреди]

Првите Белоови романи „Заблудениот“ (1944) и „Жртва“ (1947) му се одликуваат со грижливо организирана структура и со јазикот. Суштествено е различен романот „Авантурите на Оги Марч“ - питорескен роман, во кој Белоу го избегнувал традиционалното хронолошко раскажување и применувал слободен стил, умешно оперирал со јазикот-напоредно со животот разговорен збор , присутни се и долги филозофски монолози. Овие потфати се карактеристични и за неговите други позначајни романи - „Херцог“ (1964), „Планетата на господинот Семлер“ (1970), „Подарокот на Хамболт“ (1975) и „Повеќето умираат од срцев конфликт“ (1987).

Наводи[уреди]

  1. Превод на литературни дела од автори кои добиле Нобелова награда, НИД „Микена“, Битола, 2010