Габриел Гарсија Маркес
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
| Габриел Гарсија Маркес | |
Гарсија Маркес на потпишувањето на книгите Сто години самотија во Хавана, Куба |
|
| Роден(а) | 6 март 1928 |
|---|---|
| Занимање | Писател |
Габриел Хозе Гарсија Маркес (шпански: Gabriel García Márquez) (роден на 6 март 1928) е колумбиски писател, новинар, политички активист и добитник на Нобеловата награда за литература. Роден во Аракатака, северна Колумбија, главно живее во Мексико и Европа, а во моментот најголем дел од времето поминува во Мексико Сити. Сè поголем број литературни критичари се согласуваат дека Маркес, заедно со Хорхе Луис Борхес и Хулио Кортазар е еден од најголемите латино-американски писатели на 20 век.
Содржина |
Животен пат [уреди]
Маркес прво започнува да работи како новинар. Во 1955 година ја објавува својата прва позначајна книга „Приказната на бродоломецот“. Книгата наидува на критика од страна на владата на генералот Густаво Рохас Пинаља. Во 1967 година Маркес го објавува романот „Сто години самотија“, со кој набрзо постигнува светска слава и претставува најзначајно дело на Маркес. Нобеловата награда за литература ја добива во 1982 година. Во 2002 година го објавува своето автобиографско дело „Да се живее за да се раскаже“, а во 2004 година се појави неговото најново дело „Сеќавање на моите тажни проститутки“.
Политички погледи [уреди]
Маркес е познат по своите левоориентирани погледи. Тој е личен пријател со кубанскиот претседател Фидел Кастро и има искажано голем број симпатии за одредени латино-американски револуционерни групи, особено во текот на 1960-тите и 1970-тите. Исто така е критички настроен кон владата на Колумбија, иако нема докази дека отворено ги поддржувал герилските групи ФАРК и ЕЛН кои се борат против владата.
Книжевен опус [уреди]
Романи [уреди]
- Кобен час 1962
- Сто години самотија 1967
- Есента на патријархот 1975
- Љубов во време на колера 1985
- Генералот во својот лавиринт 1989
- За љубовта и другите демони 1994
Повести [уреди]
- Олуја од лисја 1955
- На полковникот нема кој да му пишува објавена 1961 во Шпанија (напишана помеѓу 1956-1957)
- Хроника на една најавена смрт 1981
- Сеќавање на моите тажни курви 2004
Збирки раскази [уреди]
- Невиниот Ерендија и други приказни 1978
- Собрани раскази 1984
- 12 аџиски приказни 1993
Друга литература [уреди]
- Приказна за еден бродолом 1970
- Самотијата на Латинска Америка 1982
- Мирисот на Гуава 1982, со Плинио Апулејо Мендоса
- Авантурите на Мигел Литин 1986
- Вест за едно грабнување 1996
- Земја за деца 1998
- Да се живее за да се раскаже 2002
Надворешни врски [уреди]
|
||||||||||
| Оваа биографска статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |