Санкт Петербург
Од Википедија, слободна енциклопедија
(Пренасочено од Петроград)
| Грб на градот | Местоположба |
|---|---|
![]() |
|
| Површина: | 606 km² |
| Население: | 4,661,219 |
| Густина на население: | 3330 жители/km² |
| Надморска висина: | 3-175 m |
| Поштенски код: | 190000–199406 |
| Повикувачки број: | +7 812 |
| Регистарски таблички: | 78, 98 |
| Временска зона: | UTC + 3 (Лето: UTC + 4) |
Санкт Петербург е еден од најголемите градови во Русија основан од страна на царот Петар Велики во 1703 година. Изграден е на мочурливо земјиште, а за време на неговата изградба загинале илјадници луѓе. Овој град е создаден за да ја отвори Русија за Западот, а во текот на наредните два века тој ја заменил Москва како центар на политичкиот живот во Русија.
Низ неговата историја, градот го сменил своето име три пати. За време на Првата светска војна, неговото име е сменето во Петроград. Во советската ера пак, вториот по големина град во СССР го носел името на Ленин - Ленинград. По падот на комунизмот, на градот му е вратено првобитното име, Санкт Петербург, иако неговите жители нагалено го викаат само Петар (Питер).


