Весник

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Весник
Street Scene - Salta - Argentina.jpg

Весници се печатени медиуми кои објавуваат разни вести од друштвениот, политичкиот, културниот и спортскиот живот, извештаи од дневните случувања, донесуваат приказни, романи и стрипови, објавуваат огласи, реклами итн. Новинари се луѓе кои се за своја професија одбрале пишување на весници. Дејноста на пишување и издавање на весници се вика новинарство.

Видови на весници[уреди]

Дневни весници се оние кои излегуваат секојдневно, секој ден. Се викаат дневници. Во нив луѓето се известуваат за важните случувања од вчерашниот ден. Постојат неделни весници (неделници), полумесечни весници (полумесечници), месечни весници (месечници) и годишни весници (годишници).