Шведска академија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Шведска академија
Svenska Akademien

Зградата на Шведската академија во Стокхолм
Гесло Snille och Smak
(„Дарба и вкус“)
Основана 1786
Седиште Стокхолм, Шведска
Членство 18
Постојан секретар Петер Енглунд
Мреж. место www.svenskaakademien.se

Шведската академија (швед. Svenska Akademien) е една од кралските академии во Шведска, одговорна за јазикот и книжевноста. Сместена е во зградата позната како „Стокхолмска берза“.

Историја[уреди]

Писателката Селма Лагерлеф ја прима Нобеловата награда за литература од кралот Густав V (11 декември 1909)

Академијата е основана во 1786 со повелба на кралот Густав III. Заснована е на Француската академија и брои 18 члена. Нејзиното гесло гласи „Дарба и вкус“ (Snille och Smak). Главна задача на академијата е да ја зачува „чистотата, силата и возвишеноста на шведскиот јазик[1]. За таа цел академијата издава два речника.[2]

Првиот е еднотомен речник наречен „Поимик на Шведската академија“ (Svenska Akademiens ordlista, SAOL). Вториот е повеќетомен речник, чие уредување се врши во духот на Оксфордскиот речник, и го носи насловот „Речник на Шведската академија“ (Svenska Akademiens ordbok, SAOB). „Поимникот“ е веќе во XIII издание, а „Речникот“ постојано се издава од 1898 и досега има стигнато до буквата „T“[3].

Почнувајќи од 1901 г. академијата ја доделува Нобеловата награда за литература, во спомен на нејзиниот покровител Алфред Нобел. Покрај ова, установата ја доделува и Доблоуговата награда за шведска и норвешка белетристика.[4][5]

Тековни членови[уреди]

Моментален постојан секретар на академијата е Петер Енглунд. Членовите се наведени по број на место (седиште):

Место Член Род. Избр. Белешки
1. Лота Лотас 1964 2009
2. Бу Ралф 1945 1999
3. Стуре Ален 1928 1980 постојан секретар од 1986 до 1999
4. Андерс Олсон 1949 2008
5. Јеран Малмквист 1924 1985
6. Томас Ријад 1959 2011 активен од 20 декември 2011
7. Кнут Анлунд 1923 1983 неактивен
8. Јеспер Свенбро 1944 2006
9. Торгни Линдгрен 1938 1991
10. Петер Енглунд 1957 2002 тековен постојан секретар 2009-
11. Улф Линде 1929 1977
12. Пер Вестберг 1933 1997
13. Гунел Валквист 1918 1982
14. Кристина Лугн 1948 2006
15. Керстин Екман 1933 1978 неактивна
16. Шел Еспмарк 1930 1981
17. Хурасе Енгдал 1948 1997 постојан секретар од 1999 до 2009
18. Катарина Фростенсон 1953 1992

Поврзано[уреди]

Наводи[уреди]

  1. "Svenska Språkets renhet, styrka och höghet" (Walshe, 1965)
  2. Шведска академија - Голем норвешки лексикон (норвешки)
  3. Податок од 2011 г.
  4. Доблоугова награда - Шведска академија (шведски)
  5. Доблоугова награда - Голем норвешки лексикон (норвешки)

Литература[уреди]

  • Walshe, Maurice O'Connell (1965). "Introduction to the Scandinavian Languages", Andre Deutsch Ltd., I изд, стр. 57

Надворешни врски[уреди]