14 март
Од Википедија, слободната енциклопедија
| << | март | >> | ||||
| Н | П | В | С | Ч | П | С |
| 1 | 2 | |||||
| 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 |
| 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16 |
| 17 | 18 | 19 | 20 | 21 | 22 | 23 |
| 24 | 25 | 26 | 27 | 28 | 29 | 30 |
| 31 | ||||||
14 март е 73-иот ден во годината според григоријанскиот календар (74-и во престапна година). Остануваат 292 денови до крајот на годината.
Настани:
| 1844 | Карлос Антонио Лопес е прогласен за прв уставен претседател на Парагвај. |
| 1891 | Подморницата „Монарх“ постави телефонски кабел под Ламанш, што овозможи телефонска врска меѓу Велика Британија и другите држави од Европа. |
| 1944 | Иницијативниот одбор на АСНОМ упати писмо до НО одбори во Македонија во кое ја изнесува одлуката на Второто заседание на АВНОЈ, со која Македонија е призната за рамноправна федерална единица. Потоа, ја објаснува постапката за избирање легални и нелегални, општински, околиски и окружни НО одбори и делегати за Првото заседание на АСНОМ. |
| 1945 | По многу тешки борби американските десантни единици го освоија малиот остров на Пацификот, Иво Џима, важна стратегиска точка за бомбардерските напади врз Јапонија. |
| 1965 | Владата на Израел го прифати барањето на Бон за воспоставување дипломатски односи со Западна Германија. |
| 1995 | Астронаутот Норман Тагард стана првиот Американец кој полета во вселената со руска ракета, лансирана од космодромот во Бајконур. |
| 1996 | Република Македонија и Република Литванија воспоставија дипломатски односи на ниво на амбасадори. |
| 2001 | Околу 11 часот со престрелки од тетовското кале започна конфликтот во Тетово. |
| 2002 | Судиите на Основниот суд Скопје 2 ги потпишаа решенијата за амнестија на политичкиот водач на поранешната ОНА, Али Ахмети и на неговиот вујко, водачот на кичевските бомбаши и организаторот на повеќето бомбашки напади на полициските станици во Македонија, Фазли Велиу. |
Родени:
| 1820 | Виторио Емануел Втори, италијански крал, прв монарх на обединета Италија. |
| 1862 | Вилхелм Бјеркнес, основач на метеорологијата како наука. |
| 1866 | Алексеј Троицки, руски шаховски композитор. |
| 1879 | Алберт Ајнштајн, физичар, најистакнат теоретичар на новата епоха во физиката. |
| 1927 | Методија Симоновски, македонски етномузиколог и поет за деца. |
| 1930 | Бистрица Миркуловска, македонски поет, раскажувач, писател за деца и преведувач. |
Починале:
| 1883 | Карл Маркс, германски политички философ. |
| 1912 | Петар Лебедев, истакнат руски научник, физичар. |
Празници:
| * | Ден на бројот пи - Со одлука на Когресот на САД од 14 март 2009 година, овој ден е прогласен за празник на бројот π. |
| јануари | февруари | март | април | мај | јуни | јули | август | септември | октомври | ноември | декември |

