Ден на бројот пи

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
ПИ-та од јаболки на Институтот за Информатика при УКИМ, Скопје
„π-пита“ од прослава на денот на Делфтскиот технолошки универзитет, Холандија
Славенички пити од Масачусетскиот технолошки институт, САД

Денот на бројот пи и Денот на апроксимацијата на бројот пи се два празника кои се слават помеѓу математичарите ширум светот, а со кои се одбележува важноста на бројот π.

Содржина

Денот на бројот пи [уреди]

Денот на бројот π во математичкиот свет се слави секој 14 март, зашто ако го напишете датумот во облик на м.дд тогаш се добива наједноставната апроксимација на бројот π: 3.14.

Момент во текот на денот, кој е особено значаен е во 1 час и 59 минути (или наутро или попладне), бидејќи тогаш го бројот π е зададен со пет децимални места и изгледа вака: 3.14 1 59.

Со необврзувачка одлука на Конгресот на САД со која 14 март 2009 се прогласува за Национален ден на бројот π. Со ова им се сугерира на училиштата да го одбележат денот на овој број.[1][2]

Денот на апроксимацијата на бројот пи [уреди]

Во земјите каде датумот се запишува во формат дд.мм вообичаено како ден на бројот π се одбележува 22 јули, односно 22/7.

Останато [уреди]

Друг важен детал во врска со овој ден е тоа што на 14 март се одбележува роденденот на Алберт Ајнштајн.

Литература [уреди]

  1. „H. Res. 224“. 2009-03-12. http://thomas.loc.gov/home/gpoxmlc111/hr224_eh.xml. проверено на 2009-03-14. 
  2. McCullagh, Declan. „National Pi Day? Congress makes it official“, „Politics and Law“, CNET News, 11 март 2009 (проверено на 14 март 2009).

Слични содржини [уреди]

Надворешни врски [уреди]