Методија Симоновски

Од Википедија, слободната енциклопедија
Скокни на: содржини, барај

Методија Мирков Симоновски (Прилеп, 14 март 1927) е македонски етномузиколог и поет за деца.

[уреди] Биографија

Симоновски е роден во Прилеп на 14 март 1927 година. Како виш стручен соработник на Институтот за фолклор „Марко Цепенков“ во Скопје работи од 1 декември 1950 до 31 декември 1965[1]. Таму тој мелографирал голем број македонски народни песни и објавил неколку статии за македонскиот музички фолклор, за ориентализмите во тоналната градба во 1959, за рефрените во 1960, за терминологијата во 1961 и за народните верувања во 1962 година. Во 1963 година е добитник на наградата 13 Ноември за достигања од областа на уметноста.[2]

[уреди] Библиографија

  • Македонски музички фолклор, песни II, Скопје, 1959 (со коредактори);
  • Македонските мелографи од крајот на XIX век, Скопје, 1962 (со коредактор).

[уреди] Наводи

  1. „Поранешни вработени на Институтот за фолклор "Марко Цепенков"“ (на македонски). Институт за фолклор "Марко Цепенков". http://ifmc.ukim.mk/index.php?option=com_content&task=blogcategory&id=21&Itemid=35. проверено на 2009-11-16. 
  2. Добитници на наградата „13 Ноември““, skopje.gov.mk. Проверено на 2009-11-16. (на македонски)
Лични алатки
Именски простори

Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник