Челопек
| Челопек | |
Панорама на Челопек |
|
| Координати | |
| Општина | |
| Население | 5287 |
| Надморска височина | 702 |
Карта на Општина Брвеница со селските атари. |
|
Челопек е село во Општина Брвеница, во околината на градот Тетово. Според пописот од 2002 година, селото имало население од 5.287 жители.
Содржина |
Географиja и местоположба [уреди]
Селото се наоѓа во областа Долни Полог, на десниот брег на Вардар, во подножјето на Сува Гора, меѓу селата Милетино и Брвеница.
Историja [уреди]
Името на село Челопек на Македонски етимолошки означува "Место каде што сонцето секогаш го удира твоето чело" заради тоа што селото е секогаш изложено на сонце. Село Челопек датира уште од раната антика. Во селото се пронајдени Антички Македонски керамички садови и остатоци кои датираат од 7 век п.н.е. Жителите Албанци (Арнаути) се доселуваат во селото од Гургурница и од Седларево уште во Отоманскиот период по налог на пашата за контрола на христијанското македонско население кое живеело таму. Црквата СВ.Никола датира уште од 14 век. Легендата вели дека во селото постоела прекрасна Македонка која се нарекувала Евридика и во која се заљубил турскиот паша. Селаните не му дозволувале да ја земе за жена, но се согласиле тој да ја земе доколку им изгради Црква. Тој на селаните им дал едно руво од вол и им наредил да ја изградат црквата онолку колку што може да го оптегнат рувото. Паметните селани, рувото го исекле на повеќе парчиња и го распределиле на поголема територија и така кога пашата видел дека селаните биле попаметни од него, им дозволил да ја изградат црквата колкава што сакаат. Кога Евридика отишла во домот на турчинот, таа го убила, и неговиот гроб сеуште постои на турските гробишта во селото. Во понов период турското население кое живеело сеуште таму се албанизирало, и сега селото брои околу 5000 жители Албанци и околу 500 Македонци. Во конфликтот во 2001, албанските терористи го ранесуваат мотелот "Бриони" во сопственост на Македонец и ги убиваат двајцата Македонци чувари на местото со поставување динамит врз нив.
Демографија [уреди]
Според пописот од 2002 година, селото Челопек брои 5287 жители, од кои:
Општествени институции [уреди]
- Цркви
Културни и природни знаменитости [уреди]
- Градиште - Брежине - населба и некропола од доцноантичкото време;
- Кукул - археолошки локалитет;
Личности [уреди]
- Љубе Бошкоски, македонски политичар
- Гавро Настоски- член на МРО курир на четите на Питу Гули и на Коле Гостиварчето
Култура и спорт [уреди]
Наводи [уреди]
- ↑ 1,0 1,1 „П Р А З Н И Ц И кога се собира повеќе народ во црквите и манастирите во Тетовското Архиерејско Наместништво“ (на македонски). Архиерејско намесништво Тетово. http://svetapetka.tripod.com/Praznici.html. проверено на 2010-05-02.
Поврзано [уреди]
Надворешни врски [уреди]
- Сателитска снимка на Челопек на Google Maps.
- Историја и фотографии за Челопек
| Заедничката Ризница има податотеки поврзани со: „Челопек“ |
|
|||||||||||