Гилотина
Од Википедија
| Оваа статија не наведува никакви извори или референци. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до доверливи извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
Гилотината претставува справа за извршување на смртна казна со која се отсекувала главата на осудените затвореници во Франција. Била воведена во 1792 во време на Француската револуција на предлог од страна на лекарот д-р Жозеф И. Гијотен. За последен пат гилотината во Франција се употребила на 10 септември 1977, а на 9 октомври 1981 година смртната казна била укината.