9 октомври

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

9 октомври е 282-иот ден во годината според григоријанскиот календар (283-и во престапна година). Остануваат 83 денови до крајот на годината.

<< октомври >>
Н П В С Ч П С
1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31


Настани:

1000  Лејф Ериксон го основа Винланд и станува првиот Европеец во Северна Америка.
1595  Шпанската армија го зазема Камбраи.
1604  Супернова 1604, најскорешната супернова забележана во Млечниот Пат.
1876  Британскиот физичар, пронаоѓач на телефонот и учител на говорот на глувонемите Александар Греам Бел (1847-1922), кој подолго време живееше во САД, ја воспостави првата меѓународна телефонска врска меѓу Бостон и Кембриџ.
1967  Во Собранието на СР Македонија, под претседателство на д-р Милан Бартош, е одржана седница на Матичната комисија за формирање на Македонската академија на науките и уметностите, на која е извршено конституирање на МАНУ.
1975  На советскиот физичар Андреј Сахаров му е доделена Нобеловата награда за мир поради неговите „бестрашни напори за мир во светот и правдата за сите во светот“, се вели во образложението на Норвешкиот комитет за Нобеловата награда.
1995  Собранието на Република Македонија ја ратификува Привремената согласност меѓу Македонија и Грција.

Родени:

1547  Мигел де Сервантес, прочуен шпански писател, автор на првиот реалистички роман во шпанската литература, ненадминливиот „Дон Кихот“.
1757  Крал Чарлс X на Франција.
1894  Владимир Мошин, еден од најголемите проучувачи и познавачи на македонската средновековна уметност и култура.
1938  Хеинц Фишер, австриски политичар.
1973  Тери Балсамо, американски гитарист

Починале:

1047  Папата Климент II
1569  Владимир Андреевич, руски кнез
1841  Карл Фридрих Шинкел, германски архитект, урбанист и сликар.
1934  Александар I, Крал на Југославија (убиен)
1956  Марие Доро, американска актерка


јануари | февруари | март | април | мај | јуни | јули | август | септември | октомври | ноември | декември