Бењат Инчаусти

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Бењат Инчаусти

Инчаусти на Критериум ду Дофине 2011.
Лични податоци
Цело име Бењат Инчаусти Елоријага
Роден 20 март 1986 (1986-03-20) (28 г.)
Аморебита-Ечано, Шпанија
Висина 1,75 м
Маса 61 кг
Податоци за клубот
Мом. клуб Мувистар Тим
Дисциплина Друмски велосипедист
Улога Возач
Вид на возач Универзален возач
Професионални клубови
2007
2008–2009
2010
2011–
Николас Матеос
Соние Дувал-Скот
Еускалтел-Еускади
Мувистар Тим
Значајни победи
Гранд Тур
Џиро д’Италија
1 индивидуална етапа (2013)

Етапни трки

Трка околу Пекинг (2013)
Последна промена
18 јуни 2014

Бењат Инчаусти Елоријага (шпански: Beñat Intxausti Elorriaga; р. 20 март 1986 во Аморебита-Ечано, Бискаја) — шпански професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата Мувистар Тим.[1]

Кариера[уреди]

Во 2012 победил на Вуелта а Астурија и завршил десетти во генералниот пласман на Вуелта а Еспања и покрај тоа што му помогал на неговиот екипен предводник Алехандро Валверде. ВО 2013, Инчаусти ја освоил етапата 16 на Џиро д’Италија откако бил дел од бегството и подоцна завршил осми во генералниот пласман. Исто така ја имал водечката маичка на еден ден. На Трката околу Пекинг, Инчаусти ја освоил единствената планинска етапа и го преземал генералниот пласман, а подоцна и победил на трката.[2]

Достигнувања[уреди]

2005
1. Етапа 3 Вуелта а Саламанка
2006
1. Меморијал Авелино Камачо
2. Краен пласман Бидасоа Ичулија
1. Етапа 3
2009
7. Краен пласман Вуелта а Бургос
8. Краен пласман Вуелта а Андалусија
2010
1. Етапа 3b (ITT) Вуелта а Астурија
2. Краен пласман Трка околу Баскија
3. Краен пласман Вуелта а Астурија
2011
4. Краен пласман Трка околу Баскија
5. Краен пласман Тур де Романди
2012
1. Краен пласман Вуелта а Астурија
1. Бодовен пласман
10. Краен пласман Вуелта а Еспања
1. Етапа 2 (ТТТ)
2013
1. Jersey red.svg Краен пласман Трка околу Пекинг
1. Етапа 4
4. Класика Примавера
8. Краен пласман Џиро д’Италија
1. Етапа 16
8. Краен пласман Трка околу Баскија
2014
6. Краен пласман Тур де Романди
10. Класика Примавера

Распоред на резултатите на Гранд Тур[уреди]

Гранд Тур 2009 2010 2011 2012 2013 2014
Jersey pink.svg Џиро 38 8
Jersey yellow.svg Тур СО
Jersey red.svg Вуелта 60 СО 86 10 87

СО = се откажал

Наводи[уреди]

  1. Стоукс, Шејн. „Хуан Хосе Кобо потпишал двегодишен договор со екипата Мувистар“, „VeloNation“, VeloNation LLC, 30 декември 2011 (конс. 4 јануари 2012).
  2. Стивен Фаранд. „Трка околу Пекинг: Инчаусти го освои генералниот пласман“, „Cyclingnews.com“, Future plc, 15 октомври 2013 (конс. 15 октомври 2013).

Надворешни врски[уреди]