Тур де Франс 2014

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Тур де Франс 2014
Светска турнеја UCI 2014, трка 18 од 29
Route of the 2014 Tour de France.png
Рута на Тур де Франс 2014
Детали за трката
Датум 5 јули 2014 (2014-07-05)–27 јули 2014 (2014-07-27)
Етапи 21
Должина 3.663,5 km (2,276 mi)
Време 89ч 59' 06" (25,3 mph/40.7 км/ч

)

Добитници на наградите
Победник  Винченцо Нибали (ИТА) (Астана)
Втор  Жан Кристоф Перо (ФРА) (Аг2р-Ла Мондијал)
Трет  Тибо Пино (ФРА) (FDJ.fr)

Бодови  Петер Саган (СВК) (Канондејл)
Планини  Рафал Мајка (ПОЛ) (Тим Тинкоф-Саксо)
Млад  Тибо Пино (ФРА) (Аг2р-Ла Мондијал)
Екипа Аг2р-Ла Мондијал
2013
2015

Тур де Франс 2014 — 101. издание на најпознатата велосипедска трка Тур де Франс. Започнало во Лидс, Англија, на 5 јули 2014, а поминала и низ Лондон, пред да се врати во Франција.[1][2][3] Трката традиционално завршила на Шанзелизе во Париз на 27 јули.

Трката претставувала осумнаесетта трка во сезоната на Светската турнеја и втора голема трка оваа година.

Победник на трката бил Италијанецот Винченцо Нибали, кој ја освоил трката со предност од седум минути и 37 секунди пред второпласираниот Жан Кристоф Перо, најголема победничка разлика од 1997 година.

Екипи[уреди]

Бидејќи Тур де Франс е настан од Светската турнеја, сите 18 UCI World Tour екипи биле автоматски поканети и биле обврзани да испратат екипа. На четири професионални континентални екипи им биле доделени специјални покани.[4]

Аг2р-Ла Мондијал
БМЦ Рејсинг Тим
Кофидис
Џајант-Шимано
Лото-Белисол
Орика-ГринЕЏ
Тим НетАп-Ендура
Трек Фактори Рејсинг
Астана
Бретањ-Сеше Енвиронемент
FDJ.fr
ИАМ Сајклинг
Мувистар Тим
Тим Јуропкар
Тим Скај
Белкин Про Сајклинг
Канондејл
Гармин-Шарп
Лампре-Мерида
Омега Парма-Квик Степ
Тим Катјуша
Тим Тинкоф-Саксо

†: Поканети професионални континентални екипи.

Фаворити пред трката[уреди]

Пред почетокот на трката, како главни кандидати за генералниот пласман и борбата на целата трка се споменувале Крис Фрум, бранителот на титулата од минатата година, Алберто Контадор, Алехандро Валверде и Винченцо Нибали.[5]

Рута и етапи[уреди]

Поврзано: Тур де Франс 2014 - етапа 1 до етапа 11 и Тур де Франс 2014 - етапа 12 до етапа 21

Првите три етапи биле објавени на 17 јануари 2013 година од официјалната туристичка агенција на Јоркшир.[6][7] Ова било четврти пат Тур де Франс да содржи етапи во Англија (по изданијата во 1974, 1994 и 2007) и единствен пат да содржел повеќе од две етапи во Англија.

Список на етапи[8]
Етапа Датум Движење Растојание Вид Победник
1 5 јули ЛидсХарогејт (Велика Британија) 191 км Plainstage.svg рамна етапа  Марсел Кител (ГЕР)
2 6 јули ЈоркШефилд (Велика Британија) 198 км Mediummountainstage.svg среднопланинска етапа  Винченцо Нибали (ИТА)
3 7 јули КембриџЛондон (Велика Британија) 159 км Plainstage.svg рамна етапа  Марсел Кител (ГЕР)
4 8 јули Ле Туке-Пари-ПлажЛил[9] 164 км Plainstage.svg рамна етапа  Марсел Кител (ГЕР)
5 9 јули Ипр (Белгија) – Аренберг 156 км Plainstage.svg рамна етапа (со калдрма)  Ларс Бом (ХОЛ)
6 10 јули АрасРемс 194 км Plainstage.svg рамна етапа  Андре Грајпел (ГЕР)
7 11 јули ЕпернеНанси 233 км Plainstage.svg рамна етапа  Матео Трентин (ИТА)
8 12 јули ТомбленЖерарме 161 км Mediummountainstage.svg среднопланинска етапа  Блел Кадри (ФРА)
9 13 јули ЖерармеМилуз 166 км Mediummountainstage.svg среднопланинска етапа  Тони Мартин (ГЕР)
10 14 јули МилузПланш де Бел Фил 161 км Mountainstage.svg планинска етапа  Винченцо Нибали (ИТА)
15 јули ден за одмор
11 16 јули БезансонОјона 186 км Mediummountainstage.svg среднопланинска етапа  Тони Галопен (ФРА)
12 17 јули Бург ан БресСент Етјен 183 км Plainstage.svg рамна етапа  Александер Кристоф (НОР)
13 18 јули Сент ЕтјенШанрус 200 км Mountainstage.svg планинска етапа  Винченцо Нибали (ИТА)
14 19 јули ГреноблРизул 177 км Mountainstage.svg планинска етапа  Рафал Мајка (ПОЛ)
15 20 јули ТаларНим 222 км Plainstage.svg рамна етапа  Александер Кристоф (НОР)
21 јули ден за одмор
16 22 јули КаркасонБањер де Лишон 237 км Mountainstage.svg планинска етапа  Мајкл Роџерс (АВС)
17 23 јули Сен ГоданСен Лари Сулан 125 км Mountainstage.svg планинска етапа  Рафал Мајка (ПОЛ)
18 24 јули ПоОтакам 145 км Mountainstage.svg планинска етапа  Винченцо Нибали (ИТА)
19 25 јули МоборжеБержерак 208 км Plainstage.svg рамна етапа  Рамунас Навардаускас (ЛИТ)
20 26 јули БержеракПериге 54 км History.gif индивидуален хронометар  Тони Мартин (ГЕР)
21 27 јули Еври - Париз 136 км Plainstage.svg рамна етапа  Марсел Кител (ГЕР)

Пласмани[уреди]

Постоеле четири главни пласмани на Тур де Франс 2014. Најважниот бил генералниот пласман, пресметуван со додавање на завршните времиња на секој велосипедист по секоја етапа. Велосипедистот со најмало вкупно време е предводник на трката, на кој му се доделува жолтата маичка; победникот во овој пласман се смета за победник на целиот Тур.[10] Во 2014, не постоеле бонус секунди.

Дополнително, тука бил бодовниот пласман, кој се наградувал со зелената маичка. Во бодовниот пласман, велосипедистите добиваат бодови за завршување меѓу најдобрите во етапата или на средните спринтови. Велосипедистот се најмногу бодови води во пласманот и му се доделува зелената маичка.[10]

Исто така, постои и планински пласман. Организаторите категоризираат одредени искачувања како екстра, прва, втора, трета или четврта категорија; бодови за овој пласман може да освојат првите велосипедисти на некое искачување, со разлика во бодовите на секое категоризирано искачување. Велосипедистите со најмногу бодови води во пласманот и му се доделува точкастата маичка.[10]

Четвртиот индивидуален пласман е пласманот за млад возач, кој е награден со белата маичка. Овој пласман се преместува на истиот начин како генералниот пласман, но учествуваат само возачи роден на или по 1 јануари 1989 година.[10]

За екипниот пласман се додаваат времињата на најдобрите тројца велосипедисти од секоја екипа по секоја етапа; водечка екипа е екипата со најмало вкупно време. Возачите во екипата, кои водат во овој пласман, добиваат жолти броеви на нивните дресови и за првпат од 2012 и жолти кациги.

Наградата за борбеност (исто така именувана како награда за најагресивен возач) е одредена од судиите по секоја етапа.

Етапа Победник Генерален пласман
Jersey yellow.svg
Бодовен пласман
Jersey green.svg
Планински пласман
Jersey polkadot.svg
Пласман за млад возач
Jersey white.svg
Екипен пласман
Jersey yellow number.svg
Награда за борбеност
Jersey red number.svg
1 Марсел Кител Марсел Кител Марсел Кител Јенс Фогт Петер Саган Тим Скај Јенс Фогт
2 Винченцо Нибали Винченцо Нибали Петер Саган Сирил Лемоан Блел Кадри
3 Марсел Кител Јан Барта
4 Марсел Кител Тома Веклер
5 Ларс Бом Астана Ливе Вестра
6 Андре Грајпел Луис Анхел Мате
7 Матео Трентин Мартин Елмигер
8 Блел Кадри Блел Кадри Михал Квјатковски Блел Кадри
9 Тони Мартин Тони Галопен Тони Мартин Тони Мартин
10 Винченцо Нибали Винченцо Нибали Хоаким Родригез Ромен Барде Аг2р-Ла Мондијал Тони Мартин
11 Тони Галопен Николас Роуш
12 Александер Кристоф Сајмон Кларк
13 Винченцо Нибали Винченцо Нибали Алесандро де Марки
14 Рафал Мајка Хоаким Родригез Алесандро де Марки
15 Александер Кристоф Мартин Елмигер
16 Мајкл Роџерс Рафал Мајка Тибо Пино Сирил Готје
17 Рафал Мајка Ромен Барде
18 Винченцо Нибали Микел Ниеве
19 Рамунас Навардаускас Том-Јелте Слагтер
20 Тони Мартин немало награда
21 Марсел Кител
На крај Винченцо Нибали Петер Саган Рафал Мајка Тибо Пино Аг2р-Ла Мондијал Алесандро де Марки
Забелешки
  • На етапата 2, Бријан Кокар, кој бил трет во бодовниот пласман, ја носел зелената маичка, бидејќи Марсел Кител (на првото место) ја носел жолтата маичка како предводник на генералниот пласман, а Петер Саган (на второто место) ја носел белата маичка како предводник на пласманот за млад возач.
  • На етапите 3-5, Ромен Барде, кој бил втор во пласманот за млад возач, ја носел белата маичка, бидејќи Петер Саган (на првото место) ја носел зелената маичка како предводник на бодовниот пласман.
  • На етапите 6-7, Михал Квјатковски, кој бил втор во пласманот за млад возач, ја носел белата маичка, бидејќи Петер Саган (на првото место) ја носел зелената маичка како предводник на бодовниот пласман.
  • На етапата 14, Хоаким Родригез, кој бил втор во планинскиот пласман, ја носел точкастата маичка, бидејќи Винченцо Нибали (на првото место) ја носел жолтата маичка како предводник на генералниот пласман.

Поредок[уреди]

Легенда
  Jersey yellow.svg   Го означува предводникот во генералниот пласман   Jersey polkadot.svg   Го означува предводникот во планинскиот пласман
  Jersey green.svg   Го означува предводникот во бодовниот пласман   Jersey white.svg   Го означува предводникот во пласманот за млад возач
  Jersey yellow number.svg   Го означува предводникот во екипниот пласман

Екипен пласман[уреди]

Место Екипа Време
1 Франција Аг2р-Ла Мондијал Jersey yellow number.svg 270ч 27' 02″
2 Холандија Белкин Про Сајклинг + 34' 46"
3 Шпанија Мувистар Тим + 1ч 06' 10"
4 САД БМЦ Рејсинг Тим + 1ч 07' 51"
5 Франција Тим Јуропкар + 1ч 34' 57"
6 Казахстан Астана + 1ч 36' 27"
7 Велика Британија Тим Скај + 1ч 40' 36"
8 САД Трек Фактори Рејсинг + 2ч 06' 00"
9 Франција FDJ.fr + 2ч 30' 37"
10 Италија Лампре-Мерида + 2ч 32' 46"

Наводи[уреди]

  1. „Тур де Франс: Јоркшир ќе биде почеток на трката во 2014 година“. „BBC News“. http://www.bbc.co.uk/sport/0/cycling/20724621. конс. 14 декември 2012. 
  2. „Јоркшир 2014 почеток, Лондон домаќин на етапа“. http://www.letour.fr/le-tour/2013/us/pre-race/news/ahc/yorkshire-2014-grand-depart-london-to-host-a-stage.html#nw. 
  3. „Tour de France 2014: Yorkshire, Olympic Park, Mall feature“. „BBC News“. http://www.bbc.co.uk/sport/0/cycling/21056721. конс. 17 јануари 2013. 
  4. „Избор на екипи за Тур де Франс 2014“. letour.com. 28 јануари 2014. http://www.letour.com/le-tour/2014/us/pre-race/news/ahc/teams-selection-of-tour-de-france-2014.html. конс. 30 јануари 2014. 
  5. Крис Фрум, Алберто Контадор, Алехандро Валверде и Винченцо Нибали ќе се борат на Тур де Франс во јули
  6. „Јоркшир ќе биде домаќин на Тур де Франс 2014“. yorkshire.com. 14 декември 2012. http://www.yorkshire.com/le-tour-yorkshire/media-enquiries/press-releases. конс. 15 декемвру 2012. 
  7. „Претставен британскиот почеток на Тур де Франс 2014“. Cyclingnews.com. 14 декември 2012. http://www.cyclingnews.com/news/british-start-to-2014-tour-de-france-presented. конс. 17 јануари 2013. 
  8. „Рута за 2014“. Le Tour. http://www.letour.fr/le-tour/2014/us/overall-route.html. конс. 24 октомври 2013. 
  9. Иако четвртата етапа е наречена Ле Туке Пари ПлажЛил, крајот ќе биде во Вилнев д’Аск, во метрополитенската област на Лил.
  10. 10,0 10,1 10,2 10,3 Кристијан, Сара (2 јули 2009). „Објаснет Тур де Франс“. RoadCycling.co.nz Ltd. http://www.roadcycling.co.nz/TourdeFrance/tour-de-france-demystified-part-1.html. конс. 18 јули 2013. 

Надворешни врски[уреди]