Тома Веклер
Веклер на Трката околу Фландрија 2012 |
|||
| Лични податоци | |||
|---|---|---|---|
| Цело име | Тома Веклер | ||
| Прекар | Ти-Бланк, Ле Шушу |
||
| Роден | 22 јуни 1979 Шилтигајм, Франција |
||
| Висина | 1,77 м | ||
| Маса | 66 кг | ||
| Податоци за клубот | |||
| Мом. клуб | Тим Јуропкар | ||
| Дисциплина | Друмски велосипедизам | ||
| Улога | Универзален возач | ||
| Аматерски клубови | |||
| 2000 | Бонжур (практикант) | ||
| Професионални клубови | |||
| 2001–2010 2011- |
Бонжур Тим Јуропкар |
||
| Значајни победи | |||
|
|||
| Последна промена 14 јануари 2013 |
|||
Тома Веклер (роден на 22 јуни 1979) е француски професионален друмски велосипедист, кој вози за велосипедската континентална екипа Тим Јуропкар. Тој е еден од најпознатите француски возачи на неговата генерација и затоа честопати е опишуван како „национален херој“, поради неговите големи резултати на неколку изданија на Тур де Франс.[1][2]
Содржина |
Ран живот [уреди]
Роден во Шилтигајм, Долна Рајна, Веклер станал професионален велосипедист од 2001. Доаѓа од регионот Алзас во Франција, но подоцна се преселил на Мартиник, каде му бил доделен прекарот „Ti-Blanc“ (petit blanc) поради неговиот мал раст и бледиот тен. Исто така е познат како le Chouchou (драг, мил),[3]
Кариера [уреди]
Рани години [уреди]
Во 2003, Веклер освоил две етапи и генералниот пласман на Трката околу Луксембург. Следната година, тој наеднаш стекна светска слава во светот на велосипедизмот. По освојувањето на француското првенство, малку почитуваниот Веклер дошол на Тур де Франс 2004. По бегството со пет други возачи на петтата етапа, Веклер остварил значајно време во однос на главната група и ја добил жолтата маичка (le maillot jaune). Извонредно, тој ја бранел неговата маички следните десет дена, дури и на етапи кои не биле во корист на неговата сила. Со жолтата маичка на грбот и интензивното медиумско внимание околу него, Веклер станал само посилен. Ги преживеал суровите искачувања на Пиринеите, секунди пред крајниот победник, Ленс Армстронг. На крајот, Веклер ја предал маичката на Армстронг на етапата 15 во француските Алпи. Тогаш, Веклер ја загубил и белата маичка (le maillot blanc, носена од најдобриот возач под 25 години) од Владимир Карпетс. Но, со овие успеси Веклер веќе станал национален херој.
Сезоната 2005 на Веклер му била исполнета со многу трки, вклучувајќи некои, кои не биле насочени кон неговиот стил на возење. Неговата единствена победа таа година дошла на етапата 3 на Четири дена Денкерк.
Во 2006 ја освоил петтата етапа на Вуелта ал Паис Васко. На Критериум ду Дофине Либере, Веклер завршил втор на етапата 1. Исто така ја освоил и Париз-Бурж 2006. Во 2007, Веклер ја освоил неверојатна победа на Гран при де Плуе Уест-Франс, каде ги победил фаворитите со доцното бегство. Во 2008, почетокот на сезоната на Веклер била обележана со крајната победа на Сиркут де ла Сарт. Во 2009 ја освоил својата прва етапна победа на Тур де Франс. Веклер заминал кон победата на 5 километри пред крајот, откако бил во бегство поголемиот дел од трката.[4]
2010 [уреди]
По слабиот почеток во 2010, Веклер заминал кон победа на француското национално друмско првенство. Тој бил способен за бегство од групата заедно со Кристоф ле Мевел. Веклер бил подобар од Ле Мевел во спринтот и ја зел втората негова маичка на националното првенство. Потоа, неговата форма продолжила на Тур де Франс 2010, каде по неколку неуспешни напади, тој бил првиот кој ја преминал линијата на целта на етапата 15. Нападнал на десет километри пред целта на искачувањето од екстра категорија Порт де Балес, совладувајќи го врвот сам. Го поминал многу опасниот спуст без никаква грешка и ја поминал целта во Бањер де Лишон со повеќе од една минута предност пред останатите.[5]
| На емоционално ниво, тоа што се случи на првенството на Франција, кога јас дојдов сам веќе беше премногу. Но, потоа победата на етапа на Тур де Франс со трибојната маичка на мене е веќе извонредно. —Тома Веклер по победата на етапата 15 на Тур де Франс.[5] |
Во септември, Веклер го воведното издание на трката Гран при Квебек, нов настан во календарот на Светската турнеја. Тој ги намалил неговите шанси за победа неколку дена пред настанот на конференција за печат, наведувајќи недостиг на форма. Меѓутоа, започнал напад во последниот километар и ја поминал целта со неколку должина на тркалото пред возачот на Тим Скај Едвалд Боасон Хаген.[6]
2011 [уреди]
Во 2011, Веклер уживал во неговата најдобра година како професионалец. Забележал осум пролетни победи пред Тур де Франс во јули, освојувајќи две етапи на Париз-Ница и генералниот пласман на Четири дена Денкерк, како и на Тур ду Хаут Вар.
На деветтата етапа на Тур де Франс, Веклер заминал во бегство, ја преживеал несреќата предизвикана од телевизискиот автомобил, во која учествувале двајца други возачи,[7] и ја поминал линијата како втор, преземајќи го водството во генералниот пласман и со тоа и жолтата маичка. Ја носел жолтата маичка од почетокот на етапата 10 па натаму, носејќи ја низ сите планински етапи на Пиринеите и на Алпите, но не бил во можност да ја задржи на крајот на етапата 19, кралската етапа, која завршувала на Алп д’Ез. Веклер завршил на Тур како четврти со време од 3 минути и 20 секунди зад победникот, Кедел Еванс, во генералниот пласман – негов најдобар пласман во кариерата на Тур дотогаш. Неговиот пласман на четвртото место во генералниот пласман бил највисок од некој Французин по четвртото место на Кристоф Моро во 2000.
Износот исплатен на Веклер за 2011 од Тим Јуропкар изнесувал 420.000 евра за цела година, што го направило втор највисоко платен француски велосипедист по Силвен Шаванел.[8][9] Неговото планирано одење во Тим Кофидис било вредно најмалку двојно повеќе, меѓутоа Веклер останал на помалата плата со екипата на Жан-Рене Бернодо, откако го обновиле спонзорството за 2011, способен да продолжи со 15-годишната врска со тренерот.[10]
2012 [уреди]
Во 2012, Тома Веклер ги следел успесите од претходната година победи и врвни пласмани, вклучувајќи го и новиот фокус кон пролетните класици.
Пролетната кампања на Тома Веклер не донела добри резултати до април, кога забележал место во првите десет на Трката околу Фландрија, вториот класичен монумент во календарот во 2012; неговата прва победа во сезоната дошла десет дена подоцна, во текот на 30-километарското соло бегство на полукласикот Брабант Пејл, која ја освоил под лоши временски услови (студ и дожд).[11] Следната недела забележал пласман во првиот пет на класикот Амстел Голд Рејс,[12] и недела подоцна продолжил неговиот успех на Ардените со четврто место на последниот пролетен класик во сезоната, монументот Лиеж-Бастон-Лиеж.[13] Заедно со други возачи на Јуропкар, Веклер успеал да победи на етапа на габонската трка Ла Тропикале Амиа Бонго на крајот на април.[14]
На Тур де Франс започнал слабо, страдајќи од повредата на коленото и скоро да ја напуштел трката, откако претходно се откажал од некои трки за подготовка. Меѓутоа, собрал сила и подоцна ја освоил етапата 10, првата планинска етапа на трката, вклучувајќи го и преминот на искачувањето од екстра категорија на Кол ду Гран Коломбје како прв, со тоа преземајќи ја точкастата маичка како водство во планинскиот пласман, која ја носел еден ден.[15] Исто така бил напред и на кралската етапа на трката, етапата 16 од По до Бањер де Лишон, која вклучувала четири големи искачувања, меѓу нив и Кол ду Турмале. Веклер се одвоил од групата на околу 25 километри од почетокот и бил дел од огромното бегство со 38 возачи. Ги поминал сите четири искачувања како прв и ја преземал повторно точкастата маичка како и победата, откако отпаднал и последниот негов ривал Брис Феји од екипата Сор-Сожасун, на самиот спуст од Кол де Пересур, последното искачување на етапата. Потоа, пристигнал на целта со една минута и 40 секунди пред најблискиот ривал.[16] Тома Веклер го освоил планинскиот пласман и се појавил на подиумот во Париз за првпат во неговата кариера, освојувајќи ја точкастата маичка, која ја носел од Пиринеите до целта.[17]
Достигнувања [уреди]
- 2003
- 1.
Краен пласман Трка околу Луксембург - 1. Класик Лоара Атлантик
- 1. Етапа 8 Тур де л’Авенир
- 2004
- 1.
Национален друмски првак
- 1. А траверс ле Морбијан
- 1. Етапа 4 Рут ду Суд
- 18. Краен пласман Тур де франс
- 2005
- 1. Етапа 3 Четири дена Денкерк
- Ја носел
на етапата 2 на Тур де Франс - 2006
- 1. Париз-Бурж
- 1. Етапа 5 Вуелта ал Паис Васко
- 1.
Краен пласман Рут ду Суд
- 1. Етапа 1
- 2007
- 1.
Планински пласман Париз-Ница - 1.
Краен пласман Тур ду Поату Шарент - 1. Гран при де Плуе Уест-Франс
- 2008
- 1.
Краен пласман Сиркут де ла Сарт - 1.
Краен пласман Гран при де Плимелек-Морбијан - Ја носел
на етапите на 1–5 Тур де Франс - 2009
- 1. Етапа 5 Тур де Франс
- 1.
Краен пласман Етоал де Бесеже - 1.
Краен пласман Тур ду Хаут Вар
- 1. Етапа 2
- 1. Трофеј де Гримперс
- 2010
- 1.
Национален друмски првак
- 1. Етапа 15 Тур де Франс
- 1. Гран при Квебек
- 3. Краен пласман Џиро ди Сардења
- 2011
- 1.
Краен пласман Тур ду Хаут Вар - 1.
Краен пласман Четири дена Денкерк
- 1. Етапа 4
- 1. Етапа 1 Медитеранска трка
- 1. Етапи 4 & 8 Париз-Ница
- 1. Шоле-По де Лоар
- 1. Етапа 2 Џиро дел Трентино
- 4. Краен пласман Тур де Франс
- 2012
- 1. Брабант Пејл
- Тур де Франс
- 1.
Планински пласман - 1. Етапа 10
- 1. Етапа 16
- 1.
- 1. Етапа 3 Ла Тропикале Амиса Бонго
- 4. Лиеж-Бастон-Лиеж
- 5. Краен пласман Четири дена Денкерк
- 5. Амстел Голд Рејс
- 7. Гран при Квебек
- 8. Трка околу Фландрија
Друго [уреди]
Во август 2011, Веклер се тркал на неговиот велосипед против коњ на егзибиционен натпревар и загубил.[18]
Наводи [уреди]
- ↑ Тајниот живот на Тома Веклер (2012-04-11). „Тајниот живот на Тома Веклер“. Cyclesportmag.com. http://www.cyclesportmag.com/features/the-secret-life-of-thomas-voeckler/. проверено на 2012-07-11.
- ↑ „Веклер во врвна форма за Лиеж-Бастон-Лиеж“. Cyclingnews.com. 16 април 2012. http://www.cyclingnews.com/news/voeckler-in-top-form-for-liege-bastogne-liege. проверено на 11 јули 2012.
- ↑ „Французите ја слават победата на Тома Веклер, додека Марк Кевендиш останува во зелената маичка“. „The Guardian“. UK. 8 јули 2009. http://www.guardian.co.uk/sport/2009/jul/08/thomas-voeckler-tour-de-france-mark-cavendish.
- ↑ Peter Scrivener. „Live text – Tour de France“, BBC Sport, 8 јули 2009 (проверено на 8 јули 2009).
- ↑ 5,0 5,1 Џејмс Фиш. „Веклер ја освои етапата 15 на Тур де Франс, Контадор премина во жолто“, „The Epoch Times“, 19 јули 2010 (проверено на 28 ноември 2012).
- ↑ Кирстен Фратини. „Веклер победи на воведното ГП Квебек“, „CyclingNews“, Future Publishing LLC, 11 септември 2010 (проверено на 28 ноември 2012).
- ↑ Тур де Франс 2011: Автомобил удри во велосипедисти на деветтата етапа (видео) – рано водство. The Washington Post. 21 август 2011.
- ↑ Thomas Voeckler : Un avenir doré ? | France Soir. Francesoir.fr. 21 август 2011.
- ↑ Tour de France 2011 : Voeckler, Chavanel… Les salaires des Français !. Sportune.fr. 21 август 2011.
- ↑ The secret life of Thomas Voeckler (11 април 2012). „Тајниот живор на Тома Веклер“. Cyclesportmag.com. http://www.cyclesportmag.com/features/the-secret-life-of-thomas-voeckler/. проверено на 11 јули 2012.
- ↑ „Тома Веклер победи на дождливиот Брабант Пејл сам“. Velonation.com. 2012-04-11. http://www.velonation.com/News/ID/11593/Thomas-Voeckler-takes-a-rainy-Brabantse-Pijl-alone.aspx. проверено на 2012-07-11.
- ↑ http://www.cyclingnews.com/amstel-gold-race/results
- ↑ http://velonews.competitor.com/2012/04/race-result/liege-bastogne-liege-2012-results_214592
- ↑ „Габон/Велосипедизам: Тома Веклер победи на третиот круг на Тропикале Амиса Бонго“. Starafrica.com. http://www.starafrica.com/en/more-sports/detail-news/view/gaboncycling-thomas-voeckler-wins-thir-229901.html. проверено на 11 јули 2012.
- ↑ Косинс, Питер. „Веклер победи од бегство на Белгард-сур-Валзерин“, „Cycling News“, Future Publishing Limited, 11 јули 2012 (проверено на 11 јули 2012).
- ↑ Химас, Питер. „Веклер сам до втората етапна победа на Тур“, „Cycling News“, Future Publishing Limited, 18 јули 2012 (проверено на 18 јули 2012).
- ↑ „Бредли Вигинс победи на Тур де Франс 2012“. „BBC Sport“. BBC. 22 јули 2012. http://www.bbc.co.uk/sport/0/cycling/18946960. проверено на 25 јули 2012.
- ↑ Voeckler Loses Out To Trotting Horse. Cyclingnews.com. 21 август 2011.
Надворешни врски [уреди]
| Заедничката Ризница има податотеки поврзани со: „Тома Веклер“ |
- Профил на официјалната страница на Тим Јуропкар
- Профил на Тома Веклер на Cycling Archives
|
|||||