Награда за борбеност на Тур де Франс

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Награда за борбеност
Jersey red number.svg
Детали за наградата
Спорт Друмски велосипедизам
Натпреварување Тур де Франс
Доделена за борбен дух
Локално име Le Prix de la combativité (француски)
Историја
Прва награда 1952
Изданија 61 (до 2013)
Прв победник  Ваут Вагтманс (ХОЛ)
Најмногу победи  Еди Меркс (БЕЛ) (4 пати)
Најнов победник  Кристоф Риблон (ФРА)


Награда за борбеност на Тур де Франс (позната и како награда за најагресивен возач)[1] — награда доделувана на велосипедската трка Тур де Франс. Оди во корист на постојаните напаѓачи и бегалци на етапите и од 1981 година, победникот на наградата не е победник на генералниот пласман на трката.

Историја[уреди]

Од 1952,[2] по секоја етапа на најборбениот возач му се доделувала награда, а постоел и конечен пласман.[3] На крајот на Тур де Франс 1956, Андре Дарижад бил прогласен за најнапаѓачки велосипедист.[4] Во тоа време, наградата го имала истото значење како наградата за велосипедистот со најлоша среќа, Пико во 1956.

Во 1961, наградата не ја добил поединечен велосипедист, туку цела екипа, регионалната екипа Запад-Југ-Запад.

Системот на наградата бил менуван во текот на годините. Историски, возачите собирале бодови, а велосипедистот со најмногу бодови на крајот на трката бил прогласуван за победник.[5] Велосипедистот не требало да ја заврши трката, на пример Кирил Жимар во 1972 година не ја завршил, но сепак му била доделена наградата за борбеност.

Во 1979 година, наградта за борбеност му била првично доделена на Јоп Зутемелк;[6] подоцна бил дисквалификуван и Хени Кујпер ја добил наградата.

Моментален систем[уреди]

Во моменталниот систем кој постои од 2003 година, жири на осмина велосипедски специјалисти, го избира најборбениот велосипедист на секоја етапа (исклучувајќи ги хронометрите).[7] Не постои маичка за најборбениот возач на претходната етапа, но добива посебен број на неговиот дрес; се состои од бел број на црвена позадина наспроти вообичаените црн број на бела позадина.[8] Наградата за овој возач е 2.000 евра.[1]

На крајот на Тур де Франс (обично на последната етапа), се доделува наградата за супер борбеност на најборбениот велосипедист во текот на целата трка.[9] Наградата за борбеност моментално е спонзорирана од Brandt, а наградниот фонд е 20.000 евра.[1][7]

Победници[уреди]

Досега се доделени 61 награда за супер борбеност од 1953 година.[10]

Возач Тим
1953[11] Холандија Вагтманс, ВаутВаут Вагтманс (ХОЛ) Холандија
1954[12] Франција Лазаридес, ЛисјенЛисјен Лазаридес (ФРА) (поделена победа со Мае, ФрансоаФрансоа Мае)
1954[12] Франција Мае, ФрансоаФрансоа Мае (ФРА) (поделена победа со Лазаридес, ЛисјенЛисјен Лазаридес)
1955[13] Луксембург Гол, ШарлиШарли Гол (ЛУК) Луксембург
1956 Франција Дарижад, АндреАндре Дарижад (ФРА) Франција
1957 Франција Барон, НиколаНикола Барон (ФРА) Ил де Франс
1958 Шпанија Баамонтес, ФедерикоФедерико Баамонтес (ШПА) Шпанија
1959 Франција Сен, ЖерарЖерар Сен (ФРА) Сен-Рафел-Жеминијани
1960 Франција Грачик, ЖанЖан Грачик (ФРА) Франција
1961 Франција Екипна награда (ФРА) Запад-Југ-Запад
1962 Белгија Паувелс, ЕдиЕди Паувелс (БЕЛ) Вилс-Груне Леув
1963 Белгија ван Лој, РикРик ван Лој (БЕЛ) Г.Б.С. - Либертас
1964 Франција Анжлад, АнриАнри Анжлад (ФРА) Пелфорт-Соваж
1965 Италија Џимонди, ФеличеФеличе Џимонди (ИТА) Салварани
1966 Западна Германија Алтиг, РудиРуди Алтиг (FRG) Пежо-БП-Мишелин
1967 Франција Леторт, ДезиреДезире Леторт (ФРА) Франција
1968 Франција Пинжон, РожеРоже Пинжон (ФРА) Франција
1969 Белгија Меркс, ЕдиЕди Меркс (БЕЛ) Фаема
1970 Белгија Меркс, ЕдиЕди Меркс (БЕЛ) Фаема
1971 Шпанија Окања, ЛуисЛуис Окања (ШПА) Бик
1972 Франција Жимар, КирилКирил Жимар (ФРА) Жан-Мерсие
1973 Шпанија Окања, ЛуисЛуис Окања (ШПА) Бик
1974 Белгија Меркс, ЕдиЕди Меркс (БЕЛ) Тим Молтени
1975 Белгија Меркс, ЕдиЕди Меркс (БЕЛ) Тим Молтени
1976 Франција Делисл, РајмонРајмон Делисл (ФРА) Пежо-БП-Мишелин
1977 Холандија Кнетеман, ГериГери Кнетеман (ХОЛ) ТИ Рали
1978 Белгија Веленс, ПолПол Веленс (БЕЛ) ТИ Рали
1979 Холандија Кујпер, ХениХени Кујпер (ХОЛ) Пежо
1980 Франција Левавасер, КристијанКристијан Левавасер (ФРА) Мико-Мерсие-Виважел
1981 Франција Ино, БернарБернар Ино (ФРА) Рено
1982 Франција Клер, РежиРежи Клер (ФРА) Коп-Мерсие
1983 Швајцарија Демјер, СержСерж Демјер (ШВА) CILO
1984 Франција Ино, БернарБернар Ино (ФРА) Ла Вие Клер
1985 Холандија Дикро, МартенМартен Дикро (ХОЛ) Квантум
1986 Франција Ино, БернарБернар Ино (ФРА) Ла Вие Клер
1987 Франција Клер, РежиРежи Клер (ФРА) Тека
1988 Франција Симон, ЖеромЖером Симон (ФРА) З-Пежо
1989 Франција Фињон, ЛоренЛорен Фињон (ФРА) Супер У-Рали
1990 Шпанија Хозас, ЕдуардоЕдуардо Хозас (ШПА) ОНСЕ
1991 Италија Кјапучи, КлаудиоКлаудио Кјапучи (ИТА) Карера Џинс-Тасони
1992 Италија Кјапучи, КлаудиоКлаудио Кјапучи (ИТА) Карера Џинс-Вагабонд
1993 Италија Гирото, МасимоМасимо Гирото (ИТА) ЗГ Мобили
1994 Италија Поли, ЕросЕрос Поли (ИТА) Меркатоне Уно-Медењини
1995 Колумбија Буенаора, ЕрнанЕрнан Буенаора (КОЛ) Келме
1996 Франција Виранк, РишарРишар Виранк (ФРА) Фестина
1997 Франција Виранк, РишарРишар Виранк (ФРА) Фестина
1998 Франција Диран, ЖакиЖаки Диран (ФРА) Казино-Аг2р
1999 Франција Диран, ЖакиЖаки Диран (ФРА) Лото-Мобистар
2000 Холандија Декер, ЕрикЕрик Декер (ХОЛ) Рабобанк
2001 Франција Жалабер, ЛоренЛорен Жалабер (ФРА) ЦСЦ-Тискали
2002 Франција Жалабер, ЛоренЛорен Жалабер (ФРА) ЦСЦ-Тискали
2003 Казахстан Винокуров, АлександарАлександар Винокуров (КАЗ) Тим Телеком
2004 Франција Виранк, РишарРишар Виранк (ФРА) Квик Степ-Давитамон
2005 Шпанија Переиро, ОскарОскар Переиро (ШПА) Фонак Хиринг Системс
2006 Шпанија Фуенте, Давид де лаДавид де ла Фуенте (ШПА) Соние Дувал-Продир
2007 Шпанија Чурука, АметсАметс Чурука (ШПА) Еускалтел-Еускади
2008 Франција Шаванел, СилвенСилвен Шаванел (ФРА) Кофидис
2009 Италија Пелицоти, ФранкоФранко Пелицоти[забелешка 1] (ИТА) Ликвигас
2010 Франција Шаванел, СилвенСилвен Шаванел (ФРА) Квик Степ
2011 Франција Роа, ЖеремиЖереми Роа (ФРА) ФДЖ
2012 Данска Анкер Серенсен, КрисКрис Анкер Серенсен (ДАН) Тим Саксо Банк
2013 Франција Риблон, КристофКристоф Риблон (ФРА) Аг2р-Ла Мондијал
Забелешки
  1. Резултатите на Пелицоти биле поништени, откако неговиот биолошки пасош покажал необични вредности, но пласманот не бил доделен на друг.

Наводи[уреди]

  1. 1,0 1,1 1,2 „Liste des prix/Prize money - Article 7. Classement de la combativité/Most aggressive rider classification“. Amaury Sport Organisation. 17 јули 2008. стр. 79. http://www.letour.fr/2008/TDF/COURSE/docs/reglement_fr_us.pdf. конс. 24 април 2009. 
  2. Тур де Франс: Алтернативен поглед на врвната друмска трка“, The Independent, 6 јули 2007 (конс. 20 мај 2009).
  3. Premies voor Van der Pluym en Stolker“, „Leeuwarder Courant“, 14 јули 1956, стр. 11 (конс. 8 мај 2009). (на холандски)
  4. Klassementen“, „Leeuwarder Courant“, 30 јули 1956, стр. 5 (конс. 8 мај 2009). (на холандски)
  5. Еди ван дер Марк. „Тур Екстра: Награда за борбеност“. CvccBike. http://www.cvccbike.com/tour/eddy/xtra_bestanden/combativity.htm. конс. 24 април 2009. 
  6. Zoetemelk strijdlustigste“, „Leeuwarder Courant“, 23 јули 1979, стр. 13 (конс. 8 мај 2009). (на холандски)
  7. 7,0 7,1 „Тур де Франс 2008 - Правила“. Amaury Sport Organisation. http://www.letour.fr/2008/TDF/LIVE/us/reglements.html. конс. 24 април 2009. 
  8. „Règlement de l'Épreuve - Article 10: Maillots des leaders“ (на француски). Amaury Sport Organisation. 17 јули 2008. стр. 61. http://www.letour.fr/2008/TDF/COURSE/docs/reglement_fr_us.pdf. конс. 24 април 2009. 
  9. „Règlement de l'Épreuve - Article 24f: Prix de la Combativité“ (на француски). Amaury Sport Organisation. 17 јули 2008. стр. 69. http://www.letour.fr/2008/TDF/COURSE/docs/reglement_fr_us.pdf. конс. 24 април 2009. 
  10. „Le Tour en chiffres“ (на француски). Amaury Sport Organisation. стр. 126. http://www.letour.fr/2009/TDF/COURSE/docs/histo2009_06.pdf. конс. 3 јули 2009. 
  11. Nederlandse ploeg won in totaal f 70.000 aan prijzen en premies“, „Leeuwarder Courant“, 27 јули 1953, стр. 5 (конс. 9 мај 2009). (на холандски)
  12. Bobet onbetwist winnaar van“, „Leeuwarder Courant“, 2 август 1954, стр. 3 (конс. 8 мај 2009). (на холандски)
  13. Klassementen“, „Leeuwarder Courant“, 1 август 1955, стр. 3 (конс. 8 мај 2009). (на холандски)