Список на победници на Тур де Франс

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Мигел Индураин, кој освоил пет последователни титули на трката од 1991 до 1995 година.

Тур де Франсе годишна друмска велосипедска трка, која се одржува 23 дена во јули. Била основана во 1903 година од весникот L'Auto; таа е најпозната и најпрестижна од трите велосипедски големи трки; другите се Џиро д’Италија и Вуелта а Еспања.[1] Трката вообичаено изминува околу 3.500 километри, поминувајќи низ Франција и соседните земји.[2] Трката е поделена на етапи, вообичаено има 21 етапа. Индивидуалните завршни времиња на секоја етапа се собираат за да се одреди крајниот победник на крајот на етапата. Патеката се менува секоја година, но секогаш завршува во Париз; од 1975 година завршѕва на Шанзелизе.

Возачот со најниско вкупно време на крајот на секој ден ја носи жолтата маичка, која го претставува предводникот на генералниот пласман. Постојат и други маички: зелена маичка, носена од предводникот на бодовниот пласман; точкаста маичка, носена од предводникот на планинскиот пласман и бела маичка, носена од предводникот на пласманот за млад возач.

Ленс Армстронг бил освојувач на седум последователни трки помеѓу 1999 и 2005,[3] но му биле одземени овие титули во октомври 2012 година од Меѓународен велосипедистички сојуз (UCI) откако се утврдило дека користел средства за зголемување на резултатите.[4] Жак Анкетил, Еди Меркс, Бернар Ино и Мигел Индураин, биле новите најуспешни натпреварувачи на трката, секој со по пет победи. Индураин е единствениот велосипедист кој освоил пет последователни трки. Анри Корне е најмладиот победник; победил во 1904 година, малку пред неговиот 20. роденден. Фирмин Ламбо е најстариот победник, имајќи 36 години и 4 месеци кога победил во 1922 година.[5] Француските велосипедисти се најчести победници на трката; 21 велосипедист со 36 победи помеѓу нив. Белгиските велосипедисти се втор со 18 победи, а шпанските возачи се трети со 12 победи.[6] Најнеодамнешен победник е Винченцо Нибали од Астана, кој победил на Тур де Франс 2014.

Историја[уреди]

Тур де Франс бил основан во 1903 година од весникот L'Auto како обид да се зголеми неговата продажба. Првата трка ја освоил Французинот Морис Гарен. Повторно победил наредната година, но бил дисквалификуван по обвиненија дека бил се возел со автомобил или воз. Анри Корне станал победник откако бил разрешен проблемот; тој е најмладиот победник на трката. По скандалите во 1904 година, временскиот систем бил заменет со бодовен систем, во кој велосипедистот со најмалку бодови на крајот на трката бил прогласуван за победник. Овој систем траел до 1912 година, кога повторно бил вратен временскиот систем. Француските велосипедисти биле успешни на првите изданија на трката; првиот нефранцуски победник на трката бил Франсоа Фабер од Луксембург, кој победил во 1909 година.[7]

Белгиските возачи биле поуспешни пред и по Првата светска војна (поради која била прекината трката од 1915 до 1918 година). Во 1920-тите преовладале спонзорираните екипи; велосипедистите како Никола Франц ја освоил трката со екипата Алсион. Меѓутоа, кога велосипедистот на Алсион Морис де Веле ја освоил трката во 1929 година, иако бил болен, организаторите одлучиле да ги воведат националните екипи наредната година, со цел да ги спречат екипите со нивните тактики да ја поткопуваат трката. Поради Втората светска војна, Тур де Франс бил прекинат од 1940 до 1946 година.[8]

Жолтата маичка (француски: Maillot jaune), носена од предводникот во генералниот пласман

По Втората светска војна, никој не преовладувал на Тур до Лујон Бобе, кој победил на три последователни трки од 1953 до 1955 година — бил првиот кој успеал во овој подвиг.[9] Ова било надминато од францускиот велосипедист Жак Анкетил, кој освоил четири последователни трки од 1961 до 1964 година. Анкетил, кој исто така победил во 1957 година, станал првиот кој победил на пет трки.[10] Петте победи на Анкетил биле израмнети кога белгискиот велосипедист Еди Меркс остварил четири последователни победи од 1969 до 1972 година и повторно победил во 1974 година. Меркс е единствениот велосипедист кој ги освоил генералниот, бодовниот и планинскиот пласман на иста трка. Тоа го постигнал во 1969 година, кога ја остварил првата победа на Тур.[11]

Меркс се насочил кон рекордна шеста победа во 1975 година, но Бернар Тевене го поразил, станувајќи прв француски победник во седум години. Тевене повторно победил во 1977 година; меѓутоа, бил засенет во следните години од сонародникот Бернар Ино, кој освоил две последователни трки во 1978 и 1979 година. Ино ја освоил трката при неговиот прв обид во 1978 година; станувајќи еден од 11. велосипедисти (вклучувајќи ги Анкетил, Меркс, Иго Кобле и Фаусто Копи) кои успеале во тоа.[12] Во 1980 година, Ино тргнал по третата последователна победа, но морал да се повлече од трката поради тендинит и на трката победил Јоп Зутемелк.[13] Ино се вратил во 1981 година и ја освоил трката, како и наредната потоа. Ино не настапил на трката во 1983 година, додека друг Французин, Лорен Фињон, остварил победа. Фињон повторно победил следната година, поразувајќи го Ино; Ино се опоравил во 1985 година, кога ја остварил својата петта победа на трката.

Американецот Грег Лемонд станал првиот неевропеец кој победил на трката во 1986 година. Лемонд не настапил во 1987 и 1988 година, но се вратил во 1989 година и победил на трката со осум секунди пред Лорен Фињон, најмала победничка разлика во историјата на трката. Лемонд исто така победил во 1990 година.[14] Во 1991 година, Шпанецот Мигел Индураин ја освоил својата прва трка. Индураин започнал да преовладува, откако освоил уште четири последователни трки — со што станал првиот велосипедист кој победил на пет последователни трки.[15] Се обидел да победи за рекордна шеста победа во 1996 година, но бил поразен од Бјарне Рис, кој подоцна признал дека користел еритропоетин.[16] Јан Улрих и Марко Пантани победиле во 1997 и 1998 година, соодветно; меѓутоа, победата на Пантани била засенета од допинг-скандалите.[17]

Во 1999 година Ленс Армстронг ја остварил првата победа,[18] по која следеле уште шест, односно вкупно седум последователни победи.[19] Му биле одземени сите титули во октомври 2012 година, кога било откриено дека користел средства за зголемување на резултатите во текот на неговата кариера, вклучувајќи ги и победите на Тур де Франс.[4] Флојд Лендис ја освоил трката во 2006 година, но подоцна му била одземена титулата, откако тестот за допинг покажал присуство на тестостерон/епитестостерон.[20] Алберто Контадор победил во 2007 година. Трката во 2007 година исто така била потресена од допинг-скандали, поради што Контадор не можел да ја брани неговата титула во 2008 година, бидејќи на неговата екипа Астана ѝ бил забранет настап на трката. Сонародникот Карлос Састре ја освоил трката.[21] Контадор и Астана се вратиле во 2009 година и повторно ја освоил трката. Повторно ја освоил трката во 2010 година, но подоцна му била одземена оваа победа поради тоа што бил пронајден за виновен за допинг. На второпласираниот Анди Шлек му била доделена победата.

Кедел Еванс станал првиот Австралиец кој победил на Тур во 2011 година.[22] Следната година, Бредли Вигинс станал првиот британски велосипедист кој победил на трката.[23]

Победници[уреди]

Легенда
Победникот го освоил бодовниот пласман истата година
* Победникот го освоил планинскиот пласман истата година
# Победникот го освоил пласманот за млад возач истата година
Победникот ги освоил бодовниот и планинскиот пласман истата година
  • Колоната „година“ се однесува на годината кога се одржала трката, соодветните внатрешни врски водат до статиите за тоа издание на трката.
  • Колоната „растојание“ се однесува на поминатото растојание таа година.
  • Колоната „разлика“ се однесува на разликата на време или бодови со која победникот го поразил второпласираниот.
  • Колоната „етапни победи“ се однесува на бројот на победи кој победникот ги остварил во трката.
  • Колоната „жолти маички“ се однесува на бројот на носители на жолтата маичка во текот на тоа издание на трката.
Победници на генералниот пласман на Тур де Франс
Година Држава Велосипедист Спонзор/Екипа Растојание Време/Бодови Разлика Етапни победи Жолти маички
1903  Франција Гарен, МорисМорис Гарен Ла Франсеас 2.428 км 94ч 33' 14" + 2ч 59' 21" 3 6
1904  Франција Корне, АнриАнри Корне Конте 2.428 км 96ч 05' 55" + 2ч 16' 14" 1 3
1905  Франција Труселје, ЛујЛуј Труселје Пежо-Волбер 2.994 км 35 26 5 10
1906  Франција Потје, РенеРене Потје Пежо 4.637 км 31 8 5 12
1907  Франција Пети-Бретон, ЛисјенЛисјен Пети-Бретон Пежо 4.488 км 47 19 2 5
1908  Франција Пети-Бретон, ЛисјенЛисјен Пети-Бретон Пежо 4.497 км 36 32 5 13
1909  Луксембург Фабер, ФрансоаФрансоа Фабер Алсион 4.498 км 37 20 6 13
1910  Франција Лапиз, ОктавОктав Лапиз Алсион 4.734 км 63 4 4 3
1911  Франција Гарижу, ГиставГистав Гарижу Алсион 5.343 км 43 18 2 13
1912  Белгија Дефраје, ОдилОдил Дефраје Алсион 5.289 км 49 59 3 13
1913  Белгија Тис, ФилипФилип Тис Пежо 5.287 км 197ч 54' 00" + 8' 37" 1 8
1914  Белгија Тис, ФилипФилип Тис Пежо 5.380 км 200ч 28' 48" + 1' 50" 1 15
1915
1916
1917
1918
1919  Белгија Ламбо, ФирминФирмин Ламбо Ла Спортив 5.560 км 231ч 07' 15" + 1ч 42' 54" 1 2
1920  Белгија Тис, ФилипФилип Тис Ла Спортив 5.503 км 228ч 36' 13" + 57' 21" 4 14
1921  Белгија Сјер, ЛеонЛеон Сјер Ла Спортив 5.485 км 221ч 50' 26" + 18' 36" 2 14
1922  Белгија Ламбо, ФирминФирмин Ламбо Пежо 5.375 км 222ч 08' 06" + 41' 15" 0 3
1923  Франција Пелисје, АнриАнри Пелисје Аутомото 5.386 км 222ч 15' 30" + 30 '41" 3 6
1924  Италија Ботекија, ОтавиоОтавио Ботекија Аутомото 5.425 км 226ч 18' 21" + 35' 36" 4 15
1925  Италија Ботекија, ОтавиоОтавио Ботекија Аутомото 5.440 км 219ч 10' 18" + 54' 20" 4 13
1926  Белгија Бујсе, ЛисјенЛисјен Бујсе Аутомото 5.745 км 238ч 44' 25" + 1ч 22' 25" 2 8
1927  Луксембург Франц, НиколаНикола Франц Алсион 5.398 км 198ч 16' 42" + 1ч 48' 41" 3 14
1928  Луксембург Франц, НиколаНикола Франц Алсион 5.476 км 192ч 48' 58" + 50' 07" 5 22
1929  Белгија де Веле, МорисМорис де Веле Алсион 5.286 км 186ч 39' 15" +44' 23" 1 16
1930  Франција Ледук, АндреАндре Ледук Алсион 4.822 км 172ч 12' 16" + 14' 13" 2 13
1931  Франција Мање, АнтонинАнтонин Мање Франција 5.091 км 177ч 10' 03" + 12' 56" 1 16
1932  Франција Ледук, АндреАндре Ледук Франција 4.479 км 154ч 11' 49" + 24' 03" 6 19
1933  Франција Спеше, ЖоржЖорж Спеше Франција 4.395 км 147ч 51' 37" + 4' 01" 3 12
1934  Франција Мање, АнтонинАнтонин Мање Франција 4.470 км 147ч 13' 58" + 27' 31" 3 22
1935  Белгија Мес, РоменРомен Мес Белгија 4.338 км 141ч 23' 00" + 17' 52" 3 21
1936  Белгија Мес, СилверСилвер Мес Белгија 4.442 км 142ч 47' 32" + 26' 55" 4 14
1937  Франција Лапебје, РожеРоже Лапебје Франција 4.415 км 138ч 58' 31" + 7' 17" 3 4
1938  Италија Бартали, ЏиноЏино Бартали* Италија 4.694 км 148ч 29' 12" + 18' 27" 2 8
1939  Белгија Мес, СилверСилвер Мес* Белгија 4.224 км 132ч 03' 17" + 30' 38" 2 4
1940
1941
1942
1943
1944
1945
1946
1947  Франција Робик, ЖанЖан Робик Франција 4.642 км 148ч 11' 25" + 3' 58" 3 1
1948  Италија Бартали, ЏиноЏино Бартали* Италија 4.922 км 147ч 10' 36" + 26' 16" 7 9
1949  Италија Копи, ФаустоФаусто Копи* Италија 4.808 км 149ч 40' 49" + 10' 55" 3 5
1950  Швајцарија Киблер, ФердинандФердинанд Киблер Швајцарија 4.773 км 145ч 36' 56" + 9' 30" 3 11
1951  Швајцарија Кобле, ИгоИго Кобле Швајцарија 4.690 км 142ч 20' 14" + 22' 00" 5 11
1952  Италија Копи, ФаустоФаусто Копи* Италија 4.898 км 151ч 57' 20" + 28' 17" 5 14
1953  Франција Бобе, ЛујонЛујон Бобе Франција 4.476 км 129ч 23' 25" + 14' 18" 2 5
1954  Франција Бобе, ЛујонЛујон Бобе Франција 4.656 км 140ч 06' 05" + 15' 49" 3 14
1955  Франција Бобе, ЛујонЛујон Бобе Франција 4.495 км 130ч 29' 26" + 4' 53" 2 6
1956  Франција Валковјак, РожеРоже Валковјак Франција 4.498 км 124ч 01' 16" + 1' 25" 0 8
1957  Франција Анкетил, ЖакЖак Анкетил Франција 4.669 км 135ч 44' 42" + 14' 56" 4 15
1958  Луксембург Гол, ШарлиШарли Гол Луксембург 4.319 км 116ч 59' 05" + 3' 10" 4 2
1959  Шпанија Баамонтес, ФедерикоФедерико Баамонтес* Шпанија 4.358 км 123ч 46' 45" + 4' 01" 1 6
1960  Италија Ненчини, ГастонеГастоне Ненчини Италија 4.173 км 112ч 08' 42" + 5' 02" 0 14
1961  Франција Анкетил, ЖакЖак Анкетил Франција 4.397 км 122ч 01' 33" + 12' 14" 2 21
1962  Франција Анкетил, ЖакЖак Анкетил Сен Рафаел 4.274 км 114ч 31' 54" + 4' 59" 2 3
1963  Франција Анкетил, ЖакЖак Анкетил Сен Рафаел 4.138 км 113ч 30' 05" + 3' 35" 4 5
1964  Франција Анкетил, ЖакЖак Анкетил Сен Рафаел 4.504 км 127ч 09' 44" + 55" 4 6
1965  Италија Џимонди, ФеличеФеличе Џимонди Салварани 4.188 км 116ч 42' 06" + 2' 40" 3 18
1966  Франција Емар, ЛисјенЛисјен Емар Форд-Житан 4.329 км 117ч 34' 21" + 1' 07" 0 6
1967  Франција Пенжо, РожеРоже Пенжо Пежо-БП-Мишелин 4.779 км 136ч 53' 50" + 3' 40" 1 17
1968  Холандија Јансен, ЈанЈан Јансен Соваж-Лежан 4.492 км 133ч 49' 42" + 38" 2 1
1969  Белгија Меркс, ЕдиЕди Меркс Фаема 4.117 км 116ч 16' 02" + 17' 54" 6 18
1970  Белгија Меркс, ЕдиЕди Меркс* Фаемино 4.254 км 119ч 31' 49" + 12' 41" 8 20
1971  Белгија Меркс, ЕдиЕди Меркс Молтени 3.608 км 96ч 45' 14" + 9' 51" 4 17
1972  Белгија Меркс, ЕдиЕди Меркс Молтени 3.846 км 108ч 17' 18" + 10' 41" 6 15
1973  Шпанија Окања, ЛуисЛуис Окања Бик 4.090 км 122ч 25' 34" + 15' 51" 6 14
1974  Белгија Меркс, ЕдиЕди Меркс Молтени 4.098 км 116ч 16' 58" + 8' 04" 8 18
1975  Франција Тевене, БернарБернар Тевене Пежо 4.000 км 114ч 35' 31" + 2' 47" 2 8
1976  Белгија ван Импе, ЛисјенЛисјен ван Импе Житан-Кампањоло 4.017 км 116ч 22' 23" + 4' 14" 1 12
1977  Франција Тевене, БернарБернар Тевене Пежо 4.096 км 115ч 38' 30" + 48" 1 8
1978  Франција Ино, БернарБернар Ино Рено-Елф-Житан 3.908 км 108ч 18' 00" + 3' 56" 3 3
1979  Франција Ино, БернарБернар Ино Рено-Елф-Житан 3.765 км 103ч 06' 50" + 13' 07" 7 17
1980  Холандија Зутемелк, ЈопЈоп Зутемелк ТИ-Рали 3.842 км 109ч 19' 14" + 6' 55" 2 10
1981  Франција Ино, БернарБернар Ино Рено-Елф-Житан 3.753 км 96ч 19' 38" + 14' 34" 5 18
1982  Франција Ино, БернарБернар Ино Рено-Елф-Житан 3.507 км 92ч 08' 46" + 6' 21" 4 12
1983  Франција Фињон, ЛоренЛорен Фињон# Рено-Елф-Житан 3.809 км 105ч 07' 52" + 4' 04" 1 6
1984  Франција Фињон, ЛоренЛорен Фињон Рено-Елф-Житан 4.021 км 112ч 03' 40" + 10' 32" 5 7
1985  Франција Ино, БернарБернар Ино Ла Вје Клер 4.109 км 113ч 24' 23" + 1' 42" 2 16
1986 Flag of the United States.svg САД Лемонд, ГрегГрег Лемонд Ла Вје Клер 4.094 км 110ч 35' 19" + 3' 10" 1 7
1987  Ирска Роуш, СтивенСтивен Роуш Карера Џинс-Вагабонд 4.231 км 115ч 27' 42" + 40" 1 3
1988  Шпанија Делгаго, ПедроПедро Делгаго Рејнолдс 3.286 км 84ч 27' 53" + 7' 13" 1 11
1989 Flag of the United States.svg САД Лемонд, ГрегГрег Лемонд АДР Агригел 3.285 км 87ч 38' 35" + 8" 3 8
1990 Flag of the United States.svg САД Лемонд, ГрегГрег Лемонд З Ветемент 3.504 км 90ч 43' 20" + 2' 16" 0 2
1991  Шпанија Индураин, МигелМигел Индураин Банесто 3.914 км 101ч 01' 20" + 3' 36" 2 10
1992  Шпанија Индураин, МигелМигел Индураин Банесто 3.983 км 100ч 49' 30" + 4' 35" 3 10
1993  Шпанија Индураин, МигелМигел Индураин Банесто 3.714 км 95ч 57' 09" + 4' 59" 2 14
1994  Шпанија Индураин, МигелМигел Индураин Банесто 3.978 км 103ч 38' 38" + 5' 39" 1 13
1995  Шпанија Индураин, МигелМигел Индураин Банесто 3.635 км 92ч 44' 59" + 4' 35" 2 13
1996  Данска Рис, БјарнеБјарне Рис[А] Тим Телеком 3.765 км 95ч 57' 16" + 1' 41" 2 13
1997  Германија Улрих, ЈанЈан Улрих# Тим Телеком 3.950 км 100ч 30' 35" + 9' 09" 2 12
1998  Италија Пантани, МаркоМарко Пантани Меркатоне Уно-Бјанки 3.875 км 92ч 49' 46" + 3' 21" 2 7
1999[Б] Flag of the United States.svg САД Армстронг, ЛенсЛенс Армстронг Дискавери Канал 3.687 км 91ч 32' 16" + 7' 37" 4 15
2000[Б] Flag of the United States.svg САД Армстронг, ЛенсЛенс Армстронг Дискавери Канал 3.662 км 92ч 33' 08" + 6' 02" 1 12
2001[Б] Flag of the United States.svg САД Армстронг, ЛенсЛенс Армстронг Дискавери Канал 3.458 км 86ч 17' 28" + 6' 44" 4 8
2002[Б] Flag of the United States.svg САД Армстронг, ЛенсЛенс Армстронг Дискавери Канал 3.272 км 82ч 05' 12" + 7' 17" 4 11
2003[Б] Flag of the United States.svg САД Армстронг, ЛенсЛенс Армстронг Дискавери Канал 3.427 км 83ч 41' 12" + 1' 01" 1 13
2004[Б] Flag of the United States.svg САД Армстронг, ЛенсЛенс Армстронг Дискавери Канал 3.391 км 83ч 36' 02" + 6' 19" 5 7
2005[Б] Flag of the United States.svg САД Армстронг, ЛенсЛенс Армстронг Дискавери Канал 3.593 км 86ч 15' 02" + 4' 40" 1 17
2006  Шпанија Переиро, ОскарОскар Переиро[В] Кејс д’Епарњ-Илес Балеарс 3.657 км 89ч 40' 27" + 32" 0 8
2007  Шпанија Контадор, АлбертоАлберто Контадор# Дискавери Канал 3.570 км 91ч 00' 26" + 23" 1 4
2008  Шпанија Састре, КарлосКарлос Састре Тим ЦСЦ 3.559 км 87ч 52' 52" + 58" 1 5
2009  Шпанија Контадор, АлбертоАлберто Контадор Астана 3.459 км 85ч 48' 35" + 4' 11" 2 7
2010  Луксембург Шлек, АндиАнди Шлек#[Г] Тим Саксо Банк 3.642 км 91ч 59' 27" + 1' 22" 2 12
2011 Австралија Австралија Еванс, КеделКедел Еванс БМЦ Рејсинг Тим 3.430 км 86ч 12' 22" + 1' 34" 1 2
2012  Велика Британија Вигинс, БредлиБредли Вигинс Тим Скај 3.496 км 87ч 34' 47" + 3' 21" 2 14
2013  Велика Британија Фрум, КрисКрис Фрум Тим Скај 3.404 км 83ч 56' 20" + 4' 20" 3 14
2014  Италија Нибали, ВинченцоВинченцо Нибали Астана 3.660,5 км 89ч 59' 06" + 7' 37" 4 19

Повеќекратни победници[уреди]

Повеќекратни победници на генералниот пласман на Тур де Франс
Велосипедист Вкупно Години
 Анкетил, ЖакЖак Анкетил (ФРА) 5 1957, 1961, 1962, 1963, 1964
 Меркс, ЕдиЕди Меркс (БЕЛ) 5 1969, 1970, 1971, 1972, 1974
 Ино, БернарБернар Ино (ФРА) 5 1978, 1979, 1981, 1982, 1985
 Индураин, МигелМигел Индураин (ШПА) 5 1991, 1992, 1993, 1994, 1995
 Тис, ФилипФилип Тис (БЕЛ) 3 1913, 1914, 1920
 Бобе, ЛујонЛујон Бобе (ФРА) 3 1953, 1954, 1955
 Лемонд, ГрегГрег Лемонд (САД) 3 1986, 1989, 1990
 Пети-Бретон, ЛисјенЛисјен Пети-Бретон (ФРА) 2 1907, 1908
 Ламбо, ФирминФирмин Ламбо (БЕЛ) 2 1919, 1922
 Ботекија, ОтавиоОтавио Ботекија (ИТА) 2 1924, 1925
 Франц, НиколаНикола Франц (ЛУК) 2 1927, 1928
 Ледук, АндреАндре Ледук (ФРА) 2 1930, 1932
 Мање, АнтонинАнтонин Мање (ФРА) 2 1931, 1934
 Мес, СилверСилвер Мес (БЕЛ) 2 1936, 1939
 Бартали, ЏиноЏино Бартали (ИТА) 2 1938, 1948
 Копи, ФаустоФаусто Копи (ИТА) 2 1949, 1952
 Тевене, БернарБернар Тевене (ФРА) 2 1975, 1977
 Фињон, ЛоренЛорен Фињон (ФРА) 2 1983, 1984
 Контадор, АлбертоАлберто Контадор (ШПА)[Г] 2 2007, 2009

По националност[уреди]

Победници на генералниот пласман на Тур де Франс по националност
Држава Бр. на победници Бр. на победи
 Франција 21 36
 Белгија 10 18
 Шпанија[Г] 7 12
 Италија 7 10
 Луксембург 4 5
Flag of the United States.svg САД[Б][В] 1 3
 Холандија 2 2
 Швајцарија 2 2
 Велика Британија 2 2
 Данска 1 1
 Германија 1 1
 Ирска 1 1
Австралија Австралија 1 1

Забелешки[уреди]

A. ^  Бјарне Рис признал дека користел допинг во текот на Тур де Франс 1996. Организаторите на Тур изјавиле дека повеќе не го сметаат за победник, иако Меѓународниот велосипедистички сојуз (UCI) досега одбивал да го промени официјалниот статус бидејќи поминало доста време од неговата победа. Јан Улрих бил второпласиран на подиумот во Париз.[24]

B. а б в г д ѓ е ж  Ленс Армстронг бил прогласен за победник на седум последователни трки од 1999 до 2005 година. Меѓутоа, во октомври 2012 година му биле одземени сите титули од UCI поради употреба на средства за подобрување на резултатите. Директорот на трката Кристијан Прудом претходно изјавил дека ако ова се случи, нема да постојат други победници за овие години, но ова сè уште не е официјална одлука.[25]

C. а б  Флојд Лендис бил победник на церемонијата во Париз на последниот ден на трката во 2006 година, но подоцна имал позитивен резултат на тестот за средства за подобрување на резултатите во текот на етапата 17 на трката. Американската анти-допинг агенција (УСАДА) го пронашла виновен за користење синтетички тестостерон во текот на трката и му ги одзела сите титули на 20 септември 2007.[26]

D. а б в  Алберто Контадор бил победник на церемонијата во Париз на последниот ден на трката во 2010 година, но подоцна бил прогласен за виновен по позитивниот тест за забранетата супстанца кленбутерол, извршен на денот за одмор. Арбитражниот суд за спорт го прогласил за виновен за користење кленбутерол во текот на трката и му ја одзела титулата на 6 февруари 2012.[27]

Наводи[уреди]

  1. FAQ“. Меѓународен велосипедистички сојуз. http://www.uci.ch/templates/UCI/UCI1/layout.asp?MenuId=MTk0Nw&LangId=1. конс. 17 август 2009. 
  2. Dauncey, Hugh; Hare, Geoff (2003). „Тур де Франс: 1903-2003“. Routledge. стр. 149. ISBN 978-0-7146-5362-4. 
  3. Армстронг ја запечати победата на седмиот Тур“, BBC Sport, 24 јули 2005 (конс. 17 август 2009).
  4. 4,0 4,1 На Армсторнг му се одземени сите седум победи на Тур де Франс од UCI“, BBC Sport, 22 октомври 2012 (конс. 22 октомври 2012).
  5. Шолијански, Кристофер. „Ќе победи? Или не? Може ли Армстронг да победи на Тур де Франс?“, American Broadcasting Company, 6 јули 2009 (конс. 14 август 2009).
  6. „Статистики“. Тур де Франс. http://www.letour.fr/2009/TDF/COURSE/us/histoire_statistiques.html. конс. 15 август 2009. 
  7. 1903-1914: Pioneers and 'assassins'“, BBC Sport, 5 јуни 2001 (конс. 20 август 2009).
  8. 1930–1939: Adapt to survive“, BBC Sport, 5 јуни 2001 (конс. 20 август 2009).
  9. 1947–1956: Post-war rivalries“, BBC Sport, 5 јуни 2001 (конс. 20 август 2009).
  10. 1957–1966: Anquetil 5–0 Poulidor“, BBC Sport, 5 јуни 2001 (конс. 20 август 2009).
  11. 1967–1977: Tragedy before a Cannibal's feast“, BBC Sport, 5 јуни 2001 (конс. 18 август 2009).
  12. 1978–1984: The Badger's golden era“, BBC Sport, 5 јуни 2001 (конс. 19 август 2009).
  13. Armijo, Vic (1999). „The complete idiot's guide to cycling“. Alpha Books. стр. 28. ISBN 0-02-862929-9. 
  14. 1985–1990: American, Irishman and Spaniard“, BBC Sport, 5 јуни 2001 (конс. 22 август 2009).
  15. 1991–1995: Big Mig's masterclass“, BBC Sport, 5 јуни 2001 (конс. 22 август 2009).
  16. Даф, Алекс. „Рис, првак на Тур де Франс, вели дека земал забранети средства“, Bloomberg L.P., 25 мај 2007 (конс. 31 август 2009).
  17. 1996–2000: Doping and the great recovery“, BBC Sport, 5 јуни 2001 (конс. 22 август 2009).
  18. Генерален пласман 2002“, BBC Sport, 28 јули 2002 (конс. 20 август 2009).
  19. Армстронг ја запечати седмата победа на Тур“, BBC Sport, 24 јули 2005 (конс. 20 август 2009).
  20. Макур, Џулиет. „Примерокот на Лендис е позитивен“, „The New York Times“, 5 август 2006 (конс. 20 август 2009).
  21. Састре победи на Тур де Франс“, BBC Sport, 27 јули 2008 (конс. 8 септември 2009).
  22. Тур де Франс: Кевендиш ја освои историската зелена маичка“, BBC Sport, 24 јули 2011 (конс. 24 јули 2011).
  23. „Бредли Вигинс победил на Тур де Франс за Тим Скај“. BBC Sport. 22 јули 2012. http://www.bbc.co.uk/sport/0/cycling/18946960. конс. 22 јули 2012. 
  24. Тур го брише Рис од списокот на победници“, BBC Sport, 7 јуни 2007 (конс. 12 април 2008).
  25. „UCI ја призна одлуката на УСАДА во случајот на Армстронг“. Меѓународен велосипедистички сојуз (UCI). 22 октомври 2012. http://www.uci.ch/Modules/ENews/ENewsDetails2011.asp?id=ODgzNA&MenuId=MTYzMDQ&LangId=1&BackLink=%2FTemplates%2FUCI%2FUCI8%2Flayout%2Easp%3FMenuID%3DMTYzMDQ%26LangId%3D1. конс. 22 октомври 2012. 
  26. Оскар Переиро победник на Тур де Франс 2006“, Меѓународен велосипедистички сојуз (UCI), 21 септември 2007 (конс. 12 април 2008).
  27. CAS го казни Контадор со двегодишна забрана во случајот на кленбутерол“, „Cyclingnews“, Future Publishing Limited, 6 февруари 2012 (конс. 6 февруари 2012).

Библиографија[уреди]