Франко Пелицоти

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Франко Пелицоти

Пелицоти на Тур де Франс 2009
Лични податоци
Цело име Франко Пелицоти
Прекар Пело; Il Delfino
Роден 15 јануари 1978 (1978-01-15) (36 г.)
Латизана, Италија
Висина 1,75 м
Маса 64 кг
Податоци за клубот
Мом. клуб Андрони Џакатоли-Венецуела
Дисциплина Друмски велосипедизам
Улога Возач
Вид на возач Специјалист за искачување
Професионални клубови
2001–2004
2005–2010
2012–
Алесио
Ликвигас-Бјанки
Андрони Џокатоли-Венецуела
Значајни победи
Гранд Тур
Џиро д’Италија
2 индивидуални етапи (2006, 2008)

Етапни трки

Сетимана Копи е Бартали (2005)

Еднодневни трки и класици

Национален друмски првак (2012)
Последна промена
16 јануари 2014

Франко Пелицоти (италијански: Franco Pellizotti; р. 15 јануари 1978) — италијански професионален друмски велосипедист, кој вози за професионалната континентална екипа Андрони Џакатоли-Венецуела.[1]

Кариера[уреди]

Пелицоти е познат како специјалист за искачување и ги освоил етапите 10 на Џиро д’Италија 2006, 16 на Џиро д’Италија 2008 и 17 на Џиро д’Италија 2009. Откако завршил трет во генералниот пласман на Џиро 2009, го освоил и планинскиот пласман во Париз како најдобар искачувач на Тур де Франс 2009 и бил именуван за најборбен возачи на етапите 9 и 17. На почетокот на секоја трка, Пелицоти прави знак на крст и го бакнува распетието кое го носи на својот врат.

Пелицоти на Џиро д’Италија 2009

На 3 мај 2010, името на Пелицоти било објавено во весникот La Gazzetta dello Sport како еден од неколкумината возачи кои се под истрага од Меѓународниот велосипедистички сојуз (UCI) поради „неправилни вредности во крвта“. Пелицоти бил пријавен поради „сомнителни вредности“ на Тур де Франс 2009 и било побарано од UCI да спроведе истрага.[2] Подоцна ова било потврдено во извештајот за печатот од UCI.[3] Тој бил еден од предводниците на екипата Ликвигас-Доимо на Џиро д’Италија 2010, но веднаш бил повлечен од екипата и заменет со Винченцо Нибали. Неговата екипа изјавила дека имаат верба во објаснувањето на Пелицоти и бараат понатамошна истрага.[4] Кратко по крајот на сезоната, суспензијата му била укината поради недостиг на докази и Пелицоти објавил дека ќе бара финансиски надоместок од UCI.[5] Ликвигас-Доимо објавиле дека ќе потпишат со Пелицоти по сезоната 2010. Случајот на Пелицоти стигнал со Арбитражниот суд за спорт во март 2011. Откако судот донел брза пресуда, тој бил суспендиран на две години по прифаќањето на жалбата на UCI. Неговата забрана траела до мај 2012. Судот исто така ги поништил сите резултати од 17 мај 2009, што значело дека Пелицоти загубил етапна победа и третото место во генералниот пласман на Џиро д’Италија и етапна победа, освојување на планинскиот пласман и најборбен возач на Тур де Франс.[6]

По завршувањето на неговата забрана, Пелицоти потпишал со екипата Андрони Џокатоли-Венецуела.[7][8] По две години со Андрони Џокатоли-Венецуела, Пелицоти ѝ се приклучил на Астана за сезоната 2014.[9]

Достигнувања[уреди]

2002
1. Тур де Фриул
1. Етапа 6 Тирено-Адријатико
1. Етапа 4 Трка околу Баскија
1. Етапа 5 Трка околу Полска
2003
2. Милано-Торино
3. ГП де Ларчано
9. Краен пласман Џиро д’Италија
2004
1. Гран Премио ди Кјасо
2. Копа Сабатини
2. Тур де Фриул
2005
1. Краен пласман Сетимана интернационале ди Копи е Бартали
1. Етапа 2
2. Трофео Леигвелја
3. Краен пласман Медитеранска трка
2006
2. Милано-Торино
8. Краен пласман Џиро д’Италија
1. Етапа 10
10. Класика де Сан Себастијан
2007
1. Меморијал Марко Пантани
5. Краен пласман Париз-Ница
1. Етапа 3
1. Бодовен пласман
9. Краен пласман Џиро д’Италија
2008
3. Краен пласман Трка околу Полска
4. Краен пласман Џиро д’Италија
1. Етапа 16
2009 (поништени резултати)
3. Краен пласман Џиро д’Италија
1. Етапа 17
37. Краен пласман Тур де Франс
1. Jersey polkadot.svg Планински пласман
Jersey red number.svg Најборбен возач
2012
1. MaillotItalia.svg Национално друмско првенство
2. Гран Премио Чита ди Камаиоре
3. Краен пласман Џиро ди Паданија
3. Џиро дел’Емилија
4. Краен пласман Вуелта а Бургос
5. Сиркуито де Гечо
2013
2. Краен пласман Рут ду Суд
4. Краен пласман Сетимана Сиклистика Ломбарда
4. Копа Сабатини
4. Џиро дел’Емилија
5. ГП Индустрија е Комерчо ди Прато
6. ГП Индустрија & Артиџанато ди Ларчано
6. Тре Вали Варезине
8. Џиро ди Ломбардија
8. Копа Уго Агостони
10. Милано-Торино

Распоред на резултатите на Гранд Тур[уреди]

Гранд Тур 2001 2002 2003 2004 2005 2006 2007 2008 2009 2010 2011 2012 2013
Jersey pink.svg Џиро 16 9 11 8 9 4 ПР 11
Jersey yellow.svg Тур 75 47 ПР
Jersey gold.svg Вуелта 20 37

СО = се откажал; ПР = поништен резултат

Наводи[уреди]

  1. „Андрони Џокатоли-Венецуела (AND) – ITA“. „UCI Continental Circuits“. Меѓународен велосипедистички сојуз. http://62.50.72.82/ucinet/default.asp?page=UCITeamsdetail&discipline=ROA&continent=ALL&teamscategory=PCT&teamstype=PCT&year=2012&teamnameid=3728&npage=&search=&l=ENG. конс. 8 мај 2012. 
  2. „Пелицоти надвор од Џиро поради пронајдоците во биолошкиот пасош“. http://www.cyclingweekly.co.uk/news/latest/453100/pellizotti-out-of-the-giro-due-to-biological-passport-findings.html. 
  3. „UCI ја потврди истрагата за Пелицоти“. http://www.uci.ch/Modules/ENews/ENewsDetails.asp?id=Njg2NQ&MenuId=MTk0OA&LangId=1&BackLink=%2FTemplates%2FUCI%2FUCI5%2Flayout%2Easp%3FMenuID%3DMTk0OA. 
  4. „Ликвигас имаат верба во Пелицоти“. http://www.cyclingnews.com/news/liquigas-doimo-put-faith-in-pellizotti. 
  5. Franco Pellizotti cleared to race Cycling News октомври 2010
  6. Пелицоти со забрана на две години со одлука на Арбитражниот суд за спорт
  7. Браун, Грегор. „Savio defends Pellizotti’s Androni signing after ban“, „VeloNews“, Competitor Group, Inc., 1 мај 2012 (конс. 8 мај 2012).
  8. Пелицоти потпиша за Андрони-Венецуела“, „Cycling News“, Future Publishing Limited, 30 април 2012 (конс. 8 мај 2012).
  9. Нови возачи во Астана“, „Астана“, Abacanto SA, 1 август 2013 (конс. 1 август 2013).

Надворешни врски[уреди]