Еди Меркс

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Еди Меркс
A man holding a bicycle. The man's shirt says "Molteni Arcore".
Меркс во 1973
Лични податоци
Цело име Едуард Луј Жозеф Меркс
Прекар Канибалот
Роден 17 јуни 1945 (1945-06-17) (68 г.)
Тилт-Винге, Белгија
Податоци за клубот
Мом. клуб пензиониран
Дисциплина Друмски и велодромски велосипедизам
Улога Возач
Вид на возач Универзален возач
Аматерски клубови
1961–1964 Евере Керкхук Спортиф
Професионални клубови
1965
1966–1967
1968–1970
1971–1976
1977
1978
Соло-Суперија
Пежо-БП
Фема
Молтени
Фиат
C&A
Значајни победи
Гранд Тур
Тур де Франс
Генерален пласман (1969, 1970, 1971, 1972, 1974)
Бодовен пласман (1969, 1971, 1972)
Планински пласман (1969, 1970)
Награда за борбеност (1969, 1970, 1974, 1975)
Комбиниран пласман (1969, 1970, 1971, 1972, 1974)
34 индивидуални етапи (1969–1975)
Џиро д’Италија
Генерален пласман (1968, 1970, 1972, 1973, 1974)
Бодовен пласман (1968, 1973)
Планински пласман (1968)
24 индивидуални етапи (1968–1974)
Вуелта а Еспања
Генерален пласман (1973)
Бодовен пласман (1973)
Комбиниран пласман (1973)
6 индивидуални етапи

Етапни трки

Париз-Ница
Генерален пласман (1969, 1970, 1971)
Тур де Свис
Генерален пласман (1974)

Еднодневни трки и класици

Светски друмски првак (1967, 1971, 1974)
Белгиско национално друмско првенство (1970)
Милано-Сан Ремо (1966, 1967, 1969, 1971, 1972, 1975, 1976)
Трка околу Фландрија (1969, 1975)
Париз-Рубе (1968, 1970, 1973)
Лиеж-Бастон-Лиеж (1969, 1971, 1972, 1973, 1975)
Џиро ди Ломбардија (1971, 1972)
Супер Престиж Перно Интернасионал (1969, 1970, 1971, 1972, 1973, 1974, 1975)
Последна промена
22 октомври 2013

Едуард Луј Жозеф, Барон Меркс (роден на 17 јуни 1945 во Меензел-Кизегем, Белгија[1]), познат како Еди Меркс е поранешен белгиски професионален велосипедист. Францускиот магазин Vélo го нарекол „најголемиот велосипедист којшто светот некогаш го познавал."[2] Од американското издание VeloNews е наречен „најголемиот и најуспешен велосипедист на сите времиња“.[3] Во својата кариера, Меркс победил по 5 пати на Трката околу Франција и Трката околу Италија, еднаш на Трката околу Шпанија. Тој исто така станал светски првак како аматерски и професионален возач и го урнал рекордот во трката на еден час. Победил и на сите класични трки, освен на Париз-Тур.[2]. Тој е познат и како друмски и како велодромски велосипедист.

Еди Меркс бил познат како многу други познати во спортисти во другите спортови. Иако, Марк Шпиц освоил 7 златни медали на Олимписките игри во Минхен во 1972, а Мохамед Али бил неприкосновен на крајот од 1960-тите и 1970-тите, сепак реално, Еди Меркс е најголемиот спортист во тој период во светот.

Го нарекувале Ајнштајн на две педали и Гигант.

Се чини покрај трката Париз-Тур, единствена друга победа која му недостига е победа на Олимписките игри. На Олимписките игри настапил само еднаш, и тоа на Олимписките игри во Токио во 1964, на кои на друмската трка во поединечна конкуренција го освоил 12. место. Подоцна како професионалец и поради крутите аматерски принципи, му било оневозможено да настапи на Олимписките игри.

Споредбата со другите великани во велосипедизмот е излишна. За разлика од многумина, кои во годината имале 50 натпреварувачки денови, Еди Меркс имал над 200.

Наводи[уреди]

  1. L'Equipe, Rider database, Eddie Merckx
  2. 2,0 2,1 Vélo, France, November 2000
  3. Velonews.com (17 јуни 2005). „Happy Birthday, Eddy!“. http://velonews.com/article/8224. конс. 13 јуни 2008. 

Додатна литература[уреди]

  • Vanwalleghem, Rik (1996). „Eddy Merckx: The Greatest Cyclist of the 20th century“. Boulder. ISBN 1-884737-22-6. 
  • Vanwalleghem, Rik (1989). „Eddy Merckx, mijn levensverhaal : de ware selfmade man als wielrenner en als zakenman (холандски)“. Helios. ISBN 90-289-1465-X. 
  • Rosier, Erik (1973). „Eddy Merckx (холандски)“. Franco-Suisse. OCLC 57423874. 
  • Cornand, Jan and Blancke, Andre (1975). „Hoe Merckx de tour verloor / wielerseizoen 1975 van A tot Z (холандски)“. Het Volk. 
Спортски позиции
Претходник
Јан Јансен
Победник на Париз-Рубе
1968
Наследник
Валтер Годфрот
Претходник
Валтер Годфрот
Победник на Париз-Рубе
1970
Наследник
Роже Росиер
Претходник
Роже де Влеминк
Победник на Париз-Рубе
1973
Наследник
Роже де Влеминк