Гранд Тур (велосипедизам)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Во друмскиот велосипедизам, Гранд Тур се однесува на една од трите големи европски професионални велосипедски етапни трки:

Заедно се познати како Гранд Тур и сите три трки се слични во форматот, како повеќенеделни трки со дневни етапи. Тие имаат посебен статус во одредбите на UCI: повеќе бодови за Светската турнеја се делат на овие трки отколку на другите трки,[1] и тие се единствените етапни трки на кои им е дозволено да траат подолго од 14 дена.[2]

Тур де Франс е најстарата и најпрестижна[1] од сите три и исто така е најпозната велосипедска трка во светот. Џиро д’Италија е втората најважна[3][4][5][6] и понекогаш била исто толку популарна како Тур (доцните 40-ти, 50-ти и раните 70-ти). Додека спортското име на Тур де Франс е одамна одомаќено околу светот, познато дури и за оние кои не се навлезени во велосипедизмот, другите две европски Гранд Тур се релативно непознати надвор од континентот, каде се познати единствено на велосипедистите.

Опис[уреди]

Во нивната моментална форма, Гранд Тур се одржуваат во текот на три последователни недели и обично вклучуваат два дена за „одмор“ близу крајот на првата и втората недела. Етапите се мешавина на долги масовни етапни трки (понекогаш вклучуваат планински и ридски искачувања и спустови; други се рамни етапи наменети за спринтерски завршници), како и индивидуалните и екипните хронометри и етапи без натпреварувачки карактер и денови за одмор. За разлика од повеќето еднодневни трки, етапите на Гранд Тур обично се под 200 километри во должина.

Често се појавуваат контроверзии околу повиканите екипи на трките. Обично, Меѓународниот велосипедистички сојуз ги повикува врвните професионални екипи, додека организаторите на големите трки често сакаат екипи основани во нивната земја или други кои не предизвикуваат контроверзии. Од 2005 до 2007, организаторите морале да ги прифатат сите ProTour екипи, оставајќи само две специјални покани за Тур. Меѓутоа, Унибет екипата, која е ProTour екипа и е загарантирано учество, ѝ било забрането учеството на сите Гранд Тур трки поради законите за рекламирање на коцкање. Во 2008, по бројните допинг скандали, на некои екипи им било забрането учеството на Гранд Тур: Астана не се натпреварувала на Тур де Франс 2008, а Тим Колумбија не се натпреварувале на Вуелта а Еспања 2008. Од 2011, според правилата на Светската турнеја UCI, на сите ProTour екипи им е загарантирано место на сите три трки и се обврзани да учествуваат.

Наградите ги вклучуваат индивидуалниот генерален пласман, екипен пласман, планински пласман, бодовен пласман и често пласман за најдобар возач, како и некои други помалку познати пласмани. Најмногу практикувани пласмани се индивидуалниот генерален пласман (Maillot jaune - жолта маичка - на Тур де Франс, Maglia rosa - розова маичка - на Џиро д’Италија и Jersey rojo - црвена маичка - на Вуелта а Еспања); планински пласман (Maillot à pois rouges - точкаста маичка - на Тур, Maglia Azzurra - сина маичка - на Џиро и Jersey de puntos azules - сина точкаста маичка - на Вуелта) и бодовен пласман (Maillot vert - зелена маичка - на Тур, Maglia Rosso Passione - црвена маичка - на Џиро и Jersey verde - зелена маичка - на Вуелта). Само тројца возачи ги имаат освоено сите три на иста трка: Еди Меркс на Џиро д’Италија 1968 и Тур де Франс 1969, Тони Ромингер на Вуелта а Еспања 1993 и Лорен Жалабер на Вуелта а Еспања 1995.[7]

Ретко е велосипедистите да возат на сите три големи трки во иста година; во 2004, 474 велосипедисти започнале на најмалку една од големите трки, 68 од нив возеле две трки и само двајца велосипедисти настапиле на сите три Гранд Тур трки.[8] Не е необично за спринтерите и нивните водечки луѓе, кои не се очекува да ја завршат целата трка, да започнат на сите Гранд Тур трки и да постигнуваат етапни победи пред да се случат најтешките етапи. Алесандро Петаки и Марк Кевендиш започнале на сите три Гранд Тур трки во 2010 и 2011, соодветно, како и некои од нивните колеги за поддршка. За обајцата возачи во двете години, само Тур де Франс го завршиле.

Низ годините, 32 возачи ги завршиле сите Гранд Тур трки во една година. Марино Лехарета го направил тоа за четири пати, Бернардо Руиз три пати, Едуардо Чозас и Карлос Састре двапати секој и 28 други возачи кои го постигнале овој потфат еднаш.

Единствени возачи кои завршиле во првите 10 на секоја од трите трки во текот на една година се Рафаел Жеминијани во 1955 и Гастоне Ненчини во 1957.

UCI правила[уреди]

За Светската турнеја, повеќе бодови се доделуваат на Гранд Тур трките отколку на другите трки; победникот на Тур де Франс добива 200 бода, а победниците на Џиро и Вуелта добиваат 170 бода, додека на другите трки може да се добијат најмногу 100 бода.[1] Гранд Тур има посебен статус во времетраење: тие се единствените на кои им е дозволено да траат помеѓу 15 и 23 дена.[2]

Победници на Гранд Тур[уреди]

Година  Џиро д’Италија (ИТА)  Тур де Франс (ФРА)  Вуелта а Еспања (ШПА)
1903  Морис Гарен (ФРА)
1904  Анри Корне (ФРА)
1905  Луј Труселје (ФРА)
1906  Рене Потје (ФРА)
1907  Лисјен Пети-Бретон (ФРА) (1/2)
1908  Лисјен Пети-Бретон (ФРА) (2/2)
1909  Луиџи Гана (ИТА)  Франсоа Фабер (ЛУК)
1910  Карло Галети (ИТА) (1/3)  Октав Лапиз (ФРА)
1911  Карло Галети (ИТА) (2/3)  Гистав Гарижу (ФРА)
1912  Тим Атала (ИТА)
 Карло Галети (ИТА) (3/3)
 Џовани Микелето (ИТА)
 Еберардо Павези (ИТА)
 Одил Дефраје (БЕЛ)
1913  Карло Оријани (ИТА)  Филип Тис (БЕЛ) (1/3)
1914  Алфонсо Калцолари (ИТА)  Филип Тис (БЕЛ) (2/3)
1915 не се одржала не се одржала
1916
1917
1918
1919  Костанте Џирарденго (ИТА) (1/2)  Фирмин Ламбо (БЕЛ) (1/2)
1920  Гаетано Белони (ИТА)  Филип Тис (БЕЛ) (3/3)
1921  Џовани Брунеро (ИТА) (1/3)  Леон Скиор (БЕЛ)
1922  Џовани Брунеро (ИТА) (2/3)  Фирмин Ламбо (БЕЛ) (2/2)
1923  Костанте Џирарденго (ИТА) (2/2)  Анри Пелисје (ФРА)
1924  Џузепе Енричи (ИТА)  Отавио Ботекија (ИТА) (1/2)
1925  Алфредо Бинда (ИТА) (1/5)  Отавио Ботекија (ИТА) (2/2)
1926  Џовани Брунеро (ИТА) (3/3)  Лисјен Бијсе (БЕЛ)
1927  Алфредо Бинда (ИТА) (2/5)  Николас Франц (ЛУК) (1/2)
1928  Алфредо Бинда (ИТА) (3/5)  Николас Франц (ЛУК) (2/2)
1929  Алфредо Бинда (ИТА) (4/5)  Морис де Веле (БЕЛ)
1930  Луиџи Маркизио (ИТА)  Андре Ледик (ФРА) (1/2)
1931  Франческо Камусо (ИТА)  Антонин Мање (ФРА) (1/2)
1932  Антонио Пезенти (ИТА)  Андре Ледик (ФРА) (2/2)
1933  Алфредо Бинда (ИТА) (5/5)  Жорж Шпајхер (ФРА)
1934  Леарко Гера (ИТА)  Антонин Мање (ФРА) (2/2)
1935  Васко Бергамаски (ИТА)  Ромен Мес (БЕЛ)  Густаф Делор (БЕЛ) (1/2)
1936  Џино Бартали (ИТА) (1/5)  Силвер Мес (БЕЛ) (1/2)  Густаф Делор (БЕЛ) (2/2)
1937  Џино Бартали (ИТА) (2/5)  Роже Лапебје (ФРА) не се одржала
1938  Џовани Валети (ИТА) (1/2)  Џино Бартали (ИТА) (3/5)
1939  Џовани Валети (ИТА) (2/2)  Силвер Мес (БЕЛ) (2/2)
1940  Фаусто Копи (ИТА) (1/7) не се одржала
1941 не се одржала  Хулијан Берендеро (ШПА) (1/2)
1942  Хулијан Берендеро (ШПА) (2/2)
1943 не се одржала
1944
1945  Делио Родригез (ШПА)
1946  Џино Бартали (ИТА) (4/5)  Далмасио Лангарика (ШПА)
1947  Фаусто Копи (ИТА) (2/7)  Жан Робик (ФРА)  Едвард ван Дејк (БЕЛ)
1948  Фиоренцо Мањи (ИТА) (1/3)  Џино Бартали (ИТА) (5/5)  Бернардо Руиз (ШПА)
1949  Фаусто Копи (ИТА) (3/7)  Фаусто Копи (ИТА) (4/7) не се одржала
1950  Иго Кобле (ШВА) (1/2)  Фердинанд Киблер (ШВА)  Емилио Родригез (ШПА)
1951  Фиоренцо Мањи (ИТА) (2/3)  Иго Кобле (ШВА) (2/2) не се одржала
1952  Фаусто Копи (ИТА) (5/7)  Фаусто Копи (ИТА) (6/7)
1953  Фаусто Копи (ИТА) (7/7)  Лујон Бобе (ФРА) (1/3)
1954  Карло Клеричи (ШВА)  Лујон Бобе (ФРА) (2/3)
1955  Фиоренцо Мањи (ИТА) (3/3)  Лујон Бобе (ФРА) (3/3)  Жан Дото (ФРА)
1956  Шарли Гол (ЛУК) (1/3)  Роже Валковјак (ФРА)  Анџело Контерно (ИТА)
1957  Гастоне Ненчини (ИТА)  Жак Анкетил (ФРА) (1/8)  Хесус Лороњо (ШПА)
1958  Ерколе Балдини (ИТА)  Шарли Гол (ЛУК) (2/3)  Жан Стаблински (ФРА)
1959  Шарли Гол (ЛУК) (3/3)  Федерико Баамонтес (ШПА)  Антонио Суарез (ШПА)
1960  Жак Анкетил (ФРА) (2/8)  Гастоне Ненчини (ИТА)  Франс де Мулдер (БЕЛ)
1961  Арналдо Памбјанко (ИТА)  Жак Анкетил (ФРА) (3/8)  Анџелино Солер (ШПА)
1962  Франко Балмамион (ИТА) (1/2)  Жак Анкетил (ФРА) (4/8)  Руди Алтиг (ГЕР)
1963  Франко Балмамион (ИТА) (2/2)  Жак Анкетил (ФРА) (5/8)  Жак Анкетил (ФРА) (6/8)
1964  Жак Анкетил (ФРА) (7/8)  Жак Анкетил (ФРА) (8/8)  Рајмон Пулидор (ФРА)
1965  Виторио Адорни (ИТА)  Феличе Џимонди (ИТА) (1/5)  Ролф Волфсхол (ГЕР)
1966  Џани Мота (ИТА)  Лисиен Ајмар (ФРА)  Франсиско Габика (ШПА)
1967  Феличе Џимонди (ИТА) (2/5)  Роже Пинжон (ФРА) (1/2)  Јан Јансен (ХОЛ) (1/2)
1968  Еди Меркс (БЕЛ) (1/11)  Јан Јансен (ХОЛ) (2/2)  Феличе Џимонди (ИТА) (3/5)
1969  Феличе Џимонди (ИТА) (4/5)  Еди Меркс (БЕЛ) (2/11)  Роже Пинжон (ФРА) (2/2)
1970  Еди Меркс (БЕЛ) (3/11)  Еди Меркс (БЕЛ) (4/11)  Луис Окања (ШПА) (1/2)
1971  Геста Петерсон (ШВЕ)  Еди Меркс (БЕЛ) (5/11)  Фердинанд Браке (БЕЛ)
1972  Еди Меркс (БЕЛ) (6/11)  Еди Меркс (БЕЛ) (7/11)  Хосе Мануел Фуенте (ШПА) (1/2)
1973  Еди Меркс (БЕЛ) (9/11)  Луис Окања (ШПА) (2/2)  Еди Меркс (БЕЛ) (8/11)
1974  Еди Меркс (БЕЛ) (10/11)  Еди Меркс (БЕЛ) (11/11)  Хосе Мануел Фуенте (ШПА) (2/2)
1975  Фаусто Бертолјо (ИТА)  Бернар Тевене (ФРА) (1/2)  Агустин Тамамес (ШПА)
1976  Феличе Џимонди (ИТА) (5/5)  Лисиен ван Импе (БЕЛ)  Хосе Песародона (ШПА)
1977  Мишел Полентие (БЕЛ)  Бернар Тевене (ФРА) (2/2)  Фреди Мертенс (БЕЛ)
1978  Јохан де Минк (БЕЛ)  Бернар Ино (ФРА) (1/10)  Бернар Ино (ФРА) (2/10)
1979  Џузепе Сарони (ИТА) (1/2)  Бернар Ино (ФРА) (3/10)  Јоп Зутемелк (ХОЛ) (1/2)
1980  Бернар Ино (ФРА) (4/10)  Јоп Зутемелк (ХОЛ) (2/2)  Фаустино Руперез (ШПА)
1981  Џовани Баталјин (ИТА) (1/2)  Бернар Ино (ФРА) (5/10)  Џовани Баталјин (ИТА) (2/2)
1982  Бернар Ино (ФРА) (6/10)  Бернар Ино (ФРА) (7/10)  Марионо Лехарета (ШПА)
1983  Џузепе Сарони (ИТА) (2/2)  Лорен Фињон (ФРА) (1/3)  Бернар Ино (ФРА) (8/10)
1984  Франческо Мозер (ИТА)  Лорен Фињон (ФРА) (2/3)  Ерик Кариту (ФРА)
1985  Бернар Ино (ФРА) (9/10)  Бернар Ино (ФРА) (10/10)  Педро Делгадо (ШПА) (1/3)
1986  Роберто Висентини (ИТА)  Грег Лемонд (САД) (1/3)  Алваро Пино (ШПА)
1987  Стивен Роуш (ИРС) (1/2)  Стивен Роуш (ИРС) (2/2)  Луис Ерера (КОЛ)
1988  Енди Хемпстен (САД)  Педро Делгадо (ШПА) (2/3)  Шон Кели (ИРС)
1989  Лорен Фињон (ФРА) (3/3)  Грег Лемонд (САД) (2/3)  Педро Делгадо (ШПА) (3/3)
1990  Џани Буњо (ИТА)  Грег Лемонд (САД) (3/3)  Марко Џованети (ИТА)
1991  Франко Кјоколи (ИТА)  Мигел Индураин (ШПА) (1/7)  Мелкор Маури (ШПА)
1992  Мигел Индураин (ШПА) (2/7)  Мигел Индураин (ШПА) (3/7)  Тони Ромингер (ШВА) (1/4)
1993  Мигел Индураин (ШПА) (4/7)  Мигел Индураин (ШПА) (5/7)  Тони Ромингер (ШВА) (2/4)
1994  Евгениј Берзин (РУС)  Мигел Индураин (ШПА) (6/7)  Тони Ромингер (ШВА) (3/4)
1995  Тони Ромингер (ШВА) (4/4)  Мигел Индураин (ШПА) (7/7)  Лорен Жалабер (ФРА)
1996  Павел Тонков (РУС)  Бјарне Рис (ДАН)  Алекс Циле (ШВА) (1/2)
1997  Иван Готи (ИТА) (1/2)  Јан Улрих (ГЕР) (1/2)  Алекс Циле (ШВА) (2/2)
1998  Марко Пантани (ИТА) (1/2)  Марко Пантани (ИТА) (2/2)  Абрахам Олано (ШПА)
1999  Иван Готи (ИТА) (2/2) без победник[9]  Јан Улрих (ГЕР) (2/2)
2000  Стефано Гарцели (ИТА)  Роберто Ерас (ШПА) (1/3)
2001  Џилберто Симони (ИТА) (1/2)  Анхел Касеро (ШПА)
2002  Паоло Саволдели (ИТА) (1/2)  Ајтор Гонсалез (ШПА)
2003  Џилберто Симони (ИТА) (2/2)  Роберто Ерас (ШПА) (2/3)
2004  Дамијано Кунего (ИТА)  Роберто Ерас (ШПА) (3/3)
2005  Паоло Саволдели (ИТА) (2/2)  Денис Мењшов (РУС) (1/3)
2006  Иван Басо (ИТА) (1/2)  Оскар Переиро (ШПА)  Александар Винокуров (КАЗ)
2007  Данило ди Лука (ИТА)  Алберто Контадор (ШПА) (1/6)  Денис Мењшов (РУС) (2/3)
2008  Алберто Контадор (ШПА) (2/6)  Карлос Састре (ШПА)  Алберто Контадор (ШПА) (3/6)
2009  Денис Мењшов (РУС) (3/3)  Алберто Контадор (ШПА) (4/6)  Алехандро Валверде (ШПА)
2010  Иван Басо (ИТА) (2/2)  Енди Шлек (ЛУК)  Винченцо Нибали (ИТА) (1/3)
2011  Микеле Скарпони (ИТА)  Кедел Еванс (АВС)  Хуан Хосе Кобо (ШПА)
2012  Рајдер Хесједал (КАН)  Бредли Вигинс (ВБР)  Алберто Контадор (ШПА) (5/6)
2013  Винченцо Нибали (ИТА) (2/3)  Крис Фрум (ВБР)  Крис Хорнер (САД)
2014  Наиро Кинтана (КОЛ)  Винченцо Нибали (ИТА) (3/3)  Алберто Контадор (ШПА) (6/6)

Статистики[уреди]

Победници на сите три Гранд Тур трки[уреди]

Ниеден велосипедисти не ги освоил сите три Гранд Тур трки во истата година. Само двајца велосипедисти се имаат пласирано во првите десет на сите три Гранд Тур трки во истата година: Џеминијани во 1955 и Ненчини во 1957.

Само шест велосипедисти ги имаат освоено сите три Гранд Тур трки во текот на нивната кариера:[10]

Само тројца велосипедисти имаат освоено етапи на сите три Гранд Тур трки во истата година:[11]

Подиуми на сите три Гранд Тур трки[уреди]

Петнаесет велосипедисти се имаат качено на подиум на сите три Гранд Тур трки во текот на нивната кариера:

Име Тур Џиро Вуелта Вкупно
 Жак Анкетил (ФРА) 6 6 1 13
 Бернар Ино (ФРА) 7 3 2 12
 Еди Меркс (БЕЛ) 6 5 1 12
 Феличе Џимонди (ИТА) 2 9 1 12
 Мигел Индураин (ШПА) 5 3 1 9
 Винченцо Нибали (ИТА) 1 3 1 7
 Лорен Фињон (ФРА) 3 2 1 6
 Карлос Састре (ШПА) 2 1 3 6
 Тони Ромингер (ШВА) 1 1 4 6
 Алберто Контадор (ШПА) 2 1 3 6
 Кедел Еванс (АВС) 3 1 1 5
 Денис Мењшов (РУС) 2 1 2 5
 Хосе Мануел Фуенте (ШПА) 1 1 2 4
 Хоаким Родригез (ШПА) 1 1 2 4
 Херман ван Спрингел (БЕЛ) 1 1 1 3

Победници на два Гранд Тур во една година[уреди]

Девет возачи имаат постигнато двоен ефект преку победување на две Гранд Тур трки во истата година.

Седум велосипедисти ги имаат победено Тур и Џиро во истата година:[10]

Двојниот ефект Тур/Вуелта го имаат постигнато двајца велосипедисти:[10]

Двојниот ефект Џиро/Вуелта го имаат постигнато тројца велосипедисти:[10]

Од деветте погоре, двојните ефекти на Пантани, Роуш и Баталјин воедно им биле и единствените победи на Гранд Тур во нивните кариери.

Најмногу Гранд Тур победи[уреди]

Најмногу Гранд Тур победи[10]
Име Вкупно победи Тур де Франс Џиро д’Италија Вуелта а Еспања
 Меркс, ЕдиЕди Меркс (БЕЛ) 11 5 (1969, 1970, 1971, 1972, 1974) 5 (1968, 1970, 1972, 1973, 1974) 1 (1973)
 Ино, БернарБернар Ино (ФРА) 10 5 (1978, 1979, 1981, 1982, 1985) 3 (1980, 1982, 1985) 2 (1978, 1983)
 Анкетил, ЖакЖак Анкетил (ФРА) 8 5 (1957, 1961, 1962, 1963, 1964) 2 (1960, 1964) 1 (1963)
 Индураин, МигелМигел Индураин (ШПА) 7 5 (1991, 1992, 1993, 1994, 1995) 2 (1992, 1993) 0
 Копи, ФаустоФаусто Копи (ИТА) 7 2 (1949, 1952) 5 (1940, 1947, 1949, 1952, 1953) 0

Најмногу Гранд Тур етапни победи[уреди]

Имињата на активните велосипедисти се напишано со задебелени букви.[12] Овој список е заокружен со Вуелта а Еспања 2013.

Место Име Земја Етапни победи на
Тур де Франс[13]
Етапни победи на
Џиро д’Италија
Етапни победи на
Вуелта а Еспања
Етапни победи на
Гранд Тур
1 Еди Меркс  Белгија 34 24 6 64
2 Марио Чиполини  Италија 12 42 3 57
3 Алесандро Петаки  Италија 6 22 20 48
4 Алфредо Бинда  Италија 2 41 0 43
Марк Кевендиш  Велика Британија 25 15 3 43
6 Бернар Ино  Франција 28 6 7 41
7 Леарко Гуера  Италија 8 31 0 39
Делио Родригез  Шпанија 0 0 39 39
9 Рик ван Лој  Белгија 7 12 18 37
10 Фреди Мертенс  Белгија 15 7 13 35
11 Фаусто Копи  Италија 9 22 0 31
12 Костанте Џирарденго  Италија 0 30 0 30
13 Џино Бартали  Италија 12 17 0 29
14 Марино Басо  Италија 6 15 6 27
15 Рафаеле ди Пако  Италија 11 15 0 26
Гвидо Бонтемпи  Италија 6 16 4 26
Мигел Побле  Шпанија 3 20 3 26
18 Андре Ледик  Франција 25 0 0 25
Франко Битоси  Италија 4 21 0 25
Рик ван Стенберген  Белгија 4 15 6 25
Лорен Жалабер  Франција 4 3 18 25
Франческо Мозер  Италија 2 23 0 25
23 Роби Мекјуан Австралија Австралија 12 12 0 24
Роџер де Влеминк  Белгија 1 22 1 24
Џузепе Сарони  Италија 0 24 0 24
26 Андре Дарижад  Франција 22 0 0 22
Жак Анкетил  Франција 16 5 1 22
Жан Пол ван Попел  Холандија 9 4 9 22
29 Шарли Гаул  Луксембург 10 11 0 21
Шон Кели  Ирска 5 0 16 21
31 Николас Франц  Луксембург 20 0 0 20
Ерик Цабел  Германија 12 0 8 20
Гербен Карстенс  Холандија 6 1 13 20
Тони Ромингер  Швајцарија 3 5 12 20
Џузепе Олмо  Италија 0 20 0 20
36 Франсоа Фабер  Луксембург 19 0 0 19
Жан Алавоан  Франција 17 2 0 19
38 Нино Дефилипис  Италија 7 9 2 18
39 Джамолидин Абдужапаров  Узбекистан 9 1 7 17
40 Рене ле Грев  Франција 16 0 0 16
Шарл Пелисје  Франција 16 0 0 16
Мигел Индураин  Шпанија 12 4 0 16
Руди Алтиг  Германија 8 2 6 16
Фјоренцо Мањи  Италија 7 6 3 16
Марко Пантани  Италија 8 8 0 16
Урс Фројлер  Швајцарија 1 15 0 16
47 Џани Буњо  Италија 4 9 2 15
Рик ван Линден  Белгија 4 9 2 15
Морено Арџентин  Италија 2 13 0 15
50 Тор Хушовд  Норвешка 10 1 3 14
Феличе Џимонди  Италија 7 6 1 14
Алекс Циле  Швајцарија 2 3 9 14
Марсел Вист  Германија 1 1 12 14
54 Филип Тис  Белгија 13 0 0 13
Луј Труселје  Франција 13 0 0 13
Валтер Годефрот  Белгија 10 1 2 13
Јоп Зутемелк  Холандија 10 0 3 13
Гвидо Рејбрук  Белгија 6 3 4 13
Иго Кобле  Швајцарија 5 7 1 13
Пјерино Бафи  Италија 5 4 4 13
Хосе Мануел Фуенте  Шпанија 2 8 3 13
62 Лујон Бобе  Франција 11 1 0 12
Лорен Фињон  Франција 9 2 1 12
Андре Грајпел  Германија 6 2 4 12
Хулио Хименез  Шпанија 5 4 3 12
Никола Минали  Италија 3 2 7 12
Еди Планкерт  Белгија 2 0 10 12
Микеле Данчели  Италија 1 11 0 12
Роберто Ерас  Шпанија 1 1 10 12
Хулијан Берендеро  Шпанија 1 0 11 12
Виторио Адорни  Италија 0 11 1 12
72 Жан Ертс  Белгија 11 0 0 11
Морис Аршамбо  Франција 10 1 0 11
Федерико Бахамонтес  Шпанија 7 1 3 11
Жан Стаблински  Франција 5 2 4 11
Гастоне Ненчини  Италија 4 7 0 11
Јерун Блејлевенс  Холандија 4 2 5 11
Оскар Фреир  Шпанија 4 0 7 11
Јан Сворада  Чешка 3 5 3 11
Даниеле Бенати  Италија 2 3 6 11
Мигуел Марија Ласа  Шпанија 2 3 6 11
Џилберто Симони  Италија 1 8 2 11
Доминго Перурена  Шпанија 0 0 11 11
Августин Тамамес  Шпанија 0 0 11 11
Алехандро Валверде  Шпанија 4 0 7 11
Хоаким Родригез  Шпанија 1 2 8 11
Фабијан Канчелара  Швајцарија 8 0 3 11
87 Гери Кнетеман  Холандија 10 0 0 10
Антонин Мање  Франција 10 0 0 10
Анри Пелисие  Франција 10 0 0 10
Марсел Кител  Германија 7 2 1 10
Јан Рас  Холандија 10 0 0 10
Лисиен ван Импе  Белгија 9 1 0 10
Бери Хобан  Велика Британија 8 0 2 10
Едвард Селс  Белгија 7 1 2 10
Јан Улрих  Германија 7 1 2 10
Дејвид Милар  Велика Британија 4 1 5 10
Џовани Кориери  Италија 3 7 0 10

Наводи[уреди]

  1. 1,0 1,1 1,2 „UCI Велосипедски одредби“. стр. 56. http://www.uciprotour.com/Modules/BUILTIN/getObject.asp?MenuId=MTcxNw&ObjTypeCode=FILE&type=FILE&id=34028&LangId=1. конс. 20 јули 2012. 
  2. 2,0 2,1 „UCI Велосипедски трки“. стр. 41. http://www.uci.ch/Modules/BUILTIN/getObject.asp?MenuId=MTkzNg&ObjTypeCode=FILE&type=FILE&id=34028&LangId=1. конс. 20 јули 2012. 
  3. Тур, Џиро и Светското друмско првенство ја прават Тројната круна на велосипедизмот.
  4. An American in Italy cyclingnews.com, 5 мај 2009
  5. Million dollar, baby! cyclingnews.com, 12 јануари 2007
  6. Vuelta a España A-Z cyclingnews.com, 7 септември 2008
  7. „Тони Ромингер“. Cycling Hall of Fame.com. 27 март 1961. http://www.cyclinghalloffame.com/riders/rider_bio.asp?rider_id=50. конс. 20 јули 2012. 
  8. Рише, Антоан (19 март 2005). „Doubler deux Grands Tours revient à la mode“ (на француски). CyclisMag. http://www.cyclismag.com/article.php?sid=917. конс. 11 ноември 2010. 
  9. Ленс Армстронг бил првично награден како победник на Тур де Франс од 1999 до 2005 година, но неговите резултати биле поништени по истрагата за допинг во 2012 година и трките биле оставени без да биде прогласен алтернативен победник.
  10. 10,0 10,1 10,2 10,3 10,4 „Историски резултати - Гранд Тур“. http://www.cyclinghalloffame.com/races/results/results_grand_tours.txt. конс. 20 јули 2012. 
  11. Петаки се израмни со Побле и Бафи, 9 септември 2003, Cyclingnews]
  12. „Џиро д’Италија 2009“ (pdf). Infostrada sports. 2009. стр. 208. http://www.infostradasports.com/download/media/handbook.pdf. конс. 29 јуни 2011. 
  13. „Le Tour en chiffres : Les vainqueurs d'étapes“. ASO. http://www.letour.fr/2009/TDF/COURSE/docs/histo2009_07.pdf. конс. 26 јули 2010.