Островски игри

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Островските игри (англ. Island Games) се меѓународен повеќеспортски натпревар во организација на Меѓународна федерација за Островски игри (IGA).

Историја[уреди]

Островските игри започнале во 1985 под името „Меѓуостровски игри“ (Inter-Island Games) како дел од Меѓународната спортска година на островот Ман, предвидени само како еднократен спортски настан. Првиот директор на игрите, Џефри Корлет, не се ограничил на островите околу Британија, туку ги повикал на учество и Исланд, Малта, Фарски Острови, Гренланд, Света Елена и Каналските Острови и други. На првите игри учествувале петнаесет острови со 600 натпреварувачи во седум спортови, на вкупен организациски трошок од 70.000 фунти. Натпреварите во атлетски дисциплини се одржале на патека од трева со осум ленти - огромна разлика од денешните игри, што се одржуваат на синтетичка патека во стадион со капацитет за 10.000 гледачи. Првите игри доживеале таков успех, што било одлучено да се одржуваат секои две години.

Домаќини[уреди]

Веслање: данска поштенска марка во чест на Островските игри во 1989
Фудбал на фарска поштенска марка
Година Игри Остров-домаќин Земја
1985 I  Ман Велика Британија британски крунски посед
1987 II  Гернзи Велика Британија британски крунски посед
1989 III  Фарски Острови Данска дански автономен регион
1991 IV  Оланд Финска финска автономна покраина
1993 V Остров Вајт Вајт Англија англиска грофовија
1995 VI  Гибралтар Велика Британија британска прекуморска територија
1997 VII  Џерси Велика Британија британски крунски посед
1999 VIII  Готланд Шведска шведски округ
2001 IX  Ман Велика Британија британски крунски посед
2003 X  Гернзи Велика Британија британски крунски посед
2005 XI  Шетландски Острови Шкотска шкотска грофовија
2007 XII  Родос Грција грчки остров
2009 XIII  Оланд Финска финска автономна покраина
2011 XIV  Остров Вајт Англија англиска грофовија
2013 XV  Бермуда Велика Британија британска прекуморска територија
2015 XVI  Џерси Велика Британија британски крунски посед

Спортови[уреди]

Домаќинот одбира 12-14 спортови за игрите од следниов список:

Освоени медали[уреди]

Еве список на острови со вкупниот број на освоени медали. Кога земјите имаат еднаков број на златни медали, пласманот се определува по бројот на освоени сребрени медали, а потоа и бронзени.

Освоени медали
Место Земја Gold medal icon.svg Silver medal icon.svg Bronze medal icon.svg Вкупно
1  Џерси 418 408 387 1203
2  Ман 343 333 353 1029
3  Гернзи 335 349 363 1047
4  Готланд 208 173 170 551
5  Фарски Острови 162 155 183 500
6  Оланд 153 160 134 447
7  Остров Вајт 150 138 182 470
8  Кајмански Острови 65 44 49 158
9  Сарема 60 72 71 203
10  Бермуда 56 54 64 174
11  Исланд 50 45 41 136
12  Родос 50 43 43 136
13  Гибралтар 44 48 74 166
14  Шетландски Острови 37 52 81 170
15  Менорка 28 25 33 86
16  Оркни 19 31 37 87
17  Англси 19 30 38 87
18  Гренланд 15 19 26 58
19  Остров Принц Едвард 6 6 9 21
20  Малта 6 2 2 10
21  Надворешни Хебриди 3 5 13 21
22  Сарк 2 8 6 16
23  Фолкландски Острови 1 5 11 17
24  Хитра 1 2 0 3
25  Фреја 1 1 2 4
26  Олдерни 0 2 3 5
27  Света Елена 0 0 2 2

Од 2001 наваму, натпреварувачите од острови со помалку од 10.000 жители (Олдерни, Фокланд, Фреја, Хитра, Св. Елена и Сарк) се натпреваруваат за златни, сребрени или бронзени уверенија, со тоа што среброто се доделува ако има барем 3 натпреварувачи, а бронзата ако има барем 4.

Надворешни врски[уреди]