Денис Мењшов

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Денис Мењшов

Мењшов на Тур де Романди 2011
Лични податоци
Цело име Денис Николаевич Мењшов
Прекар Тивкиот убиец
Папата
Дени[1]
Роден 25 јануари 1978 (1978-01-25) (36 г.)
Орел, Советски Сојуз
Висина 1,80 м
Маса 65 кг
Податоци за клубот
Мом. клуб Пензиониран
Дисциплина Друмски велосипедизам
Улога Возач
Вид на возач Универзален возач
Професионални клубови
2000–2004
2005–2010
2011
2012–2013
Банесто
Рабобанк
Геокс-ТМЦ
Тим Катјуша
Значајни победи
Гранд Тур
Тур де Франс
Пласман за млад возач (2003)
1 индивидуална етапа
Џиро д’Италија
Генерален пласман (2009)
Бодовен пласман (2009)
2 индивидуални етапи
Вуелта а Еспања
Генерален пласман (2005, 2007)
Планински пласман (2007)
Комбиниран пласман (2005, 2007)
5 индивидуални етапи

Етапни трки

Трка околу Баскија (2004)
Вуелта а Мурсија (2009)

Еднодневни трки и класици

Национален хронометарски првак (2012)
Последна промена
21 јануари 2014

Денис Николаевич Мењшов (руски: Денис Николаевич Меньшов; р. 25 јануари 1978 во Орел) — поранешен руски професионален друмски велосипедист, кој настапувал професионално од 2000 до 2013. Тој бил возач за генерален пласман, специјалист во искачување и многу добар хронометраш. Во 2005 ја освоил Вуелта а Еспања, која ја освоил по вторпат во 2007. Мењшов исто така ја освоил и Џиро д’Италија во 2009 и завршил втор на Тур де Франс во 2010, станувајќи првиот Русин кој успеал во тоа.

Професионална кариера[уреди]

Банесто (2000–2004)[уреди]

Мењшов ја започнал неговата професионална кариера во 2000 со екипата Банесто на Хосе Мигуел Ечевари. Неговите први успеси дошле во 2001, кога ја освоил Тур де л’Авенир, етапна трка за млади професионалци. Една година подоцна освоил етапа на Дофине Либере. Во 2003, Мењшов го имал неговиот пробив, кога завршил 11. на Тур де Франс и го освоил пласманот за млад возач. 2004 била неговата последна година во Банесто и неговата најуспешна. Ја освоил Трката околу Баскија, етапа на Вуелта а Арагон, етапа на Париз-Ница и етапата 5 на Вуелта а Еспања 2004.

Рабобанк (2005–2010)[уреди]

Договорот на Мењшов истекол во септември 2004 и се преместил во холандската екипа Рабобанк на две години. Станал капетан на екипата по заминувањето на Леви Лајпхајмер во Геролштајнер. Мењшов бил главен кандидат во Рабобанк за Тур де Франс 2005, но поради настинка, завршил 85., 2 часа и 35 минути зад Ленс Армстронг.[2] На Вуелта 2005 бил многу поуспешен. Го освоил воведниот хронометар во Гранада и етапата девет со хронометар во Лорет де Март и ја облекол водечката златна маичка. На етапата 15, го изгубил од вид Роберто Ерас на искачувањата и ја завршил трката зад него. Ерас подоцна бил дисквалификуван поради допинг,[3] и Мењшов официјално ја добил победата на Вуелта 2005. Исто така го освоил и комбинираниот пласман на трката.[4]

На Тур де Франс 2006 Мењшов ја освоил 11. етапа - втора планинска етапа - по спринтот со Лајпхајмер и Флојд Ландис. Последната недела го земала својот данок, па затоа тој отпаднал од третото на шестото место на Алпите.

Мењшов го напуштил Тур де Франс 2007 на етапата 17, еден ден откако неговиот колега Михаел Расмусен бил отпуштен од Рабобанк.[5] Подоцна истата година, ја освоил Вуелта а Еспања, откако водел во втората половина на трката. На Вуелта освоил и една етапа, како и планинскиот и комбинираниот пласман.

Во 2008 Мењшов бил фокусиран на Тур де Франс и не ја одбранил неговата титула на Вуелта.[6] Завршил 4. на Тур. Третопласираниот Бернхард Кол бил дискалификуван за допинг, меѓутоа возачите не биле поместени за местото на Кол. Исто така, претходно Мењшов завршил 5. на Џиро.

Denis Menchov 2.jpg

Во 2009 Мењшов го освоил Џиро д’Италија, со победи на етапите 5 и 12. И покрај падот во последниот километар на последната етапа, индивидуален хронометар низ улиците на Рим, Мењшов ја задржал розовата маичка и го зголемил неговото водство за 21 секунди, победувајќи со 41 секунди над Италијанецот Данило ди Лука.[7][8]

На Тур де Франс 2010, Мењшов дошол до второто место. Тој бил првично трет, но потоа се поместил на второто место, како последица на суспендирањето на Контадор за допинг аферата, како што било одлучено на 6 февруари 2012.

Геокс-ТМЦ (2011)[уреди]

Подоцна во 2010, Мењшов се преместил во Геокс-ТМЦ, како заеднички лидер со Карлос Састре. Мењшов бил заменет како лидер во Рабобанк од Роберт Гесинк. Со Геокс, Мењшов завршил 8. на Џиро д’Италија 2011. Екипата не била повикана на Тур де Франс. Мењшов завршил петти во генералниот пласман на Вуелта а Еспања, помагајќи му на колегата Хуан Хосе Кобо во победата во генералниот пласман.

Катјуша (2012–)[уреди]

На крајот на 2011, Мењшов се преселил во руската екипа Тим Катјуша за сезоната 2012.[9] Мењшов во сезоната 2012 се насочил на Тур де Франс 2012, иако бил повреден на падовите. Исто така, Мењшов го освоил руското национално хронометарско првенство. Го започнал Тур многу добро на осмото место на прологот, но поради здравствени проблеми, завршил само 15. на крајот на трката[10]. Потоа се насочил кон Летните олимписки игри 2012, каде настапил за Русија на олимписката друмска трка и на индивидуалниот хронометар[11]. По Олимписките игри, Мењшов возел на Вуелта а Еспања, каде ја освоил претпоследната етапа на Бола дел Мундо, откако го поминал Ричи Порт.

Достигнувања[уреди]

1997
1. Волта а Лајда
2001
1. Краен пласман Тур де л’Авенир
2002
1. Етапа 2 Критериум ду Дофине Либере
2003
1. Класика а лос Пуертос де Гвадарама
11. Краен пласман Тур де Франс
1. Jersey white.svg Пласман за млад возач
2004
1. Краен пласман Трка околу Баскија
1. Етапа 4
1. Етапа 5 Вуелта а Еспања
1. Етапа 6 Париз-Ница
1. Етапа 1 Вуелта а Арагон
2005
1. Краен пласман Jersey red.svg Вуелта а Еспања
1. Етапа 1
1. Етапа 9
1. Jersey white.svg Комбиниран пласман
2006
5. Краен пласман Тур де Франс
1. Етапа 11
6. Краен пласман Критериум ду Дофине Либере
1. Етапа 4
2007
1. Краен пласман Jersey red.svg Вуелта а Еспања
1. Етапа 10
1. Планински пласман
1. Jersey white.svg Комбиниран пласман
2. Краен пласман Волта а Каталуња
1. Бодовен пласман
1. Етапа 5
2008
4. Краен пласман Тур де Франс
4. Краен пласман Тур де Романди
5. Краен пласман Џиро д’Италија
5. Краен пласман Вуелта а Кастилја и Леон
6. Класика де Сан Себастијан
2009
1. Краен пласман Jersey pink.svg Џиро д’Италија
1. Jersey red.svg Бодовен пласман[12]
1. Етапа 5
1. Етапа 12
1. Краен пласман Вуелта а Мурсија
2010
2. Краен пласман Вуелта а Мурсија
2. Краен пласман Тур де Романди
2. Краен пласман Тур де Франс
2011
2. Краен пласман Вуелта а Мурсија
1. Етапа 2
5. Краен пласман Вуелта а Еспања
5. Краен пласман Трка околу Австрија
7. Краен пласман Џиро д’Италија
2012
1. MaillotRusia.PNG Национален хронометарски првак
1. Етапа 20 Вуелта а Еспања
4. Краен пласман Вуелта а Андалусија
2013
4. Краен пласман Волта ао Алгарве
8. Гран Премио Чита ди Камаиоре

Резултати на генералните пласмани на Гранд Тур[уреди]

Гранд Тур 2001 2002 2003 2004 2005 2006 2007 2008 2009 2010 2011 2012
Џиро - - - - - - - 5 1 - 7 -
Тур 47 93 11 СО 85 5 СО 3 51 2 - 15
Вуелта - - - СО 1 СО 1 - - 41 5 54

СО = се откажал

Наводи[уреди]

  1. „Giro d'Italia feature“. cyclingnews.com. 19 мај 2009. http://autobus.cyclingnews.com/road/2009/giro09/?id=/features/2009/giro09_menchov_sastre. конс. 10 јули 2009. 
  2. „Крајни пласмани на Тур де Франс 2005“. cyclingnews.com. http://autobus.cyclingnews.com/road/2005/tour05/?id=results/tour0521#gc. 
  3. Ернан Алварез (9 февруари 2006). „Ерас суспендиран на две години“. www.cyclingnews.com. http://autobus.cyclingnews.com/news.php?id=news/2006/feb06/feb09news2. конс. 26 март 2008. 
  4. „Крајни пласмани на Вуелта а Еспања 2005“. www.lavuelta.com. 9 февруари 2006. http://www.lavuelta.com/05/ingles/resultados/gencom21.asp?e=21. 
  5. „Тур де Франс - Мењшов си оди по Расмусен“. Eurosport. 26 јули 2007. http://uk.eurosport.yahoo.com/26072007/58/tour-de-france-menchov-quits-rasmussen-hits.html. конс. 26 март 2008. 
  6. Сајмон Баскет (19 февруари 2008). „Мењшов цели на Тур отколку на одбрана на Вуелта“. Reuters. http://www.reuters.com/article/sportsNews/idUSL1990754120080219. конс. 26 март 2008. 
  7. REUTERS 31 мај 2009. Russian Clinches Italian Bike Race. New York, NY: New York Times
  8. Галагер, Брендан. „Денис Мењшов победил на Џиро д’Италија“, „The Telegraph“, 31 мај 2009 (конс. 3 јуни 2009).
  9. Русинот Меншов оди во Катјуша“, „Yahoo!Eurosport“, TF1 Group, 12 декември 2011 (конс. 3 јануари 2012).
  10. Velonews.com July 17, 2012. Што се случи со Мењшов?: [1]
  11. Официјална страница на Катјуша, 26 јули 2012. Возачи на Катјуша кои ќе учествуваат на Олимписките игри во Лондон 2012.: [2]
  12. Награден по дисквалификувањето на првичниот победник Данило ди Лука

Надворешни врски[уреди]