Пјер Ролан (велосипедист)

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Пјер Ролан

Ролан на Критериум ду Дофине 2011
Лични податоци
Цело име Пјер Ролан
Роден 10 октомври 1986 (1986-10-10) (27 г.)
Жијан, Франција
Висина 1,84 м[1]
Маса 71 кг[1]
Податоци за клубот
Мом. клуб Тим Јуропкар
Дисциплина Друмски велосипедизам
Улога Возач
Вид на возач Специјалист за искачување / Универзален возач
Аматерски клубови
2005
2006
Супер Спорт 35
Кредит Агрикол (стажант)
Професионални клубови
2007–2008
2009–
Кредит Агрикол
Ббокс Бјуик Телеком
Значајни победи
Тур де Франс
Пласман за млад возач (2011)
2 индивидуални етапи (2011, 2012)
Последна промена
27 јануари 2014

Пјер Ролан (француски: Pierre Rolland; р. 10 октомври 1986 во Жијан) — француски професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата Тим Јуропкар.[2]

Кариера[уреди]

Ролан вози за победа на Алп д’Ез, 19. етапа на Тур де Франс 2011

Ролан станал професионалец во 2007 за Кредит Агрикол по возењето за екипата како стажист во доцната 2006. Во неговата прва сезона како професионалец, тој освоил етапи на Ла Тропикал Амиса Бонго и Тур ду Лимузин. Во 2008 тој го освоил планинскиот пласман на Критериум ду Дофине Либере.[3] На Летните олимписки игри 2008, Ролан се натпреварувал на друмската трка, но не успеал да заврши. Во 2010 тој освоил етапа на Сиркут де Лорен и завршил осми на Критериум ду Дофине.

Во текот на Тур де Франс 2011, Ролан добил признание за неговата силна работа во одбрана на жолтата маичка на Тома Веклер. По 14. етапа на Трката, Ленс Армстронг го нарече Ролан, како „рокѕвезда“.[4] Ролан ја освои 19. етапа на врвот на Алп д’Ез, победувајќи го олимписки златен победник Самуел Санчез и трикратниот победник на Тур де Франс Алберто Контадор.[5] Победата му ја донело и белата маичка, која успешно ја одбранил на 20. етапа. Го завршил Тур 10. во крајниот пласман, негов најдобар пласман во кариерата.

На Тур де Франс 2012, Ролан ја освоил етапата 11, етапа која завршувала на нагорнина во Ла Тусујар/Ле Сибел.[6] Завршил на Тур на осмото место во генералниот пласман, негов најдобар плсман и највисоко место на некој Французин таа година.

Достигнувања[уреди]

2007
1. Етапа 2 Тур ду Лимузин
2. Краен пласман Ла Тропикал Амиса Бонго
1. Етапа 1
2008
1. Jersey polkadot.svg Планински пласман Критериум ду Дофине Либере
2009
3. Краен пласман Ла Тропикал Амиса Бонго
2010
1. Jersey polkadot.svg Планински пласман Критериум Интернасионал
2. Краен пласман Сиркут де Лорен
1. Етапа 4
8. Краен пласман Критериум ду Дофине Либере
2011
10. Краен пласман Тур де Франс
1. Етапа 19[7]
1. Jersey white.svg Пласман за млад возач
2012
1. Етапа 3 Етоал де Бесеже
8. Краен пласман Тур де Франс
1. Етапа 11
2013
1. Jersey yellow.svg Краен пласман Сиркут де ла Сарт
1. Етапа 4
3. Париз-Камемберт
10. Краен пласман Џиро дел Трентино

Распоред на резултатите на Гранд Тур[уреди]

Гранд Тур 2009 2010 2011 2012 2013
Jersey pink.svg Џиро  —  —  —  —  —
Jersey yellow.svg Тур 21 58 10 8 24
Jersey red.svg Вуелта  — СО  —  —  —

СО = се откажал

Наводи[уреди]

Надворешни врски[уреди]