Рајдер Хесједал
Рајдер Хесједал прославувајќи ја победата на Џиро д’Италија 2012. |
|||||||||||||||
| Лични податоци | |||||||||||||||
|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
| Роден | 9 декември 1980 Викторија, Британска Колумбија |
||||||||||||||
| Висина | 1,88 м | ||||||||||||||
| Маса | 72 кг | ||||||||||||||
| Податоци за клубот | |||||||||||||||
| Мом. клуб | Гармин-Шарп | ||||||||||||||
| Дисциплина | Друмски велосипедизам | ||||||||||||||
| Улога | Возач | ||||||||||||||
| Вид на возач | Специјалист за искачување и хронометри | ||||||||||||||
| Професионални клубови | |||||||||||||||
| 1999–2000 2001–2003 2004 2005 2006 2007 2008– |
СААБ/Гери Фишер Субару/Гери Фишер Дискавери Канал Дискавери Канал Фонак ЈунајтедХелткер Слипстрим-Чипотл |
||||||||||||||
| Значајни победи | |||||||||||||||
|
|||||||||||||||
|
|||||||||||||||
| Последна промена 22 април 2013 |
|||||||||||||||
Рајдер Хесједал (роден на 9 декември 1980 во Викторија, Британска Колумбија, Канада) е канадски професионален велосипедист, кој вози за Гармин-Шарп. Тој е поранешен планински велосипедист, освојувајќи сребрен медал во 2011 на Светското првенство под 23 години. Станал професионалец со Дискавери Канал во 2005, откако неколку години настапувал за континенталната екипа на Рабобанк. Негов најдобар пласман на некоја Гранд Тур трка било шестото место на Тур де Франс 2010, сè додека не го освоил својот прв Гранд Тур на Џиро д’Италија 2012, прв Гранд Тур освоен од Канаѓанец.
Содржина |
Кариера [уреди]
Рана кариера [уреди]
Неговата кариера започнало во натпреварувањата за планински велосипедизам. Хесједал имал голем успех како планински велосипедист, кога станал двократен светски првак во планински велосипедизам во 2001 и 2002.[1] Тој освоил сребро како поединец на Светското првенство во планински велосипедизам во 2003 и настапил на Олимпијадата во 2004 за Канада во категоријата планински велосипедизам. На тие игри, Хесједал бил на неговиот пат да дојде до олимписки медал и да го посакува златниот медал пред остра карпа да ја дупне неговата гума, со што завршил олимпискио сон.[2]
Како последица на раните успеси и разочарувања во неговата кариера, тоа му дозволило да се префрли целосно на друмскиот велосипедизам.[2] Како специјалист за искачување и хронометраш, тој бил избран од Дискавери Ченел за Џиро д’Италиа 2005 и му помогнал на Паоло Саволдели во победата, иако самиот не успеал да ја заврши трката. По 2005 се придружил на швајцарската екипа, Фонак. Таму ги постигнал некои од неговите најдобри резултати, завршувајќи четврти на Волта а Каталуња 2006 и втор на канадското хронометарско првенство 2006. Подоцна таа сезона возел за Вуелта а Еспања, иако се откажал при крајот на трката за да се сконцентрира на Светските друмски првенства во Салцбург. Постигнал не толку значајни резултати. Крајот на екипата Фонак довело да му се придружи на тимот Хелт Нет за 2007. Во 2008 се приклучил на Гармин-Слипстрим и му помогнал на Кристијан Ванде Велде да дојде до петтото место на Тур де Франс.
2009 [уреди]
Во 2009, Хесједал настапил на Вуелта а Еспања. Тој завршил втор на планинската десетта етапа зад Сајмон Геранс (Сервело ТестТим), забележувајќи исто време како победникот.[3] Меѓутоа, не ја пропуштил неговата можност неколку дена подоцна на етапата 12, кога се одвоил од групата на фаворитите на тешкото искачување Алто де Велефик. Му се придружил на самиот возач напред Давид Гарсија (Ксакобео-Галиција) и се обидувал да го помине, но Шпанецот опстојувал заедно со него. Хесједал го поминал неговиот ривал близу целта и ја зел победата.[4] Со тој потфат, тој станал првиот Канаѓанец, кој освоил етапа на Вуелта и првиот канадски индивидуален победник на некоја Гранд Тур етапа од Стив Бауер на Тур де Франс 1988.[5] Меѓутоа, подоцна ја напуштил трката и не успеал да ја отпочне етапата 18.[6] Хесједал бил единствениот Канаѓанец, кој настапил на Тур де Франс и во 2008 и во 2009. Исто така бил првиот Канаѓанец кој возел на таа трка по повеќе од десет години.
На крајот на 2009, Хесједал бил избран како канадски велосипедист на деценијата и машки канадски велосипедист на годината. Почеста ја добил од Canadian Cyclist, а резултатите биле последица на електронско гласање.[7] Исто така, тој бил именуван како машки меѓународен велосипедист на годината за 2009 од Cycling BC.
2010 [уреди]
Во март, Хесједал добил добар резултат на Монтепаски Страде Бјанке, италијански трка која делумно се вози на правливи патишта. Завршил петти, 19 секунди зад победникот, Максим Иглински од Астана и изјавил дека е среќен со неговиот резултат.[8] Во април, Хесједал стигнал до престижен подиум на арденскиот класик Амстел Голд Рејс, која водела низ белгиските ридови. Во последниот километар, се обидел да го следи неверојатното забрзување на Филип Жилбер на стрмниот Кауберг, но морал да се задоволи со второто место, 2 секунди зад Белгиецот.[9]
Хесједал возел на Трката околу Калифорнија и завршил петти во генералниот пласман, земајќи ја победата на осмата етапа. Го отспринтал другите членови на бегството Крис Хорнер (Тим РадиоШек), Џорџ Хинкапи (БМЦ Рејсинг Тим) и Карлос Баредо (Квик Степ). Со овој успех, му помогнал во обезбедувањето на победата во генералниот пласман на Мајкл Роџерс, бидејќи Хесједал ги добил десетте секунди бонус како етапен победникот, со што никој од ривалите на Роџерс не успеал да му го преземе тесното водство во генералниот пласман.[10]
Во текот на Тур де Франс 2010, Хесједал завршил 4. на третата етапа, која вклучувала некои делови на калдрма, откако водел на трката голем дел, сè додека не бил достигнат во последните шест километри. Бил прогласен за најборбен возач на денот и така го носел црвениот број на четврттата етапа.[11] На 22 јули 2010, Хесједал повторно завршил четврти, овојпат на етапата 17 на познатиот Кол ду Турмале.[12] На крај, Хесједал завршил шести во генералниот пласман на Тур де Франс 2010, највисоко пласиран Канаѓанец на трката во последните 22 години, кога Бауер завршил четврти на Тур де Франс 1988.[13] Хесједал за неговиот резултат изјави:[13]
„Се надевам дека овој резултат ќе придонесе за канадскиот велосипедизам и ќе ја мотивира следната генерација на канадски велосипедисти. Се надевам дека најголема работа ќе се случи со ова... Овој пласман ќе биде тука (во книгите) засекогаш... Ако ова доведе Канаѓаните да биде посвесни за велосипедизмот и сакаат да возач, тогаш вредело да се достоен за ова.“
—Рајдер Хесједал, за 6. место на Тур де Франс
2011 [уреди]
Хесједал имал мирна 2011, со неколку мали победи. Во април, завршил како деветти на Трката околу Баскија.[14] Се пласирал во првите седум на четири од шесте етапи, но паднал од петтото на деветтото место во генералниот пласман по индивидуалниот хронометар, кој се одржал последниот ден, каде стигнал една минута и 52 секунди зад Тони Мартин.[15] Имал добар резултат на Тур де Франс 2011, иако не успеал да го повтори неговото шесто место од претходната година. Бил 18. во генералниот пласман и дел од победата на екипниот хронометар на Тим Гармин на втората етапа.[16] На планинската етапа 16, Хесједал стигнал до целта со неговиот колега Тор Хушовд и уште еден Норвежанец, Едвалд Боасон Хаген. Му дозволил на својот колега да го отпочне спринтот, со што ја зел и победата, додека Хесједал го освоил третото место.[17] Други познати резултати од 2011 се четвртото место на ГП Мигуел Индураин, десетти во генералниот пласман на Трката околу Калифорнија, дванаесетти на класикот Флеш Валон и 11. на домашната трка Гран при Монтреал.
2012 [уреди]
Хесједал возел силно на пролетните класици, вклучувајќи го и деветтото место на Лиеж-Бастон-Лиеж. Тој исто така возел на првите 4 етапи на Тур де Романди, но не ја завршил трката,[18] бидејќи Гармин-Баракуда сакале да го одржат свеж за претстојниот Џиро, каде би бил екипен водач за генералниот пласман, додека задача на неговиот колега Тајлер Фарар ќе биде да успее во борбите за спринтерските завршници.[19]
Неговиот Џиро оваа година започнал со добар почеток, Гармин-Баракуда го освоиле екипниот хронометар и го поместиле Хесједал на четвртото место во генералниот пласман и на дофат до водство во трката. На 12 мај, тој станал првиот Канаѓанец во историјата, кој имал водство во генералниот пласман на Џиро д’Италија и ја облекол розовата маичка. Тој е првиот канадски возач од Стив Бауер на Тур де Франс 1990, кој облекол маичка за генерален пласман на некој Гранд Тур. Настанот се случил на седмата етапа, каде последниот од бегалците бил достигнат на околу 700 метри. Хесједал завршил петти на планинската завршница на Рока Ди Камбио, 5 секунди зад етапниот победник Паоло Тиралонго од Астана, обезбедувајќи ја водечката маичка.[20] Иако, на крајот, ја загубил маичката од Хоаким Родригез, тој повторно ја освоил на етапата 14, откако нападнал на Червинија и ги оставил неговите ривали зад него.[21] Меѓутоа, Родригез успеал да постигне предност во генералниот пласман следниот ден.
Во текот на планинските етапи во последната недела, многумина очекувале Хесједал да отпадне од генералниот пласман, меѓутоа тој ја одржувал разликата помеѓу 15 и 30 секунди во генералниот пласман. Бидејќи бил сметан за силен хронометраш и бидејќи често напаѓач на последните планински етапи, отфрлајќи ги другите кандидати како Иван Басо и Микеле Скарпони, многу верувале дека Канаѓанецот ќе го освои Џиро на последниот ден, вклучувајќи го и самиот лидер Родригез, кој признал дека не сторил доволно.[22]
Кога последниот ден на Џиро бил возен низ улиците на Милано како хронометар, Хесједал ја завршил патеката за 34:15, кое било доволно време да ја преземе розовата маичка за последен пат. Со ова го завршил неговиот пат, станувајќи првиот Канаѓанец, кој победил на некој Гранд Тур и само по вторпат, розовата маичка да го промени сопственикот на последниот ден на Џиро.[23] Победата изнуди моментален одговор од неговата татковина Канада, каде премиерот Стивен Харпер објавил изјава, велејќи „Му се заблагодаруваме на господинот Хесједал за овој исклучителен момент за канадскиот спорт. Оваа извонредна победа на едно од најтешките велосипедски натпреварувања е сведоштво на тренингот, издржливоста, вештините и натпреварувачкиот дух на господинот Хесједал“.[24] Премиерот на Британска Колумбија, Кристи Кларк, додал дека „За Британска Колумбија ова е неверојатно. Знам дека овој успех ќе биде едно од најголемите канадски достигнувања некогаш во спортот“.[2]
Исто така добил честитки од поранешниот канадски велосипедист Бауер и поранешниот победник на Тур де Франс Ленс Армстронг, кој објавил на Twitter „обожавам кога најдобриот човек победува“,[25] Алан Пајпер, спортскиот директор на екипата Гармин, ја споредил победата на етапата 16 на Рајдер Хесједал со таа на победникот на Тур де Франс 2011, Кедел Еванс. Ги нагласил сличностите во борбата за задржување на пристојно растојание во последните планински етапи и потоа победата на хронометарот, која обајцата ја постигнале.[26] За последното возење преку Пасо дело Стелвио, Хесједал изјавил дека „Јас бев малку загрижен. Како пристигнувавме на последниот дел од Стелвио, ниеден од моите ривали не сакаше да работи да ги зачуваат нивните места... Тие се сите тактики и ситуации. Јас морав да го спасам сопствениот Џиро во последните пет километри. Тоа беше огромен напор“.[25]
По неговиот успешен Џиро, биле поставувани прашања дали тој сепак ќе вози на Тур де Франс 2012. Било објавено во почетокот на јуни, дека тој ќе биде екипен водач за Гармин на Тур.[27] Хесједал исто така бил најавен како претставник на Канада на Летните олимписки игри 2012 од Канадскиот олимписки комитет во јуни.[28] На Тур де Франс 2012 бил близу во генералниот пласман, на осмото место, 18 секунди зад лидерот, од прологот до првите пет етапи. Потоа, Хесједал учествувал во масовниот пад предизвикан на шестата етапа, на која задоцнил 13 минути и го оставила надвор од конкуренција за жолтата маичка.[29] Следниот ден, Хесједал се повлекол од трката, поради повредите на неговиот грб и нозе.[30]
Наесен, Хесједал имал силен пласман на италијанскиот класик Џиро ди Ломбардија, каде завршил шести на трката при пороен дожд и ниски температури. Само 54 возачи од 197 ја завршиле трката.[31] Потоа на крајот на сезоната на Трката околу Пекинг, ги оставил сите на целта на ридестата петта етапа, каде постојано напаѓал. Само возачот на БМЦ Рејсинг Тим Стив Камингс можел да го следи. Меѓутоа, на крајот Хесједал бил поминат од Камингс за победа и морал да се помири со второто место на етапата и 18. во генералниот пласман.[32]
Хесједал ја добил наградата Лајонел Коначер како спортист на годината на Канада.[33]
2013 [уреди]
Прва трка за Хесједал во сезоната била Волта а Каталуња, каде му помогнал на својот колега Даниел Мартин да дојде до победа во генералниот пласман, додека се подготвувал себеси за неговиот врвен приоритет во сезоната, Џиро д’Италија.[34] Хесједал возел на некои класици, како Лиеж-Бастон-Лиеж, каде се обидел да замине во соло бегство на Кот де Колонстер на околу 15 километри до целта. Подоцна бил достигнат од малата група зад него, во која се наоѓал и Даниел Мартин. Хесједал бил на чело на групата и уште еднаш му помогнал на Мартин да дојде дојде победи, заземајќи го осмото место на трката.[35]
Личен живот [уреди]
Неговите прабаба и прадедо биле норвешки имигранти од Бајарн во Нурлан и Стамнес во Ваксдал.[36] Хесједал помогнал да започне со работа добротворната организацијата, наречена „Ryders Cycling Society of Canada“, која има за цел „создавање и одржување можност на млади Канаѓани за возење велосипед“.[37] Исто така, Хесједал ја дал на аукција неговата розева маичка која ја носел на Џиро 2012 за 10.000 долари и ги дал парите за помош на младите велосипедисти во Канада.[38]
Во текот на сезоната, Хесједал престојува во Жирона, Шпанија,[39], додека надвор од сезоната на Мауи (Хаваи).[40]
Достигнувања [уреди]
- 2001
- 2.
Светско првенство во планински велосипедизам под 23 години - 2003
- 2.
Светско првенство во планински велосипедизам - крос-кантри - 2006
- 4. Краен пласман Волта а Каталуња
- 2007
- 1.
Национален хронометарски првак
- 1.
Планински пласман Трка околу Џорџија - 10. Краен пласман Трка околу Калифорнија
- 2008
- 1. Етапа 1 (ТТТ) Џиро д’Италија
- 10. Монте Паски Ероика
- 16. Краен пласман, ЛОИ 2008 – Хронометар
- 2009
- 1. Етапа 12 Вуелта а Еспања
- 5. Класика де Сан Себастијан
- 8. Краен пласман Тирено-Адријатико
- 10. Монте Паски Ероика
- 11. Лиеж-Бастон-Лиеж
- 2010
- 2. Амстел Голд Рејс
- 3. Гран при Монтреал
- 4. Гран при Квебек
- 5. Монтепаски Страде Бјанке
- 5. Краен пласман Трка околу Калифорнија
- 1. Етапа 8
- 6. Класика де Сан Себастијан
- 6. Краен пласман Тур де Франс
- 2011
- 4. ГП Мигуел Индуран
- 7. Краен пласман Критериум Интернационал
- 9. Краен пласман Трка околу Баскија
- 10. Краен пласман Трка околу Калифорнија
- 18. Краен пласман Тур де Франс
- 1. Етапа 2 (ТТТ)
- 3. Етапа 16
- 2012
- 1. Генерален пласман
Џиро д’Италија
- 1. Етапа 4 (ТТТ)
- 6. Џиро ди Ломбардија
- 9. Лиеж-Бастон-Лиеж
- 2013
- 8. Лиеж-Бастон-Лиеж
Олимписки настап [уреди]
| Олимпијада | 2004 | 2008 | 2012 |
|---|---|---|---|
| Машки планински велосипедизам, крос-кантри | СП | – | - |
| Машка друмска трка | – | 54 | 63 |
| Машки хронометар | – | 16 | - |
Распоред на резултати во генералниот пласман на Гранд Тур [уреди]
| Гранд Тур | 2005 | 2006 | 2007 | 2008 | 2009 | 2010 | 2011 | 2012 |
|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
| СП | - | - | 60 | - | - | - | 1 | |
| - | - | - | 47 | 49 | 6 | 18 | СП | |
| - | СП | - | - | СП | - | - | - |
СП = се повлекол
Наводи [уреди]
- ↑ „Профил на Рајдер Хесједал“. Канадски олимписки комитет. http://olympic.ca/team-canada/ryder-hesjedal. проверено на 30 мај 2012.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 Џон Колбурн, Енди Ајвенс и Џастин Мекелрој. „Тој е легенда сега, вели гордата мајка на Рајдер Хесједал по историската победа“, Vancouver Sun, 27 мај 2012.
- ↑ Ричард Тајлер. „Геранс победи во играта на мачката и глушецот и ја освои етапата“, „Cycling News“, Future Publishing Limited, 9 септември 2012 (проверено на 12 октомври 2012).
- ↑ Жен Бисби. „Велосипедистот од Викторија Хесједал ја освоил етапата 12 на Вуелта а Еспања“, „Bikingbis“, WordPress, 12 септември 2009 (проверено на 12 октомври 2012).
- ↑ „Интерју со Рајдер Хесједал“, Bicycling.com, 11 септември 2009 (проверено на 2 февруари 2010).
- ↑ „Грабш се откажа“, „EuroSport“, EuroSport, 17 септември 2009 (проверено на 12 октомври 2012). (на француски)
- ↑ „Рајдер Хесједал именуван како канадски велосипедист на годината, на декадата!“, Slipstream sports (проверено на 2010-07-05).
- ↑ Ричард Мур. „Хесједал среќен со петти во Страде Бјанке“, „Cycling News“, Future Publishing Limited, 6 март 2010 (проверено на 13 октомври 2012).
- ↑ „Канаѓанецот Хесједал втор на Амстел Голд Рејс“, „CBC“, The Canadian Press, 18 април 2010.
- ↑ Laura Weslo. „Hesjedal wins Amgen Tour of California finale“, „Cycling News“, Future Publishing Limited, 25 мај 2010 (проверено на 11 октомври 2012).
- ↑ „Канаѓанецот Хесједал четврти на етапа на Тур де Франс“, Montreal Gazette, 6 јули 2010 (проверено на 2010-07-06).
- ↑ http://www.letour.fr/2010/TDF/LIVE/us/1700/classement/index.html
- ↑ 13,0 13,1 „Рајдер Хесједал седми на Тур де Франс 2010“, Vancouver Sun, 25 јули 2010 (проверено на 2010-07-25).
- ↑ „Кледен и Мартин доминирале на завршниот хронометар“, „Cycling News“, Future Publishing Limited, 9 април 2011 (проверено на 8 октомври 2012).
- ↑ „Резултати од Трката околу Баскија 2011, етапа 6“, „Velo News“, 2012 Competitor Group, Inc., 18 април 2011 (проверено на 8 октомври 2012).
- ↑ Malcolm Kelly. „Stardom greeting Canadian cyclist Ryder Hesjedal“, CBC Sports, 26 мај 2012.
- ↑ Clarke, Les. „Хушовд подобар во бегството за втора етапна победа“, „Cycling News“, Future Publishing Limited, 19 јули 2011 (проверено на 8 октомври 2012).
- ↑ „Rétractations“, „Zweeler“, 29 април 2012 (проверено на 9 мај 2012). (на француски)
- ↑ „Garmin-Barracuda: Farrar et Hesjedal en leaders“, „Ouest France“, Ouest-France Multimédia, 3 мај 2012 (проверено на 9 мај 2012). (на француски)
- ↑ Вестемајер, Сузан. „Џиро д’Италија: Тиралонго победи на Рока ди Камбио“, „Cycling News“, Future Publishing Limited, 12 мај 2012 (проверено на 12 мај 2012).
- ↑ „Канаѓанецот Рајдер Хесједал ја поврати розовата маичка на Џиро д’Италија“, Toronto Star, 19 мај 2012.
- ↑ Аласдер Фотерингем (25 мај 2012). „Велосипедистот од Викторија Рајдер Хесједал стигна до врвот на Џиро д’Италија“. Canada.com. http://www.canada.com/health/Victoria+contender+Ryder+Hesjedal+makes+move+Roman+Kreuziger+wins+Giro+19th/6679146/story.html.
- ↑ Малколм Кели. „Рајдер победи! Хесједал го освои Џиро д’Италиа“, CBC Sports, 27 мај 2012.
- ↑ Оливер Мур. „Канаѓанецот Рајдер Хесједал победи на Џиро д’Италија“, Globe and Mail, 27 мај 2012.
- ↑ 25,0 25,1 Ерик Корин. „http://sports.nationalpost.com/2012/05/27/ryder-hesjedal-completes-stunning-journey-with-giro-ditalia-win/“, National Post, 27 мај 2012.
- ↑ Rupert Guinness. „Canadian sends Tour notice“, The Age, 27 мај 2012.
- ↑ Cleeve Dheensaw. „Victoria cyclist Ryder Hesjedal to ride in Tour de France“, Vancouver Sun, June 6, 2012.
- ↑ Jesse Campigotto. „Cyclists Ryder Hesjedal, Clara Hughes join Olympic team“, CBC Sports, 21 јуни 2012.
- ↑ Jamey Keatan. „Canada's Hesjedal involved in crash at Tour de France, likely out of contention“, Winnipeg Free Press, 6 јули 2012.
- ↑ „Канаѓанецот Рајдер Хесједал се повлекува од Тур де Франс“, TSN, 7 јули 2012.
- ↑ Бен Аткинс. „Хоаким Родригез сам до победа на дождливата Ломбардија и го презеде водството во Светската турнеја“, „CyclingNation“, CyclingNation LLC, 29 септември 2012 (проверено на 1 октомври 2012).
- ↑ Бери Рајан. „Тони Мартин ја освои втората последователна Трка околу Пекинг“, „Cycling News“, Future Publishing Limited, 13 октомври 2012 (проверено на 15 октомври 2012).
- ↑ The Canadian Press. „Хесједал ја доби наградата Лајонел Коначер за 2012“, The Sports Network, 26 декември 2012 (проверено на 26 декември 2012).
- ↑ Ендру Худ. „Хесједал: Одбраната на Џиро е врвен приоритет во двоецот Џиро-Тур“, „VeloNews“, Competitor Group, Inc., 26 март 2013 (проверено на 22 април 2013).
- ↑ Џејн Обри. „Hesjedal: We salvaged the Classics season“, „Cyclingnews“, Future plc, 21 април 2013 (проверено на 22 април 2013).
- ↑ „Her kommer Ryder Hesjedal sin familie fra“. http://www.tv2.no/sport/sykkel/tdf/her-kommer-ryder-hesjedal-sin-familie-fra-3537461.html.
- ↑ „Ryders Cycling Society of Canada“ (проверено на 16 октомври 2012).
- ↑ Sean Fitz-Gerald. „Ryder Hesjedal taking a spin as cycling ambassador“, „National Post“, Postmedia Network Inc, 24 August 2012 (проверено на 16 октомври 2012).
- ↑ http://www.slipstreamsports.com/garmin-slipstream-pro-team/ryder-hesjedal
- ↑ http://ryderhesjedal.ca/news/racing-news/item/ryder-hesjedal-cycles-off-with-the-lionel-conacher-award
Надворешни врски [уреди]
| Заедничката Ризница има податотеки поврзани со: „Рајдер Хесједал“ |
- Профил на Canadian Cyclist
- Профил на Cycling BC
- Профил на официјалната страница на Гармин
- Официјална лична страница
|
|||||
- Родени на 9 декември 1980
- Родени во декември 1980
- Родени во 1980 година
- Живи луѓе
- Канадски велосипедисти
- Етапни победници на Вуелта а Еспања
- Велосипедисти на Летните олимписки игри 2004
- Велосипедисти на Летните олимписки игри 2008
- Велосипедисти на Летните олимписки игри 2012
- Олимписки велосипедисти на Канада
- Спортисти од Британска Колумбија
- Канаѓани со норвешко потекло
- Победници на Џиро д’Италија