Томас де Гент

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Томас де Гент

Де Гент на Омлоп Хет Ниувсблад 2012
Лични податоци
Цело име Томас де Гент
Роден 6 ноември 1986 (1986-11-06) (28 г.)
Синт Никлас, Белгија
Висина 1,79 м
Маса 67 кг
Податоци за клубот
Мом. клуб Лото-Судал
Дисциплина Друмски велосипедизам
Улога Возач
Вид на возач Универзален возач
Аматерски клубови
2006-2008 Унибет-Даво
Професионални клубови
2009–2010

2011–2013
2014
2015-
Топспорт Вландерен-Меркатор
Вакансолел-ДКМ
Омега Парма-Квик Степ
Лото-Судал
Значајни победи
Гранд Тур
Џиро д’Италија
1 етапа (2012)
Последна промена
24 јануари 2015

Томас де Гент (холандски: Thomas De Gendt; р. 6 ноември 1986 во Синт Никлас) — белгиски професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата Лото-Судал. Претходно возел за Омега Парма-Квик Степ, Топспорт Вландерен-Меркатор[1] и Вакансолел-ДКМ[2]

Кариера[уреди | уреди извор]

Де Гент ја имал неговата најдобра сезона во 2011. Тој победил на првата етапа на Париз-Ница и исто така ја освоил етапата 7 на Тур де Свис. На Тур де Франс, и покрај тоа што имал мала фрактура на клучната коска, Де Гент имал силна завршна недела, завршувајќи шести на етапата 19 до Алп д‘Ез и четврти на хронометарот следниот ден.

Во 2012, Де Гент ја освоил етапата 7 на Париз-Ница, откако се нашол во бегство со Реин Тарамае. На Џиро д’Италија ја освоил кралската етапа на Пасо дело Стелвио, со соло бегство, кој го донел на четвртото место во генералниот пласман.[3] Следниот ден на индивидуалниот хронометар успеал да дојде до третото место во крајниот пласман, со што го зазел првиот негов подиум на некоја Гранд Тур трка.

Во октомври 2013, Омега Парма-Квик Степ објавила дека потпишале со Де Гент за сезоната 2014.[4] По една година со нив, Де Гент се преселил во Лото-Белисол во 2015 година со двегодишен договор.[5]

Достигнувања[уреди | уреди извор]

2007
1. Етапа 3 Трка околу Тирингија
2008
1. ГП Варегем
1. Краен пласман Ле Триптик де Монт ет Шато
1. Етапа 1
1. Етапа 4 Трка околу Навара
2009
1. Интернационален Вилертрофи Јонг Мар Медиг
1. Етапа 4 Тур де Валони
1. Планински пласман Трка околу Британија
1. Бодовен пласман Трка околу Британија
2010
1. Бодовен пласман Волта ао Алгарве
2. Брабант Пејл
3. Краен пласан Стер Електротур
2011
1. Етапа 7 Тур де Свис
1. Етапа 1 Париз-Ница
2. Краен пласман Сиркут де Лорен
1. Етапа 3
2012
1. Етапа 7 Париз-Ница
3. Краен пласман Џиро д’Италија
1. Етапа 20
3. Амстел Курасао
2013
1. Етапа 7 Волта а Каталуња

Распоред на резултатите на Гранд Тур[уреди | уреди извор]

Гранд Тур 2011 2012 2013 2014
Jersey pink.svg Џиро 3 65
Jersey yellow.svg Тур 62 96
Jersey red.svg Вуелта 62 СО

СО = се откажал

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]