Бодовен пласман на Џиро д’Италија

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Бодовен пласман на Џиро д’Италиjа
Jersey red.svg
Детали за наградата
Спорт Друмски велосипедизам
Натпреварување Џиро д’Италиjа
Доделена за Најпостојан победник
Локално име Maglia rosso passione (италијански)
Историја
Прва награда 1966
Изданија 45
Прв победник  Џани Мота (ИТА)
Најмногу победи

 Франческо Мозер (ИТА)
 Џузепе Сарони (ИТА)

3 пати
Најнов победник  Марк Кевендиш (ВБР)


Бодовниот пласман на Џиро д’Италија е еден од второстепените пласмани на Џиро д’Италија. Се одредува од пласманите на самите етапи, независно од временските разлики. Од 1967 до 1969, лидерот носел црвена маичка, но во 1970 била променета во лилава maglia ciclamino (од италијанска: лилава маичка), именувана по бојата на алпското цвеќе циклама. Црвената маичка била повторно воведена во 2010. Сега била наречена maglia rosso passione.[1]

Историја[уреди]

Системот за рангирање на бодовите бил воведен во 1966, кога немало соодветна маичка, додека на наредните две изданија, црвената маичка била доделувана на лидерот во пласманот. Од 1969 до 2009, маичката била лилава, но често нарекувана циклама.

Бодовите им биле доделувани на возачи, кои завршувале први на етапата, независно од временските разлики. Исто така, бодови се освојувале и на средните спринтови на самите етапи. Постоел и пласман за бодовите од средните спринтови, со најразлични имиња низ годините, (Интерџиро, Експо Милано 2015, Трагвардо Воланте) и се практикувало на лидерот да му се доделува сината маичка.

Помеѓу победниците на бодовниот пласман се и Марио Чиполини (три пати), Алесандро Петаки и идниот светски првак во 2006, Паоло Бетини.

На другите големи трки, како Тур де Франс и Вуелта а Еспања, исто така постојат бодовни пласмани; бодовниот пласман на Тур де Франс се означува со зелена маичка на лидерот, додека бодовниот пласман на Вуелта а Еспања со сина маичка.

Моментални правила[уреди]

До 2009, победникот на некоја етапа добивал 25 бода, независно од видот на етапата (за разлика од попознатиот бодовен пласман на Тур де Франс, каде за освојување на планинска етапа се добива помалку бода од рамна етапа). Следниот велосипедист добива 20 бода, следните 16,14, 12, 10, 9, 8, 7, 6, 5, 4, 3, 2, сè до петнаесеттиот велосипедист, кој добива еден бод.

Секоја етапа (осве хронометрите) исто така има среден спринт. Првиот, кој ќе го помине добива 8 бода, следните 4, 3, 2, сè до шестиот велосипедист, кој добива еден бод.

Ако два или повеќе велосипедисти имаат ист број на бодови, рангирањето се одредува по бројот на етапни победи, па бројот на победи на средните спринтови, па најмалата временска разлика во генералниот пласман.[2]

Победници[уреди]

  • задебелено означува возач, кој го освоил и генералниот пласман
  • косо означува возач, кој го освоил и планинскиот пласман
  • косо и задебелено означува возач, кој го освоил генералниот, бодовниот и планинскиот пласман.
Возач Тим
1966 Италија Мота, ЏаниЏани Мота (ИТА) Молтени
1967 Италија Зандегу, ДиноДино Зандегу (ИТА) Салварани
1968 Белгија Меркс, ЕдиЕди Меркс (БЕЛ) Фаема
1969 Италија Битоси, ФранкоФранко Битоси (ИТА) Филотекс
1970 Италија Битоси, ФранкоФранко Битоси (ИТА) Филотекс
1971 Италија Басо, МариноМарино Басо (ИТА) Молтени
1972 Белгија де Влеминк, РожеРоже де Влеминк (БЕЛ) Дреер
1973 Белгија Меркс, ЕдиЕди Меркс (BEL) Молтени
1974 Белгија де Влеминк, РожеРоже де Влеминк (БЕЛ) Бруклин
1975 Белгија де Влеминк, РожеРоже де Влеминк (БЕЛ) Бруклин
1976 Италија Мозер, ФранческоФранческо Мозер (ИТА) Сансон
1977 Италија Мозер, ФранческоФранческо Мозер (ИТА) Сансон
1978 Италија Мозер, ФранческоФранческо Мозер (ИТА) Сансон
1979 Италија Сарони, ЏузепеЏузепе Сарони (ИТА) Скик
1980 Италија Сарони, ЏузепеЏузепе Сарони (ИТА) Гис Гелати
1981 Италија Сарони, ЏузепеЏузепе Сарони (ИТА) Гис Гелати
1982 Италија Мозер, ФранческоФранческо Мозер (ИТА) Фамкучине
1983 Италија Сарони, ЏузепеЏузепе Сарони (ИТА) Дел Тонго
1984 Швајцарија Фројлер, УрсУрс Фројлер (ШВА) Атала
1985 Холандија ван дер Велде, ЈоханЈохан ван дер Велде (ХОЛ) Вини Рикорди
1986 Италија Бонтемпи, ГвидоГвидо Бонтемпи (ИТА) Карера-Инокспран
1987 Холандија ван дер Велде, ЈоханЈохан ван дер Велде (ХОЛ) Гис Гелати
1988 Холандија ван дер Велде, ЈоханЈохан ван дер Велде (ХОЛ) Гис Гелати
1989 Италија Фиданца, ЏованиЏовани Фиданца (ИТА) Шато д’О
1990 Италија Буњон, ЏаниЏани Буњон (ITA) Шато д’О-Салоти
1991 Италија Кјапуки, КлаудиоКлаудио Кјапуки (ИТА) Карера Џинс-Тасони
1992 Италија Чиполини, МариоМарио Чиполини (ИТА) GB-MG Maglificio
1993 Италија Бафи, АдријаноАдријано Бафи (ИТА) Меркатоне Уно-Зукини-Медењини
1994 Узбекистан Абдужапаров, ДжамолидинДжамолидин Абдужапаров (УЗБ) Тим Полти-Вапорето
1995 Швајцарија Ромингер, ТониТони Ромингер (ШВА) Мапеи-ГБ-Латексо
1996 Италија Гвиди, ФабрициоФабрицио Гвиди (ИТА) Скрињо-Блу Сторм
1997 Италија Чиполини, МариоМарио Чиполини (ИТА) Саеко
1998 Италија Пиколи, МаријаноМаријано Пиколи (ИТА) Brescialat-Liquigas
1999 Франција Жалабер, ЛоренЛорен Жалабер (ФРА) ONCE
2000 Русија Конишев, ДимитриДимитри Конишев (РУС) Фаса Бортоло
2001 Италија Страцер, МасимоМасимо Страцер (ИТА) Мобилвета Дизајн
2002 Италија Чиполини, МариоМарио Чиполини (ИТА) Аква е Сапони-Кантина Толо
2003 Италија Симони, ЏилбертоЏилберто Симони (ИТА) Саеко Машине пер Кафе
2004 Италија Петаки, АлесандроАлесандро Петаки (ИТА) Фаса Бортоло
2005 Италија Бетини, ПаолоПаоло Бетини (ИТА) Квик Степ-Инерџетик
2006 Италија Бетини, ПаолоПаоло Бетини (ИТА) Квик Степ-Инерџетик
2007 Никој1 ([[|{{{nat}}}]])
2008 Италија Бенати, ДаниелеДаниеле Бенати (ИТА) Ликвигас
2009 Русија Мењшов, ДенисДенис Мењшов2 (РУС) Рабобанк
2010 Австралија Еванс, КеделКедел Еванс (АВС) БМЦ Рејсинг Тим
2011 Италија Скарпони, МикелеМикеле Скарпони3 (ИТА) Лампре-ИСД
2012 Шпанија Родригез, ХоакимХоаким Родригез (ШПА) Тим Катјуша
2013 Велика Британија Кевендиш, МаркМарк Кевендиш (ВБР) Омега Парма-Квик Степ

[3]

Забелешки[уреди]

  1. Првичниот победник бил Алесандро Петаки, кој бил казнет со бришење на неговите резултати на Џиро 2007, откако имал позитивен тест за нивото на салбутамол.
  2. Награден по дисквалификување (поради допинг) на првичниот победник Данило ди Лука.
  3. Награден по дисквалификување на првичниот победник Алберто Контадор.

Пласман Аѕури д’Италија[уреди]

Пласманот Аѕури д’Италија (италијански: Azzurri d'Italia) е награда на Џиро д’Италија, каде бодовите се доделуваат на првите три етапни победници (4, 2 и 1 бод). Слично е на стандардниот бодовен пласман, каде лидерот и крајниот победник се наградени со црвена маичка, но за овој пласман не се доделува ниедна маичка, туку само парична награда за севкупниот победник. На Џиро д’Италија 2007, победникот на Аѕури д’Италија освои 5.000 евра.[4]

Победници[уреди]

Возач Тим
2001 Италија Чиполини, МариоМарио Чиполини (ИТА) Саеко Машине пер Кафе
2002 Италија Чиполини, МариоМарио Чиполини (ИТА) Аква е Сапони-Кантина Толо
2003 Италија Симони, ЏилбертоЏилберто Симони (ИТА) Саеко Машине пер Кафе
2004 Италија Петаки, АлесандроАлесандро Петаки (ИТА) Фаса Бортоло
2005 Италија Петаки, АлесандроАлесандро Петаки (ИТА) Фаса Бортоло
2006 Италија Басо, ИванИван Басо (ИТА) Тим ЦСЦ
2007 Никој1 ([[|{{{nat}}}]])
2008 Италија Бенати, ДаниелеДаниеле Бенати (ИТА) Ликвигас
2009 Италија Гарцели, СтефаноСтефано Гарцели (ИТА) Аква & Сапоне-Кафе Мокамбо
2010 Италија Нибали, ВинченцоВинченцо Нибали (ИТА) Ликвигас-Доимо
2011 Венецуела Рухано, ХосеХосе Рухано2 (ВЕН) Андрони Џакатоли
2012 Велика Британија Кевендиш, МаркМарк Кевендиш (ВБР) Тим Скај
2012 Велика Британија Кевендиш, МаркМарк Кевендиш (ВБР) Омега Парма-Квик Степ

Забелешки[уреди]

  1. Првичниот победник бил Алесандро Петаки, кој бил казнет со бришење на неговите резултати на Џиро 2007, откако имал позитивен тест за нивото на салбутамол.
  2. Награден по дисквалификувањето на првичниот победник Алберто Контадор.

Наводи[уреди]

Надворешни врски[уреди]