Фабио Ару

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Фабио Ару

Ару на Трката околу Австрија 2013
Лични податоци
Цело име Фабио Ару
Роден 3 јули 1990 (1990-07-03) (24 г.)
Сан Гавино Монреале, Италија
Висина 1,81 м
Маса 65 кг
Податоци за клубот
Мом. клуб Астана
Дисциплина Друмски велосипедизам
Улога Возач
Аматерски клубови
2009–2012 Палацаго
Професионални клубови
2012– Астана
Значајни победи
Гранд Тур
Џиро д’Италија
1 индивидуална етапа (2014)
Вуелта а Еспања
2 индивидуални етапи (2014)
Последна промена
23 октомври 2014

Фабио Ару (италијански: Fabio Aru; р. 3 јули 1990) — италијански професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата Астана.[1] Ару станал член на екипата во средината на сезоната 2012 по четири поминати години со домашната екипа Палацаго во Италија. На Џиро д’Италија 2014, Ару ја освоил петнаесеттата етапа и бил трет во генералниот пласман. На следниот негов Гранд Тур, Вуелта а Еспања 2014, Ару ја освоил единаесеттата етапа која завршувала на нагорнина на Алто де Сан Мигел де Аралар, напаѓајќи од водечката група на еден километар пред целта.[2] Го повторил подвигот на осумнаесеттата етапа. Побегнал со Крис Фрум кон крајот на искачувањето и го претекнал неговиот ривал.[3] На крајот, завршил петти на Вуелта, на кој победил Алберто Контадор.[4]

Достигнувања[уреди]

2010
2. Трофео Џанфранко Бјанкин
4. Краен пласман Џиро дела Вале д’Аоста
5. Џиро дел Белведере
2011
1. Краен пласман Џиро дела Вале д’Аоста
1. Етапа 6
2. Тоскана Копа деле Национи
4. Краен пласман Бебе Џиро
6. ГП Палио дел Речото
10. Џиро дел Медио Брента
2012
1. Тоскана Копа деле Национи
1. Краен пласман Џиро дела Вале д’Аоста
1. Етапа 3
2. Краен пласман Бебе Џиро
4. ГП Палио дел Речото
2013
4. Краен пласман Џиро дел Трентино
1. Jersey white.svg Пласман за млад возач
7. Тре Вали Варезине
8. Краен пласман Трка околу Австрија
2014
3. Краен пласман Џиро д’Италија
1. Етапа 15
5. Краен пласман Вуелта а Еспања
1. Етапа 11
1. Етапа 18
7. Краен пласман Џиро дел Трентино
9. Џиро ди Ломбардија

Наводи[уреди]

  1. Стоукс, Шејн. „Contract Roundup: Baby Giro runner-up Aru to Astana, Martens stays with Rabobank“, „VeloNation“, VeloNation LLC, 8 август 2012 (конс. 1 јануари 2013).
  2. Спенсер Паулисон. „Со смелиот напад Фабио Ару ја освоил етапата 11 на Вуелта“, „VeloNews“, Competitor Group, Inc., 3 септември 2014 (конс. 3 септември 2014).
  3. Сузан Вестемајер. „Вуелта а Еспања: Ару ја освоил етапата 18“, „Cyclingnews.com“, Future plc, 11 септември 2014 (конс. 11 септември 2014).
  4. Контадор ја запечатил крајната победа на Вуелта а Еспања 2014“, „Cyclingnews.com“, Future plc, 14 септември 2014 (конс. 14 септември 2014).

Надворешни врски[уреди]