Ленс Армстронг
Ленс Едвард Армстронг (англиски: Lance Edward Armstrong; роден како Ленс Едвард Гандерсон (англиски: Lance Edward Gunderson) на 18 септември, 1971) е американски професионален велосипедист, кој е најдобро познат по освојувањето на Тур де Франс рекордни седум последователни пати помеѓу 1999 - 2005, откако преживеа рак. Тој е исто така основач и претседател на Ленс Армстронг Фондацијата за рак на истражување и поддршка. Тој од 2010 вози за тим RadioShack.
Во октомври 1996 година бил дијагностициран со рак на тестисите, со тумор што метастазирал на мозокот и белите дробови. По прогноза за преживување под 40% тој се излечил и се вратил на меѓународната сцена во 1999 завршувајќи прв на трката Тур де Франс. Армстронг се повлече од тркање на 24 јули, 2005 по последното освојување на Тур де Франс, но по 4 години се вратил на велосипедизмот освојувајќи го третото место во 2009 година Тур де Франс.

