Андре Грајпел
Грајпел на Даун Андер Класик 2013 |
|||||||||||||||
| Лични податоци | |||||||||||||||
|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
| Цело име | Андре Грајпел | ||||||||||||||
| Прекар | Горила | ||||||||||||||
| Роден | 16 јули 1982 Росток, Источна Германија |
||||||||||||||
| Висина | 1,83 м | ||||||||||||||
| Маса | 80 кг | ||||||||||||||
| Податоци за клубот | |||||||||||||||
| Мом. клуб | Лото-Белисол | ||||||||||||||
| Дисциплина | Друмски велосипедизам | ||||||||||||||
| Улога | Возач | ||||||||||||||
| Вид на возач | Спринтер | ||||||||||||||
| Аматерски клубови | |||||||||||||||
| до 2001 2001 |
Полицај SV Росток Јан Улрих Нахвукстим |
||||||||||||||
| Професионални клубови | |||||||||||||||
| 2002–2004 2005 2006–2010 2011– |
ТЕАГ Тим Кестрицер Визенхоф Т-Мобајл Тим Омега Парма-Лото |
||||||||||||||
| Значајни победи | |||||||||||||||
|
|||||||||||||||
|
|||||||||||||||
| Последна промена 7 март 2013 |
|||||||||||||||
Андре Грајпел (роден на 16 јули 1982 во Росток, Источна Германија) е германски професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата Лото-Белисол.[1] Тој е целосен спринтер и се смета за еден од најдобрите велосипедисти во неговата ера по бројот на победи досега освоени. Негови големи успеси на Гранд Тур се 4. етапи на Тур де Франс и на Вуелта а Еспања и двете етапи на Џиро д’Италија. Исто така, победил на класикот Париз-Бурж и го освоил генералниот пласман на австралиската трка Тур Даун Андер двапати, во 2008 и 2010.
Содржина |
Професионална кариера [уреди]
Тур Даун Андер 2008 бил првиот голем успех за Грајпел. Го освоил генералниот пласман со тесна разлика од седум секунди пред домашниот возач Алан Дејвис од екипата UniSA. Исто така го освоил и бодовниот пласман, благодарение на импресивните четири етапни победи од можните шест.[2] Подоцна во сезоната, ја освоил својата прва Гранд Тур етапа на Џиро д’Италија.
На Вуелта а Еспања 2009, Грајпел се натпреварувал како најдобар спринтер од Тим Колумбија-Хај Роад, добивајќи ги рамните етапи, тој го водел тимот, освојувајќи ги етапите 4, 5, 16 и 21 по групниот спринт. Исто така, ја освоил и престижната „зелена маичка“ во бодовен пласман. Грајпел ја завршил сезоната во 2009 со импресивни 20 победи, втор во победите, единствено зад неговиот екипен колега Марк Кевендиш.[3]
Во 2010 ја започнал годината со неговата втора победа во генералниот пласман на Тур Даун Андер. Тоа го постигнал благодарение на трите етапни триумфи. Бонусите од четири секунди на победникот на секоја етапа му помогнале да дојде до врвот на подиумот.[4] Во април, Грајпел целосно доминирал на Трката околу Турција во поглед на етапните победи, постигнувајќи 5 победи од осум можни, вклучувајќи го и воведниот хронометар. Завршил осми на крајот и ја освоил маичката за бодовниот пласман.[5] Подоцна, ја освоил втората негова етапа на Џиро д’Италија.
Во 2011, по преместувањето во Омега Парма-Лото, ја имал првата победа на Тур де Франс на етапата 10, победувајќи го неговиот најголем ривал и поранешен совозач Марк Кевендиш.
2012 [уреди]
На Тур де Франс, Грајпел и неговите колеги од Лото-Белисол имале големи надежи за етапни победи. Скоро да ја добиел етапата 2, каде бил поминат од Марк Кевендиш на самата линија и покрај тоа што имале „скоро совршен воз“ за негово донесување на целта.[6] На следната етапа со масовен спринт (Етапа 4 во Руан), се случил пад на нешто помалку од 3 километри пред целта, во кој бил вклучен и Кевендиш помеѓу останатите. Грајпел се одвоил по самата несреќа и го освоил спринтот, победувајќи ги Алесандро Петаки (Лампре-ИСД) и Том Велерс (Аргос-Шимано).[7] Грајпел го повторил овој подвиг следниот ден на етапата 5, каде ја освоил неговата втора етапна победа по ред, кога групата ги достигнала членовите на бегството во последниот километар. Кевендиш бил дел од спринтот, но овојпат завршил петти.[8] Тој повторил победил на етапата 13, преживувајќи го краткото, но стрмно искачување од трета категорија Мон Сен Клер, кое се наоѓало на 23 километри од целта, по што се одвоил во групата на рамниот дел. Неколку напади се случиле во последните километри, но тој го поминал Петер Саган на целта, со што ја освоил третата етапна победа на Тур.[9]
Во август, Грајпел го освоил второто место зад победникот Арно Демар (ФДЖ-БигМет) на Ватенфал Класик, единствената трка од Светската турнеја, која се одржува во Германија, неговата родна земја.[10] Тој изјавил дека неподносливата жештина воопшто не помогнала на трката од 245,6 километри и дека неговиот „мотор имал проблеми со ладењето“.[11] Исто така, по трката најавил дека нема да учествува на Светското првенство во Лимбург, наведувајќи дека патеката не е наменета за неговите карактеристики.[11]
Грајпел го освоил второто место на Трката околу Данска, откако ги освоил првите две етапи.[12] Во октомври, Грајпел дал мислење за аферата Ленс Армстронг-УСАДА: „[...] борбата против измамата и погрешно заработените успеси мора апсолутно да продолжи! Оваа борба за чесност и фер спорт веќе се докажала самата, дури и ако угледот на велосипедизмот продолжи да биде оштетуван“, напишал Германецот на неговиот блог, со поддршка за истрагата.[13]
2013 [уреди]
Грајпел ја започнал сезоната 2013 успешно во Австралија преку освојување на класикот Кансер Кансил Хелплајн и првата етапа на Тур Даун Андер два дена подоцна. Со таа победа, Грајпел го израмнил рекордот по бројот на освоени етапни победи на оваа трка (12 победи), кој бил држен од Роби Мекјуан.[14] Ги освоил етапите 4 и 6, потврдувајќи го својот рекорд по бројот на освоени етапи и забележувајќи ја својата 100. победа во кариерата во Аделејд, на последниот ден од трката.[15]
Личен живот [уреди]
Тој моментално живее во Хирт, близу Келн во Германија. По неговата победа на Тур Даун Андер 2008, тој бил наречен „Горила“ од неколку различни спортски медиуми.[2]
Достигнувања [уреди]
- 2001
- 2. Гисен
- 2002
- 3. Аугсбург
- 2003
- 1. ГП Варегем под 23 години
- 1. Етапа 2 Трка околу Тирингија под 23 години
- 1. Етапа 1 Трка околу Берлин под 23 години
- 2004
- ГП Тел
- 1. Пролог
- 1. Етапа 4b
- 1. Етапа 3 Тур ду Лоар ет Шер
- 1. Етапа 1 Трка околу Тирингија под 23 години
- 3. Национално велокрос првенство под 23 години
- 2005
- 1. Етапа 6 Пост Данмарк Рунт
- 1. Гладбек
- 1. Штатлон
- 3. Брауншвајг
- 2006
- Трка околу Рајнска област-Пфалц
- 1. Етапа 1
- 1. Етапа 4
- Класик Келн
- 1. Етапа 1
- 1. Етапа 2
- 3. Зинцих
- 2007
- Трка околу Саксонија
- 1. Етапа 1
- 1. Етапа 2
- 2008
- 1. Даун Андер Класик
- 1.
Краен пласман Тур Даун Андер
- 1. Етапа 17 Џиро д’Италија
- 1. Етапа 4 Трка околу Австрија
- 1. Етапа 4 Трка околу Германија
- 1. Минстерланд Џиро
- 2009
- Вуелта а Еспања
- Трка околу Баварија
- 1. Етапа 1
- 1. Етапа 3
- 1. Етапа 5
- Стер Електротур
- 1. Етапа 2
- 1. Етапа 3
- 1. Етапа 5
- Трка околу Австрија
- 1. Етапа 1
- 1. Етапа 6
- 1. Етапа 8
- 1. Париз-Бурж
- 1. Етапа 7 Трка околу Полска
- 1. Етапа 1 Тур Даун Андер
- 1. Етапа 6 Четири дена Денкерк
- 1. Класик Нојзен
- 1. Меѓународно првенство Филаделфија
- 1. Етапа 1 Трка околу Саксонија
- 2010
- 1.
Краен пласман Тур Даун Андер
- Трка околу Турција
- 1. Етапа 1 (ITT)
- 1. Етапа 2
- 1. Етапа 5
- 1. Етапа 6
- 1. Етапа 8
- 1.
Бодовен пласман
- Трка околу Британија
- 1. Етапа 1
- 1. Етапа 6
- 1. Етапа 8
- Трка околу Австрија
- Трка околу Полска
- 1. Етапа 2
- 1. Етапа 7
- Енеко Тур
- 1. Етапа 2
- 1. Етапа 6
- Волта ао Алгарве
- 1. Етапа 18 Џиро д’Италија
- 1. Етапа 5 Вуелта а Мајорка
- 3. Ватенфал Класик
- 2011
- Трка околу Белгија
- Енеко Тур
- 1. Етапа 1
- 1. Етапа 2
- 1. Етапа 10 Тур де Франс
- 1. Етапа 4 Волта ао Алгарве
- 1. Етапа 1 Три дена Де Пане
- 1. Етапа 6 Трка околу Турција
- 3. Курне-Брисел-Курне
- 3.
Светско друмско првенство UCI - 4. Гент-Вевелгем
- 2012
- 1. Кансер Кансил Класик
- 1. Прорејс Берлин
- 1. ГП Импанис-Ван Петегем
- Трка околу Белгија
- Тур Даун Андер
- 1. Етапа 1
- 1. Етапа 3
- 1. Етапа 6
- Тур де Франс
- Трка околу Луксембург
- Трка околу Оман
- 1. Етапа 1
- 1. Етапа 4
- Трка околу Данска
- 1. Етапа 1
- 1. Етапа 2
- 1. Етапа 2 Трка околу Турција
- 1. Етапа 2 Стер ЗЛМ Тур
- 2. Ватенфал Класик
- 2. Краен пласман Светски пристаништен класик
- 2013
- 1. Кансер Кансил Класик
- Тур Даун Андер
- 1. Етапа 1
- 1. Етапа 4
- 1. Етапа 6
- 1. Етапа 1 Медитеранска трка
Наводи [уреди]
- ↑ „Лото Белисол (LTB) – BEL“. „Светска турнеја UCI“. Меѓународен велосипедистички сојуз. http://www.uciworldtour.com/Modules/SUCI/TEAMS/TeamDetails.asp?id=MQ&RefDate=06.01.2013&MenuId=MTY2Njk&LangId=1&BackLink=%2Ftemplates%2FUCI%2FUCI2%2Flayout%2Easp%3FMenuId%3DMTY2Njk%26LangId%3D1. проверено на 6 јануари 2013.
- ↑ 2,0 2,1 Грег Џонсон и Пол Веркујлен. „„Горила“ Грајпел ја доби етапата - и генералниот пласман“, „Cycling News“, Future Publishing Limited, 27 јануари 2008 (проверено на 17 октомври 2012).
- ↑ „Cycling Quotient“. Cqranking.com. http://www.cqranking.com/men/asp/gen/VictoryRankingRider.asp?year=2009. проверено на 1 јуни 2012.
- ↑ „Сатон го освои финалето, додека Грајпел победи на Тур Даун Андер“, „Velo News“, 2012 Competitor Group, Inc., 24 јануари 2010 (проверено на 17 октомври 2912).
- ↑ Жан-Франсоа Кене. „Грајпел ја освоил последната етапа“, „Cycling News“, Future Publishing Limited, 18 април 2010 (проверено на 17 октомври 2012).
- ↑ „Tour de France: Greipel pledges to try again after near miss on stage two“, „VeloNation Press“, VeloNation, 3 јули 2012 (проверено на 4 јули 2012).
- ↑ Бенсон, Даниел. „Грајпел освоил етапа на Тур де Франс во Руан“, „Cycling News“, Future Publishing Limited, 4 јули 2012 (проверено на 4 јули 2012).
- ↑ „Грајпел двојно на етапата 5 на Тур де Франс“, „Cycling News“, Future Publishing Limited, 5 јули 2012 (проверено на 5 јули 2012).
- ↑ „Грајпел го освои фото-финишот пред Саган на Тур де Франс“, „Cycling News“, Future Publishing Limited, 14 јули 2012 (проверено на 14 јули 2012).
- ↑ Сузан Вестемајер. „Демар победи на Ватенфал Класик“, „Cycling News“, Future Publishing Limited, 19 август (проверено на 20 август).
- ↑ 11,0 11,1 „Грајпел ќе го пропушти Светското првенство во Лимбург“, „Cycling News“, Future Publishing Limited, 20 август 2012 (проверено на 20 август 2012).
- ↑ Greipel gav ny undskyldning for at sejre, Jyllands Posten, 23 јули 2012.
- ↑ „Грајпел изрази поддршка на истрагата на УСАДА“, „Cycling News“, Future Publishing Limited, 17 октомври 2012 (проверено на 17 октомври 2012).
- ↑ Питер Когој. „Андре Грајпел ја освои воведната етапа на Тур Даун Андер“, „The Australian“, 22 јануари 2013 (проверено на 23 јануари 2013).
- ↑ Алекс Малон. „100. победа во кариерата за Грајпел во Аделејд“, „CyclingNews“, Future Publishing Limited, 27 јануари 2013 (проверено на 27 јануари 2013).
Надворешни врски [уреди]
| Заедничката Ризница има податотеки поврзани со: „Андре Грајпел“ |
|
|||||
- Родени на 16 јули 1982
- Родени во јули 1982
- Родени во 1982 година
- Родени во Росток
- Живи луѓе
- Германски велосипедисти
- Луѓе од Росток
- Германски етапни победници на Тур де Франс
- Германски етапни победници на Џиро д’Италија
- Германски етапни победници на Вуелта а Еспања
- Велосипедисти на Летните олимписки игри 2012
- Олимписки велосипедисти на Германија