Николас Роуш

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Николас Роуш

Роуш на Тур де Франс 2013
Лични податоци
Цело име Николас Роуш
Прекар Нико[1]
Роден 3 јули 1984 (1984-07-03) (30 г.)
Конфлан Сен Онорен, Франција
Висина 1,78 м[2]
Маса 70 кг[2]
Податоци за клубот
Мом. клуб Тим Тинкоф-Саксо
Дисциплина Друмски велосипедист
Улога Возач
Вид на возач Универзален возач
Аматерски клубови
2002
2003
2003–2004
2004
ОККВ Драгињан
СК Ница
Вело-Клуб Ла Пом Марсеј
Кофидис (стажант)
Професионални клубови
2005–2006
2007–2008
2009–2012
2013–
Кофидис
Кредит Агрикол
Аг2р-Ла Мондијал
Тим Саксо-Тинкоф
Значајни победи
Гранд Тур
Вуелта а Еспања
1 индивидуална етапа (2013)

Еднодневни трки и класици

Национален друмски првак (2009)
Национален хронометарски првак (2007)
Последна промена
17 јули 2014

Николас Роуш (англиски: Nicolas Roche; р. 3 јули 1984) — ирски професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата Тим Тинкоф-Саксо. Двапати бил национален првак и многу пати завршувал помеѓу првите десет на етапи на големите трки. Ја претставувал Ирска на друмската трка на Летните олимписки игри 2008. Настапил за Ирска пет пат на Светските друмски првенства.

Ран живот[уреди]

Роуш, кој бил роден во Конфлан Сен Онорен, Франција, е син на поранешниот велосипедски првак Стивен Роуш и неговата поранешна жена, Лидија, внук на поранешниот професионален велосипедист Лоренс Роуш и братучед на ирскиот друмски првак од 2008 Даниел Мартин. Роуш учел во колеџот Блекрок, приватно училиште во Даблин, пред да се пресели на југот на Франција во 1999, каде го поминал поголемиот дел од животот. Моментално живее во Варезе, Италија.

Кариера[уреди]

Рани години[уреди]

Станал професионалец на крајот на 2004 со екипата Кофидис и станал еден од најмладите возачи во UCI ProTour.[3] Бидејќи неговиот татко е Ирец, а неговата мајка Французинка, Роуш имал двојна националност како аматер. На почетокот на 2005 на Роуш му било кажано од француските власти да одбере една националност. Роуш се изјаснил за Франција бидејќи планирал да го помине остатокот од неговиот живот во Франција.[4] Губитокот на Роуш било удар за ирскиот велосипедизам,[5] откако ја освоил младинската Трка околу Ирска во 2002[6] и завршил трет на ирското првенство во 2004.[7] Меѓутоа, шест месеци подоцна, UCI и велосипедската федерација на Ирска му кажале на Роуш дека му била дадена погрешна информација и дека може да настапува за Ирска и да го зачува двете националности, како што и направил.[8]

Во текот на првите две години, често бил помошник на другите возачи, но остварил неколку добри резултати, главно на француските трки. Негова прва победа била на етапа на Тур де л’Авенир 2006, трка позната како мини-Тур де Франс за возачи под 23 години.[9][10] Ја носел жолтата маичка на две етапи и завршил десетти во генералниот пласман. Бил во големото бегство на Светското првенство во Салцбург, Австрија.[11] Веднаш потоа потпишал двегодишен договор со Кредит Агрикол како последица на многуте добри резултати во сезоната.

Во 2007, Роуш возел на Џиро д’Италија. Во јуни ја освоил првата сениорска национална титула, хронометарот во Дангарван.[12] Исто така бил четврти на друмското првенство. Поради повреда, Роуш се повлекол од Трката околу Ирска и го пропуштил Светското првенство.

Роуш ја планирал 2008 за Џиро д’Италија, но организаторите не ја поканиле неговата екипа. Го променил распоред и завршил шести на Тур Ивоарен де ла По, 15. на Класика Интернасионал де Алкобендас во Шпанија и освоил етапа[13] на Гп Интернасионал Паредес Рота дос Мовеис во Португалија. Откако завршил седми на Тур де Валони, настапил на олимписката друмска трка, заедно со Филип Дењан, освоил етапа на Тур ду Лимузен и потоа бил избран за неговата прва Вуелта а Еспања. Роуш покажал добри резултати на трката, скоро освојувајќи ја етапата 18, каде бил отспринтан од Иманол Ервити по бегството составено од 17 возачи. Роуш завршил на 13. место во генералниот пласман на неговиот втор Гранд Тур.

Роуш заедно со Дењан и Роџер Екен биле дел од ирската репрезентација на Светските првенства во Варезе. Роуш имал ран пад и се повлекол.

2009[уреди]

Роуш потпишал двегодишен договор со Аг2р-Ла Мондијал по прекинувањето со Кредит Агрикол.

По победата на ирското национално друмско првенство по прв пат во јуни 2009, било објавено дека Роуш бил избран од екипата да вози на неговиот прв Тур де Франс. Имал добар настап, завршувајќи 23. во генералниот пласман и 5. во бодовниот пласман.

2010[уреди]

По добриот почеток во сезоната, каде завршил десетти на Париз-Ница и петти на Волта а Каталуња, Роуш бил избран како предводник на Аг2р-Ла Мондијал на Тур де Франс и во текот на трката пишувал статии за весникот Irish Independent. Роуш завршил 15. во генералниот пласман. Би можел да се пласира неколку места погоре доколку не изгубел четири минути во однос на предводниците на трката поради дупната гума на етапата 15, а колегата Џон Гадре одбил да му го даде неговиот велосипед.

Во септември, Роуш ја водел екипата на Вуелта а Еспања. Неговиот резултат бил дури и подобар отколку на Тур де Франс, губејќи незначително време на планинските етапи. Завршил на седмото место во генералниот пласман, само пет минути и три секунди за победникот Винченцо Нибали. Овој резултат бил најдобар на Гранд Тур од страна на Ирец по 1988.

Роуш бил дел од ирската репрезентација со тројца членови на Светското првенство 2010 во декември.

2011[уреди]

Сезоната на Роуш била попрачена од повреди и несреќи, особена една несреќа на Критериум ду Дофине[14] Повторно настапил на Тур де Франс како предводник на екипата, но брзо сфатил дека не бил целосно закрепнат од несреќата и дека не може да се надева на добар генерален пласман. Имал голем број неуспешни бегства во последната етапа, надевајќи се на етапна победа и на крајот завршил како 26. во генералниот пласман. Исто така возел на Вуелта а Еспања, завршувајќи 16. во генералниот пласман.

Во октомври, Роуш ја освоил третата етапа на првата Трка околу Пекинг.[15][16] Ова било првата негова меѓународна победа во три години и негова прва победа на Светската турнеја.

Роуш објавил мемоари во 2011 наречени „Во групата“ (Inside the Peloton). Ја освоил годишната национална книжевна награда во категоријата спортски книги.

2012[уреди]

Роуш ја покажал својата форма со завршувањето во најдобрите 20 возачи на Париз-Ница и Трката околу Калифорнија. Тој завршил десетти во генералниот пласман на Тур де Свис и втор и трет соодветно на националното друмско и хронометарско првенство пред да вози на Тур де Франс. Роуш се искачил до седмото место во генералниот пласман на првата планинска етапа. Меѓутоа изгубил време на хронометарот на етапата 9 и на остатокот од планинските етапи. На етапата 18, Роуш се одвоил од главната група во последните 10 километри со Луис Леон Санчез. Двоецот ги поминале членовите на бегството и изгледале подготвени за етапна победа, но Марк Кевендиш ги отспринтал во последните 200 метри. Роуш бил 11. во генералниот пласман пред хронометарот на етапата 10 и целел на првите десет, но слабиот хронометар го спуштил едно место подолу. Роуш, заедно со Даниел Мартин и Дејвис Мекан, ја претставувале Ирска на олимписката друмска трка. Потоа возел на Вуелта а Еспања, каде имал добар почетоко и бил седми во генералниот пласман до втората недела од трката. Меѓутоа, опаднал со формата во последната недела на трката и паднал на 12. место во генералниот пласман на крајот на трката.

На 1 август било објавено дека Роуш ќе го напушти Аг2р-Ла Мондијал на крајот на сезоната 2012, завршувајќи го осумгодишната соработка со француската екипа.[17] Потпишал двегодишен договор со Тим Саксо-Тинкоф за сезоните 2013 и 2014.[18]

2013[уреди]

На 25 август, Роуш ја освоил втората етапа на Вуелта а Еспања откако победил во спринтот со други четворица велосипедисти.[19][20] Роуш ја носел водечката црвена маичка до осмата етапа и завршил на петтот место во генералниот пласман.[21][22]

Достигнувања[уреди]

2004
4. Тур де Вандеја
6. Тур ду Финистер
10. Гран при д’Исберг
2006
1. Етапа 4 Тур де л’Авенир
4. Краен пласман Париз-Корез
8. Полинорманд
10. Париз-Камемберт
2007
1. MaillotIrlanda.PNG Национален хронометарски првак
5. Полинорманд
6. ГП де Денен
9. Париз-Камемберт
9. Тро-Бро Леон
2008
1. Етапа 1 ГП Интернасионал Паредес Рота дос Мовеис
1. Етапа 1 Тур ду Лимузен
6. Трка околу Франкфурт
7. Краен пласман Тур де Валони
8. Париз-Камемберт
13. Краен пласман Вуелта а Еспања
2009
1. MaillotIrlanda.PNG Национален друмски првак
11. Краен пласман Критериум Интернационал
23. Краен пласман Тур де Франс
2010
2. Национално друмско првенство
3. Гран Премио дел’Инсубрија-Лугано
5. Краен пласман Волта а Каталуња
7. Краен пласман Вуелта а Еспања
8. Класика де Сан Себастијан
10. Краен пласман Париз-Ница
14. Краен пласман Тур де Франс
2011
1. Етапа 3 Трка околу Пекинг
4. Национално друмско првенство
5. Џиро дел Пиемонт
8. ГП Индустрија е Комерчо ди Прато
10. Париз-Камемберт
16. Краен пласман Вуелта а Еспања
2012
2. Национално друмско првенство
3. Национално хронометарско првенство
10. Краен пласман Тур де Свис
12. Краен пласман Тур де Франс
12. Краен пласман Вуелта а Еспања
2013
5. Краен пласман Вуелта а Еспања
1. Етапа 2
5. Краен пласман Медитеранска трка
5. Класика де Сан Себастијан
2014
1. Краен пласман Рут ду Суд
1. Етапа 2
1. Jersey green.svg Бодовен пласман
Тур де Франс
Jersey red number.svg Награда за борбеност на етапа 11

Распоред на резултатите на Гранд Тур[уреди]

Гранд Тур 2007 2008 2009 2010 2011 2012 2013 2014
Jersey pink.svg Џиро д’Италија 123 30
Jersey yellow.svg Тур де Франс 22 14 25 12 40
Jersey red.svg Вуелта а Еспања 13 7 16 12 5

Наводи[уреди]

  1. Мартин, Ден. „Дневник за Вуелта на Ден Мартин: ‘Го видов нападот на Нико. . . . забрза и замина како ракета’“, „The Irish Times“, 26 август 2013 (конс. 1 септември 2013). (на (англиски))
  2. 2,0 2,1 „Профил на Николас Роуш“. 
  3. „Roche makes it official“ (на (англиски)). IrishCycling.com. http://www.irishcycling.com/publish/exec/view.cgi?archive=1&num=752. конс. 18 јули 2007. 
  4. „Роуш се изјасни за Франција“ (на (англиски)). CyclingNews.com. http://www.cyclingnews.com/news.php?id=news/2005/mar05/mar05news. конс. 6 ноември 2007. 
  5. „Mixed start to season after Roche’s shock defection“. IrishAbroad.com. http://www.irishabroad.com/news/irishpost/sport/mixedstartshockdefection.asp. конс. 6 ноември 2007. 
  6. „Резултати од младинската Трка околу Ирска 2002“ (на (англиски)). CyclingNews.com. http://www.cyclingnews.com/road/?id=2002/aug02/jnrireland02/default. конс. 29 јуни 2008. 
  7. „Ирско друмско првенство 2004“ (на (англиски)). CyclingNews.com. http://www.cyclingnews.com/road.php?id=road/2004/jun04/ireland04. конс. 29 јуни 2008. 
  8. „Роуш повторно се изјасни за Ирска“ (на (англиски)). CyclingNews.com. http://www.cyclingnews.com/news.php?id=news/2005/oct05/oct11news. конс. 6 ноември 2007. 
  9. „Резултати за етапа 4 Тур де л’Авенир 2006“ (на (англиски)). CyclingNews.com. http://www.cyclingnews.com/road.php?id=road/2006/aug06/avenir06/avenir064. конс. 18 јули 2007. 
  10. „Преглед на етапата 4 на Тур де л’Авенир 2006“ (на (англиски)). LeTour.com. http://www.letour.fr/2006/TDA/LIVE/us/400/index.html. конс. 27 мај 2008. 
  11. „Бетини победи на Светското првенство, Роуш импресионира со агресивниот потег“ (на (англиски)). CyclingNews.com. http://www.irishcycling.com/publish/exec/view.cgi?archive=8&num=2051. конс. 18 јули 2007. 
  12. „Роуш го освоил ирското хронометарско првенство“ (на (англиски)). IrishCycling.com. http://www.irishcycling.com/publish/news/art_2506.shtml. конс. 27 мај 2008. 
  13. „Победа за Роуш во Португалија“ (на (англиски)). IrishCycling.com. http://www.irishcycling.com/publish/news/art_3040.shtml. конс. 27 мај 2008. 
  14. Кромвел, Џерард. „Cycling: Roche hopes battered by horror crash“, „Irish Independent“, 11 јуни 2011.
  15. Nicolas Roche wins stage three to claim first WorldTour race victory“, „Daily Telegraph“, 7 октомври 201 (конс. 12 октомври 2011).
  16. „Roche beats Deignan in Yong Ning Town“. „Cycling News“. 7 октомври 2011. http://www.cyclingnews.com/races/tour-of-beijing-wt/stage-3/results. конс. 12 октомври 2011. 
  17. Роуш, Николас. „Придружувањето на екипата на Контадор е огромен нов предизвик“, „Irish Independent“, Independent News & Media, 1 август 2012 (конс. 1 август 2012). (на (англиски))
  18. Роуш потпиша за Саксо Банк-Тинкоф Банк“, „Cycling News“, Future Publishing Limited, 1 август 2012 (конс. 1 август 2012). (на (англиски))
  19. „Николас Роуш дојде до најголемата победа во својата кариера, додека Винченцо Нибали го презема водството“ (на (англиски)). „Daily Telegraph“. 25 август 2013. http://www.telegraph.co.uk/sport/othersports/cycling/10265325/Vuelta-a-Espana-2013-stage-two-Nicolas-Roche-claims-biggest-win-of-career-as-Vincenzo-Nibali-takes-lead.html. конс. 26 август 2013. 
  20. „Николас Роуш победи на втората етапа на Вуелта а Еспања“ (на (англиски)). „RTE Sport“. 25 август 2013. http://www.rte.ie/sport/cycling/2013/0825/470217-roche-wins-stage-two-of-vuelta/. конс. 26 август 2013. 
  21. „Nicolas Roche set to finish fifth in Vuelta after penultimate stage“. „Irish Independent“. 14 септември 2013. http://www.independent.ie/sport/nicolas-roche-set-to-finish-fifth-in-vuelta-after-penultimate-stage-29579793.html. конс. 17 септември 2013. 
  22. „Roche takes over leader's jersey from Nibali“. „Cycling News“. 31 август 2013. http://www.cyclingnews.com/vuelta-a-espana/stage-8/results. конс. 17 септември 2013. 

Литература[уреди]

Надворешни врски[уреди]