Милано-Сан Ремо 2014

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Милано-Сан Ремо 2014
Светска турнеја UCI 2014, трка 4 од 30
Peloton, Milan-Sanremo 2014.jpg
Групата во Савона
Детали за трката
Датум 23 март
Должина 294 km (182.7 mi)
Време 6ч 55' 56" (26.352 mph/42,409 км/ч)
Добитници на наградите
Победник  Александер Кристоф (НОР) (Тим Катјуша)
Втор  Фабијан Канчелара (ШВА) (Трек Фактори Рејсинг)
Трет  Бен Свифт (ВБР) (Тим Скај)
2013
2015

Милано-Сан Ремо 2014 — 105. издание на еднодневната класична велосипедска трка Милано-Сан Ремо. Се одржала на 23 март на растојание од 294 километри и била четврта трка во сезоната на Светската турнеја.

Трката била освоена преку масовен спринт од Норвежанецот Александер Кристоф, пред Фабијан Канчелара и Бен Свифт.[1]

Рута и фаворити[уреди]

Организаторите на трката вовеле многу промени во рутата за изданието во 2014 година, со новото искачување Помпеијана помеѓу постоечкото Чипреса и Поџо при крајот на трката, додека претходното искачување Ле Мани биле тргнато. На ова се гледало како воспоставување рамнотежа во корист на искачувачите отколку за спринтерите, а многу спринтери, вклучувајќи го и победникот од 2009 Марк Кевендиш (Омега Парма-Квик Степ) изјавиле дека нема да настапат. Меѓутоа, во февруари 2014, организаторите на трката објавиле дека нема да се вози на новото искачување поради лошите временски услови.[2]

Бидејќи немало замена на искачувањето, рутата била истата како онаа во 2007 и поради тоа била во корист на спринтерите, поради порамниот терен отколку минатите години. Подоцна, Кевендиш и Андре Грајпел (Лото-Белисол) одлучиле дека ќе настапат на првиот монумент во сезоната. Петер Саган од Канондејл бил сметан за еден од главните фаворити на трката, поради неговите спринтерски вештини и способностите за искачување. Кевендиш, Грајпел и возачот на Џајант-Шимано Џон Дегенколб биле сметани за фаворити при масовен спринт на крајот на трката, додека Фабијан Канчелара (Трек Фактори Рејсинг), Филип Жилбер од БМЦ Рејсинг Тим, возачот на {{ct|OGE|2014} Сајмон Геранс и Том-Јелте Слагтер од Гармин-Шарп ќе бараат начини за победи со бегство во последните искачувања. Геранс не настапувал на трката поради болест.[3]

Екипи[уреди]

Бидејќи Милано-Сан Ремо е трка од Светската турнеја, сите 18 UCI World Tour екипи биле поканети автоматски и се обврзани да испратат своја екипа. На седум други екипи им биле дадени специјални покани за трката, со што се создала група од 25 екипи.

Екипи кои настапиле на трката:[4]

Преглед на трката[уреди]

Седморицата бегалци во Савона

Милано-Сан Ремо 2014 била освоена со силен спринт на Александер Кристоф од Тим Катјуша, кој го отпочнал спринтот на околу 150 метри пред целта и се одвоил јасно пред Марк Кевендиш. Фабијан Канчелара од Трек Фактори Рејсинг завршил втор по трет пат на трката, а петти пат на подиум во седум години.

Бен Свифт од Тим Скај бил изненадување на третото место, пред Хуан Хосе Лобато (Мувистар Тим) и Марк Кевендиш (Омега Парма-Квик Степ). Двајца од фаворитите ја пропуштиле завршницата, Џон Дегенколб имал дупната гума пред Поџо, а Андре Грајпел имал грч по потерата да стигне до групата на Поџо.

Трката била возена во ужасни услови со град и пороен смрзнувачки дожд, кој паѓал на возачите со часови. Раното бегство од седум возачи изградило значајна предност, но тие биле достигнати на Чипреса, кога Винченцо Нибали (Астана) започнал напад. Имал предност од 35 секунди пред главната група, но не успеал да се задржи пред нив, кои биле предводени од Катјуша и Кенондејл.

При крајот групата се намалила на 27 возачи, кои стигнале до завршницата, а Кристоф извонредно бил доведен од колегата Лука Паолини и се покажал како најсилен на крајот на тешкиот ден.[5]

Резултати[уреди]

Велосипедист Екипа Време
1  Александер Кристоф (НОР) Тим Катјуша 6ч 55' 56"
2  Фабијан Канчелара (ШВА) Трек Фактори Рејсинг и.в.
3  Бен Свифт (ВБР) Тим Скај и.в.
4  Хуан Хосе Лобато (ШПА) Мувистар Тим и.в.
5  Марк Кевендиш (ВБР) Омега Парма-Квик Степ и.в.
6  Сони Колбрели (ИТА) Бардијани-ЦСФ и.в.
7  Здењек Штибар (ЧЕШ) Омега Парма-Квик Степ и.в.
8  Сака Модоло (ИТА) Лампре-Мерида и.в.
9  Гералд Чолек (ГЕР) МТН Кубека и.в.
10  Петер Саган (СВК) Канондејл и.в.

Наводи[уреди]

  1. Велосипедизам: Кристоф изненади на Милано-Сан Ремо“, „telegraf.mk“, Телеграф, 23 март 2014 (конс. 25 март 2014).
  2. Помпеијана надвор од Милано-Сан Ремо“, „Cyclingnews.com“, Future plc, 28 февруари 2014 (конс. 22 март 2014).
  3. Gerrans ruled out of Milan-San Remo“, „Cyclingnews.com“, Future plc, 22 март 2014 (конс. 22 март 2014).
  4. „Стартна листа за Милано-Сан Ремо 2014“. „Cyclingnews.com“. Future plc. http://www.cyclingnews.com/milan-san-remo/start-list. конс. 23 март 2014. 
  5. „Резултати Милано-Сан Ремо“. Cycling News. http://www.cyclingnews.com/milan-san-remo/results. 

Надворешни врски[уреди]