Лука Паолини
Паолини на Четири дена Денкерк 2011 |
|||||||||||||||
| Лични податоци | |||||||||||||||
|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
| Цело име | Лука Паолини | ||||||||||||||
| Роден | 17 јануари 1977 Милано, Италија |
||||||||||||||
| Висина | 1,74 м | ||||||||||||||
| Маса | 66 кг | ||||||||||||||
| Податоци за клубот | |||||||||||||||
| Мом. клуб | Тим Катјуша | ||||||||||||||
| Дисциплина | Друмски велосипедизам | ||||||||||||||
| Улога | Возач | ||||||||||||||
| Професионални клубови | |||||||||||||||
| 2002 2003–2005 2006–2007 2008–2010 2011– |
Мапеи-Квик Степ Квик Степ-Давитамон Ликвигас Аква & Сапоне-Кафе Мокамбо Тим Катјуша |
||||||||||||||
| Значајни победи | |||||||||||||||
|
|||||||||||||||
|
|||||||||||||||
| Последна промена 6 мај 2013 |
|||||||||||||||
Лука Паолини (роден на 17 јануари 1977 во Милано) е италијански друмски велосипедист, кој моментално вози за UCI World Tour екипата Тим Катјуша. Ја започнал неговата спортска кариера во почетокот на 2000-тите со придружувањето на Мапеи-Квик Степ (2000-2002), екипата предводена од Патрик Лефевр. Во рамките на Мапеи-Квик Степ и потоа во екипата Квикстеп (2003-2005), Лука Паолини забележал голем број на победи. Меѓу нив се, првите места на Гран Премио ди Лугано, Џиро дел Пиемонт и Гран Премио Бруно Бегели. Станувајќи помошник на познатиот Паоло Бетини, тој исто така освоил етапи на Трката околу Британија и Тур де Валони.
Сезоните 2006-2007 и 2008-2010, Лука Паолини ги поминал во две италијански велосипедски екипи - Ликвигас и Аква & Сапоне, соодветно. Како нивен член, тој победил на некои етапи на Вуелта а Еспања и Три дена Де Пане, ги освоил еднодневните трки ГП Сита ди Камаиоре, Трофео Лаквалија, Копа Плаки, како и Копа Барноки. Во меѓувреме, неговите големи победи го привлекле вниманието од институциите задолжени за антидопинг. Бидејќи неговото име се појавило во снимените телефонски разговори со Иван Басо и неговата сестра Елиса, тој бил обвинет за нелегално користење на лекови[1]. Во септември 2006, домот на Паолини бил пребаруван во истрагата за допинг, која била наречена Operazione Athena[2] – меѓутоа не нашле докази, кои би довеле до покренување на обвинение, па така Ликвигас одбиле барањето да го суспендираат[3]. Во 2011, потпишал со руската екипа Тим Катјуша, каде бил помошник на Филипо Поцато, како на класиците, така и на големите трки. Меѓутоа, поради слабите резултати на Поцато и повредите во 2011, тој се приклучил кон другите совозачи и поставил одредени свои цели во групата. Есента 2011, завршил трет на Џиро дел Пиемонт, земајќи го неговиот прв подиум за Тим Катјуша[4].
Во 2013, Паолини го освоил Омлоп Хет Ниувсблад откако се одвоил од водечката група со возачот на Омега Парма-Квик Степ Стејн Ванденберг. Двоецот опстанал пред групата, а Паолини победил во спринтот откако Ванденбург презел долги смени во последните километри.[5] На Милано-Сан Ремо, Паолини завршил во водечката група на петтото место, откако возачот на МТН Кубека Гералд Чолек ја освоил трката.[6]
Достигнувања [уреди]
- 1999
- 2. Џиро дел Мендрисиото
- 2000
- 1. Етапа 1 Тур де л’Авенир
- 1. Етапа 3 Тур де Норманди
- Планински пласман Трка околу Данска
- 2001
- 1. ГП ди Лугано
- 2002
- 1. Џиро дел Пиемонт
- 2003
- 1. ГП Бруно Бегели
- 2. Копа Сабатини
- 3. Милано-Сан Ремо
- 3. Брабант Пејл
- 2004
- 1. Брабант Пејл
- 3. ГП Чита ди Камаиоре
- 3. Светско друмско првенство
- 2005
- Трка околу Британија
- 1. Етапа 3
- 1. Етапа 6
- 1. Етапа 3 Тур де Валони
- 2. HEW Класик
- 2006
- 1. Етапа 12 Вуелта а Еспања
- 1. ГП Чита ди Камаиоре
- 3. Милано-Сан Ремо
- 3. Копа Берноки
- 2007
- 1. Етапа 1 Три дена де Пане
- 3. Џиро дела Ромања
- 3. Трка околу Фландрија
- 2008
- 1. Трофео Лаигвелја
- 1. Копа Плаки
- 2. Џиро дел Пиемонт
- 3. Париз-Брисел
- 6. Гент-Вевелгем
- 2009
- 1. Копа Берноки
- 2. Меморијал Чимури
- 3. ГП Индустрија & Комерчо ди Прато
- 3. Џиро дел Венето
- 4. Џиро ди Ломбардија
- 2010
- 3. Краен пласман Три дена Де Пане
- 1. Бодовен пласман
- 3. Копа Агостони
- 2011
- 3. Џиро дел Пиемонт
- 2. ГП Индустрија & Комерчо ди Прато
- 10. ГП Бруно Бегели
- 2012
- 2. ГП Индустрија & Комерчо ди Прато
- 2. Џиро дел Пиемонт
- 4. Гран при Квебек
- 7. Трка околу Фландрија
- 9. Олимписка друмска трка
- 2013
- 1. Омлоп Хет Ниувсблад
- 1. Етапа 3 Џиро д’Италија
- 5. Милано-Сан Ремо
- 8. Е3 Харелбеке
Наводи [уреди]
- ↑ „Т-Мобајл: „Направи го правилно или не прави го воопшто““. Cyclingnews.com. http://autobus.cyclingnews.com/news.php?id=news/2006/sep06/sep29news. проверено на 29 април 2012.
- ↑ „Операцијата Атина не е готова за Паолини“. Cyclingnews.com. http://autobus.cyclingnews.com/news.php?id=news/2007/may07/may01news4. проверено на 2 јануари 2008.
- ↑ „Ликвигас го враќа Паолини по пребарувањето во неговиот дом“. Cyclingnews.com. http://autobus.cyclingnews.com/news.php?id=news/2006/sep06/sep29news. проверено на 2 јануари 2008.
- ↑ „97. Џиро дел Пиемонт - Гран Пиемонт“. Dailypeloton.com. http://www.dailypeloton.com/displayarticle.asp?pk=19440. проверено на 28 април 2012.
- ↑ Едвард Пикеринг. „Het Nieuwsblad analysis: Two against eight – how Omega Pharma won, then lost the race“, „Cycle Sports“, IPC Media, 23 февруари 2013 (проверено на 26 март 2013).
- ↑ Рајан, Бери (17 март 2013). „Sagan rues missed opportunity at Milan-San Remo“. „Cycling News“. Future Publishing Limited. http://www.cyclingnews.com/news/sagan-rues-missed-opportunity-at-milan-san-remo. проверено на 18 март 2013.
Надворешни врски [уреди]
| Заедничката Ризница има податотеки поврзани со: „Лука Паолини“ |
- Профил на Лука Паолини на Cycling Archives
- Достигнувања на Cycling Base
|
|||||
- Родени на 17 јануари 1977
- Родени во јануари 1977
- Родени во 1977 година
- Родени во Милано
- Живи луѓе
- Луѓе од Милано
- Италијански велосипедисти
- Италијански етапни победници на Вуелта а Еспања
- Италијански етапни победници на Џиро д’Италија
- Олимписки велосипедисти на Италија
- Велосипедисти на Летните олимписки игри 2004
- Велосипедисти на Летните олимписки игри 2012