Здењек Штибар

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Здењек Штибар

Штибар на Е3 Харелбеке 2015
Лични податоци
Цело име Здењек Штибар
Прекар Штиби
Роден 11 декември 1985 (1985-12-11) (29 г.)
Плана, Чехословачка
Висина 1,83 м
Маса 68 кг
Податоци за клубот
Мом. клуб Етикс-Квик Степ
Дисциплина Велокрос и друмски велосипедизам
Улога Возач
Вид на возач Универзален возач
Професионални клубови
2005–2011
2011–
Теленет-Фидеа
Квик Степ
Значајни победи
;Велокрос

Светски куп во велокрос UCI

7 индивидуални трки (2009–2010)

Велокрос Суперпрестиж

6 индивидуални трки (2009–2010)

ГвА Трофеј

3 индивидуални трки

Светски велокрос првак (2010, 2011, 2014) Национален велокрос првак (2008-2013)

Друмски

Гранд Тур

Вуелта а Еспања
1 индивидуална етапа (2013)

Етапни трки

Енеко Тур (2013)

Еднодневни трки и класици

MaillotRepúblicaCheca.PNG Национален друмски првак (2014)
Страде Бјанке (2015)
Последна промена
27 април 2015

Здењек Штибар (чешки: Zdeněk Štybar; р. 11 декември 1985) — чешки професионален велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата Етикс-Квик Степ.[1] Се натпреварувал како велокрос велосипедист, а од 2011 ја продолжил својата кариера во друмскиот велосипедизам, но сепак продолжил да вози на некои велокрос трки.

Кариера[уреди | уреди извор]

Штибар на Суперпрестиж Зонховен во 2011 година

По последователните втори места во 2008 и 2009, Штибар победил на Светското велокрос првенство на домашен терен. Во 2011 го освоил Светското првенство по втор пат. Во 2012 остварил победа во друмскиот велосипедизам преку етапа на Четири дена Денкерк. Во 2013, Штибар стигнал шести на Париз-Рубе. Бил во можност за победа, додека бил дел од водечкото трио со Сеп Ванмарке и Фабијан Канчелара, кога удрил во гледач, што го забавило во однос на останатите. Се обидел да се врати до двајцата напред, но без никаков успех.[2] Во август истата година, Штибар ја освоил трката Енеко Тур – дел од Светската турнеја UCI – освојувајќи две етапи на самата трка.[3] Подоцна истиот месец, Штибар ја освоил седмата етапа на Вуелта а Еспања 2013 победувајќи го светскиот првак Филип Жилбер.[4]

Штибар на Париз-Рубе 2013

Во 2014 година, Штибар го освоил Светското велокрос првенство по трет пат во жестока борба со бранителот на титулата Свен Нис.[5]

На Енеко Тур 2014, Штибар ги почувствувал челичните прегради на четвртата етапа близу целта и морал да оди во болница.[6] Ги скршил и ги изгубил неговите предни заби во падот.[7] По неговото враќање се жалел до Меѓународниот велосипедистички сојуз дека истите опасни прегради биле користени на Гран при Квебек.[8] Негова прва победа по неговото враќање била Бинше-Шиме-Бинше, каде нападнал на два километри до целта на мало искачување со калдрма откако тргнал по колегата Ники Терпстра на подножјето на искачувањето. Штибар имал време да прослави, доаѓајќи две секунди пред Џон Дегенколб и останатите спринтери.[9]

Во 2015 година, Штибар го освоил италијанскиот класик Страде Бјанке. Исто така имал одлична белгиска класична сезона. Завршил втор на Е3 Харелбеке зад Герант Томас.[10] На Трката околу Фландрија, неговите вештачки предни заби скршени во 2014 година му отпаднале при возењето на искачување со калдрма и морал да ги извади. Успеал да заврши на трката на деветтото место.[7] Го освоил второто место на Париз-Рубе, откако бил претекнат од Џон Дегенколб на велодромот во Рубе.[11]

Достигнувања[уреди | уреди извор]

Велокрос[уреди | уреди извор]

2002
1. MaillotRepúblicaCheca.PNG Национални јуниорски велокрос првенства
2005
1. MaillotRepúblicaCheca.PNG Национални велокрос првенства под 23 години
1. Jersey rainbow.svg Светски велокрос првенства под 23 години
2006
1. MaillotRepúblicaCheca.PNG Национални велокрос првенства под 23 години
1. Jersey rainbow.svg Светски велокрос првенства под 23 години
1. ГП Шимано
1. Хардервејк
1. Ардоије
1. Велокрос Рудерворде
1. Велокрос Тревизо (под 23 години)
1. Велокрос Одерцо
2007
1. Велокрос Луни
1. Велокрос Плзењ
1. Велокрос Калмтут
1. Велокрос Одерцо
1. Велокрос Подборжани
2. Велокрос Рудерворде
2. Болекескрос
3. Суперпрестиж Дигем
2008
1. MaillotRepúblicaCheca.PNG Национални велокрос првенства
1. Суперпрестиж Дигем
1. Азенкрос
2. Вламсе Ардбајенкрос
2. ГП Румур
2009
1. MaillotRepúblicaCheca.PNG Национални велокрос првенства
1. Дуненкрос Коксејде
1. Циклокрос Игоре
1. Болекескрос
1. ГП ван Хаселт
2. ГП Свен Нис
2. Вламсе Ардбајенкрос
2. Суперпрестиж Дигем
3. Велокрос Рудерворде
3. Велокрос Гавере
3. Велокрос Намур
3. ГП Румур
3. Азенкрос
2010
1. Jersey rainbow.svg Светско велокрос првенство
1. Краен пласман Светски куп UCI
1. MaillotRepúblicaCheca.PNG Национално велокрос првенство
1. Краен пласман Суперпрестиж
1. Велокрос ГП Лил Метропол
1. Циклофил Егл
1. Велокрос Плзењ
1. Велокрос Рудерворде
1. Велокрос Намур
1. Велокрос Зонховен (октомври)
2. ГП Свен Нис
2. Краватенкрос
2. Слутингспрејс Остмале
2. Велокрос Зонховен (февруари)
2. Велокрос Ворселар
2. ГП ван Хаселт
2. Азенкрос
3. Суперпрестиж Дигем
2011
1. Jersey rainbow.svg Светско велокрос првенство
1. MaillotRepúblicaCheca.PNG Национално велокрос првенство
1. Болекескрос
2. ГП Свен Нис
2. Краватенкрос
2. Слутингспрејс Остмале
2. Супер Трофеј Крос Ронсе
2. ГП ван Хаселт
2. Азенкрос
3. Велокрос Гавер
3. Велокрос Копенберг
2012
1. MaillotRepúblicaCheca.PNG Национално велокрос првенство
1. Велокрос Љевин
1. Нордзекрос
2. Краватенкрос
2. Слутингспрејс Остмале
2. Азенкрос
3. Суперпрестиж Дигем
2013
1. MaillotRepúblicaCheca.PNG Национално велокрос првенство
1. Верслујс Велокрос Бредене
2. ГП Свен Нис
3. ГП Ерик де Влеминк
2014
1. Jersey rainbow.svg Светско велокрос првенство

Друмски[уреди | уреди извор]

2006
1. Етапа 6 Волта Сиклиста Интернасионал а Љеида
1. Етапа 3 Тур де Пиринеи
2012
1. Етапа 3 Трка околу Полска
2. Краен пласман Четири дена Денкерк
1. Етапа 4
2013
1. Jersey white.svg Краен пласман Енеко Тур
1. Етапа 3
1. Етапа 7
1. Етапа 7 Вуелта а Еспања
1. Етапа 1 (ТТТ) Тирено-Адријатико
6. Париз-Рубе
2014
1. MaillotRepúblicaCheca.PNG Национално друмско првенство
1. Етапа 2 Енеко Тур
1. Бинше-Шиме-Бинше
3. Национално хронометарско првенство
5. Париз-Рубе
7. Милано-Сан Ремо
10. Класика де Сан Себастијан
2015
1. Страде Бјанке
2. Е3 Харелбеке
2. Париз-Рубе
3. Вуелта а Мурсија
7. Омлоп Хет Ниувсблад
9. Трка околу Фландрија

Распоред на резултатите на класиците[уреди | уреди извор]

Оваа табела ги прикажува резултатите на Штибар на петте монументи и класиците на кои најмногу учествувал од 2012 година до денес.

Година Страде Бјанке Милано-Сан Ремо Е3 Харелбеке Гент-Вевелгем Трка околу Фландрија Париз-Рубе Лиеж-Бастон-Лиеж Класика де Сан Себастијан Париз-Тур Џиро ди Ломбардија
2012 45. 10.
2013 66. 40. 57. 36. 6.
2014 7. 19. 20. 18. 5. 10. 77.
2015 1. 56. 2. 38. 9. 2.

СО = се откажал
— = не настапил

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Омега Парма-Квик-Стерп Сајклин Тим (OPQ) – BEL“. Светска турнеја UCI. Меѓународен велосипедистички сојуз. http://www.uciworldtour.com/Modules/SUCI/TEAMS/TeamDetails.asp?id=Mg&RefDate=09.01.2013&MenuId=MTY2Njk&LangId=1&BackLink=%2Ftemplates%2FUCI%2FUCI2%2Flayout%2Easp%3FMenuId%3DMTY2Njk%26LangId%3D1. конс. 9 јануари 2013. 
  2. Париз-Рубе уништен за Штибар по сударот со гледач“, „Cyclingnews“, Future plc, 7 април 2013 (конс. 9 април 2013).
  3. Бенсон, Даниел. „Stybar storms to Eneco Tour victory in Kapelmuur“, „Cyclingnews.com“, Future plc, 18 август 2013 (конс. 18 август 2013). (на (англиски))
  4. Classifications after the stage 7 / Stage“, 30 август 2013 (конс. 10 јануари 2014).
  5. Stybar tops Nys for third UCI Cyclo-cross World Championship title“.
  6. Штибар падна на Енеко Тур“, „Cyclingnews.com“, Future plc, 14 август 2014 (конс. 12 септември 2014).
  7. 7,0 7,1 Ричард Виндзор. „Здењек Штибар назад по проблемите со забите на Фландрија“, „Cycling Weekly“, IPC Media Sports & Leisure network, 9 април 2015 (конс. 13 април 2015).
  8. Лора Вајсло. „Штибар се жали до UCI за побезбедни прегради“, „Cyclingnews.com“, Future plc, 12 септември 2014 (конс. 12 септември 2014).
  9. Џозеф Доерти. „Последниот напад на Штибар го запечати Бинше-Шиме-Бинше“, „Cycling Quotes“, CyclingQuotes.com 2013, 8 октомври 2014 (конс. 8 октомври 2014).
  10. Томас сам се одвоил од Штибар за победа на Е3 Харелбеке“, „Cyclingnews.com“, Future plc, 27 март 2015 (конс. 13 април 2015).
  11. Дегенколб победи на Париз-Рубе“, „Cyclingnews.com“, Future plc, 12 април 2015 (конс. 13 април 2015).

Надворешни врски[уреди | уреди извор]