Трка околу Фландрија 2014

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Трка околу Фландрија 2014
Светска турнеја UCI 2014, трка 8 од 29
Детали за трката
Датум 6 април 2014
Должина 259 km (160.9 mi)
Време 6ч 15' 18" (25.729 mph/41,407 км/ч

)

Добитници на наградите
Победник  Фабијан Канчелара (ШВА) (Трек Фактори Рејсинг)
Втор  Грег ван Авермет (БЕЛ) (БМЦ Рејсинг Тим)
Трет  Сеп Ванмарке (БЕЛ) (Белкин Про Сајклинг)
2013
2015

Трка околу Фландрија 2014 — 98. издание на еднодневниот монументален класик Трка околу Фландрија. Била одржана на 6 април 2014 на растојание од 259 километри од Бруге до Ауденарде.[1] Претставувала осма трка во сезоната на Светската турнеја.

Во завршницата на четири велосипедисти, Швајцарецот Фабијан Канчелара ја освоил трката за израмнување на рекордот[2] по трет пат — втора година по ред — пред белгиската тројка Грег ван Авермет, Сеп Ванмарке и Стејн Ванденберг.[3]

Екипи[уреди]

Бидејќи Трката околу Фландрија е трката во Светската турнеја, сите 18 UCI World Tour екипи биле автоматски поканети и се обврзани да испратат екипа. На седум други екипи им биле доделени специјални покани, со што се создала група од 25 екипи.

Екипи кои настапиле на трката биле:[4]

Резултати[уреди]

Велосипедист Екипа Време Бодови за
Светската турнеја
1  Фабијан Канчелара (ШВА) Трек Фактори Рејсинг 6ч 15' 18" 100
2  Грег ван Авермет (БЕЛ) БМЦ Рејсинг Тим и.в. 80
3  Сеп Ванмарке (БЕЛ) Белкин Про Сајклинг и.в. 70
4  Стејн Ванденберг (БЕЛ) Омега Парма-Квик Степ и.в. 60
5  Александер Кристоф (НОР) Тим Катјуша + 8" 50
6  Ники Терпстра (ХОЛ) Омега Парма-Квик Степ + 18" 40
7  Том Бонен (БЕЛ) Омега Парма-Квик Степ + 35" 30
8  Герант Томас (ВБР) Тим Скај + 37" 20
9  Бјерн Лекеманс (БЕЛ) Ванти-Груп Гоберт + 41"  –
10  Себастијан Лангевелд (ХОЛ) Гармин-Шарп + 43" 4

Наводи[уреди]

  1. rvv.be - Roadmap pdf
  2. Браун, Грегор. „Канчелара: „Јас сум Спартак на Фландрија““, „Cycling Weekly“, IPC Media, 6 април 2014 (конс. 6 април 2014).
  3. Вестбај, Мет. „Фабијан Канчелара победи откако ги претекна Грег ван Авермет и Сеп Ванмарке“, „Sky Sports“, BSkyB, 6 април 2014 (конс. 6 април 2014).
  4. „Трка околу Фландрија: Стартна листа“. „Cyclingnews.com“. Future plc. http://www.cyclingnews.com/races/tour-of-flanders-2014/start-list. конс. 5 април 2014. 

Надворешни врски[уреди]