Милано-Санремо 2022
| |||
Детали за трката | |||
Издание | 113. Милано-Санремо | ||
Натпреварување | Светска турнеја на UCI 2022 1.UWT | ||
Датум | 19 март 2022 | ||
Растојание | 293 км | ||
Држава | Италија | ||
Поаѓалиште | Милано | ||
Одредиште | Санремо | ||
Екипи | 24 | ||
Возачи на почеток | 165 | ||
Возачи на крај | 159 | ||
Просечна брзина | 45,33 км/ч | ||
Добитници на наградите | |||
Победник | Матеј Мохорич (Бахреин Викториус) | ||
Второпласиран | Антони Тиржис (ТоталЕнержи) | ||
Третопласиран | Матје ван дер Пул (Алпесин-Декојнинк) | ||
◀2021 | 2023▶ | ||
Документација |
Милано-Санремо 2022 — 113. издание на велосипедската еднодневна трка Милано-Санремо, која се одржала на 19 март во северниот дел на Италија.[1][2][3] Првично требало да биде осми настан во Светската турнеја, но сепак бил шести настан по откажување на Тур Даун Андер и Големата океанска друмска трка „Кедел Еванс“.[4]
Во сличен потег на оној што му ја донел победата на Јаспер Стејвен во претходното издание, Матеј Мохорич нападнал на спустот на Поџо ди Санремо на само 5 километри до целта и сам стигнал до победата. Антони Тиржис, кој нападнал во последниот километар да се обиде да стигне до Мохорич, останал напред во групата и завршил втор, додека Матје ван дер Пул го освоил спринтот во групата за трето место.[5][6]
Екипи
[уреди | уреди извор]Бидејќи Милано-Санремо е настан од Светската турнеја, сите осумнаесет UCI World Tour екипи биле автоматски поканети и се обврзани да учествуваат на трката.[7] Двете најдобри професионални екипи од сезоната 2021, Алпесин-Феникс и Аркеа-Самсик, биле автоматски поканети.[8][9] Следната најдобра професионална екипа од сезоната 2021, Тим ТоталЕнержи исто така добила автоматска покана, додека четири други професионални екипи биле специјално поканети.[10] Помеѓу овие екипи била Гаспром-РусВело, но на 1 март 2022 година, UCI ги повлекла лиценците за руските и белоруските екипи поради руската инвазија на Украина.[11]
На трката настапиле дваесет и четири екипи.[12] Од нив, Бора-Хансгрое и Лото-Судал, со шест возачи секоја, биле единствените екипи кои не настапиле со дозволениот состав од седум возачи.[13] Тим БајкЕксчејнџ-Џејко на крајот имала исто шест возачи поради еден возач што не ја започнал трката. Од вкупно 165 возачи на почетокот, 159 ја завршиле трката.[14]
Екипи од Светската турнеја на UCI (18)
| |
Поредок
[уреди | уреди извор]Завршен пласман
[уреди | уреди извор]
| |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Извор: ProCyclingStats |
Список на учесници
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Milan–San Remo“. UCI. Архивирано од изворникот на 19 March 2022. Посетено на 19 March 2022.
- ↑ „The UCI has officially confirmed the dates for RCS Sport's 2022 racing calendar“. 2022 Milan–San Remo. RCS Sport. 1 October 2021. Посетено на 19 March 2022.
- ↑ „Milano-Sanremo, the road is marked!“. 2022 Milan–San Remo. RCS Sport. 17 March 2022. Посетено на 19 March 2022.
- ↑ Giuliani, Simone (29 September 2021). „Tour Down Under and Cadel Evans Race off early season calendar again in 2022“. CyclingNews. Future plc. Посетено на 19 March 2022.
- ↑ 5,0 5,1 Ostanek, Daniel (19 March 2022). „Matej Mohoric wins in late attack at Milan-San Remo“. CyclingNews. Future plc. Посетено на 19 March 2022.
- ↑ „Milan-San Remo: Matej Mohorič goes solo to stunning monument victory“. VeloNews. Outside Interactive, Inc. 19 March 2022. Посетено на 19 March 2022.
- ↑ „UCI Cycling Regulations: Part 2: Road Races page 110 article 2.15.127“ (PDF). uci.ch. Меѓународен велосипедистички сојуз. Архивирано од изворникот (PDF) на 2 јули 2015. Посетено на 20 август 2015.
- ↑ Ostanek, Daniel (2 November 2021). „Alpecin-Fenix repeats as best ProTeam to earn 2022 WorldTour race invites“. CyclingNews. Future plc. Посетено на 11 January 2022.
- ↑ Fletcher, Patrick (10 December 2021). „Arkéa-Samsic delight in WorldTour access following Qhubeka NextHash demise“. CyclingNews. Future plc. Посетено на 19 February 2022.
- ↑ „2022 Milano-Sanremo: teams list announced“. 2021 Milan–San Remo. RCS Sport. 17 February 2022. Посетено на 18 March 2022.
- ↑ „The UCI takes strong measures in the face of the situation in Ukraine“. UCI. 1 March 2022. Посетено на 18 March 2022.
- ↑ „Teams selection and Partecipants [sic] of Milano Sanremo 2022“. 2022 Milan–San Remo. RCS Sport. Посетено на 19 March 2022.
- ↑ „Milano–San Remo 2022 Startlist“. 2022 Milan–San Remo. Tissot Timing. 18 March 2022. Посетено на 19 March 2022.
- ↑ „Milano–Sanremo - 1“. 2022 Milan–San Remo. Tissot Timing. 19 March 2022. Посетено на 19 March 2022.
- ↑ „Милано-Санремо 2022“. ProCycling.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Матична страница
- Достигнувања на Cycling Archives
- „Милано-Санремо 2022“. ProCycling.
|
|