Енрико Гаспарото

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Енрико Гаспарото
Enrico Gasparotto

Гаспарото на Тур де Франс 2013.
Лични податоци
Цело име Енрико Гаспарото
Прекар Џало
Роден 22 март 1982 (1982-03-22) (32 г.)
Сачиле, Италија
Висина 1,74 м
Маса 65 кг
Податоци за клубот
Мом. клуб Астана
Дисциплина друмски велосипедизам
Улога Возач
Професионални клубови
2005–2007
2008
2009
2010–
Ликвигас-Бјанки
Барловорлд
Лампре-НГЦ
Астана
Значајни победи
Гранд Тур
Џиро д’Италија
1 ТТТ (2007)

Етапни трки

Стер Електротур (2008)

Еднодневни трки и класици

Национален друмски првак (2005)
Амстел Голд Рејс (2012)

Други

Европска турнеја UCI (2007–2008)
Последна промена
21 април 2014

Енрико Гаспарото (италијански: Enrico Gasparotto; р. 22 март 1982 во Сачиле) — италијански друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата Астана, каде се приклучил во 2009. Станал професионалец во 2005 г. со екипата Ликвигас-Бјанки и останал таму три години.

На Џиро д’Италија 2007, Гаспарото ја водел екипата Ликвигас на етапата 1 кон победа на екипниот хронометар и ја облекол розовата маичка следниот ден.

Гсзпарото ја постигнал неговата прва победа на класик на Амстел Голд Рејс 2012; ја освоил трката на самата завршницата, откако Оскар Фреир бил достигнат на 90 метри пред крајот,[1] и Гаспарото ги поминал возачот на Лото-Белисол Јеле Ванендерт и Петер Саган од Ликвигас-Канондејл.[2] Една недела подоцна, земал дел од Лиеж-Бастон-Лиеж, завршувајќи трет преку спринтање на мала група во трката, каде победил неговиот колега од Астана, Максим Иглински.[3] На Вуелта а Еспања, Гаспарото и екипата Астана ги следела лоша среќа уште на првата етапа, екипен хронометар од 16,5 километри. Неговите колеги Паоло Тиралонго, Александар Дјаченко, Андреј Зајтс и самиот Гаспарото доживеале пад, кој не бил забележан на телевизиските камери. Неговите колеги можеле да станат и да продолжат, додека Гаспарото, како што било објавено подоцна, ја напуштил трката во Шпанија поради скршеници на три места на неговата клучна коска.[4]

Достигнувања[уреди]

2005
1. MaillotItalia.svg Национален друмски првак
1. Етапа 2 Волта а Каталуња
2006
1. Меморијал Кимури
3. Копа Сабатини
2007
1. Етапа 1 (ТТТ) Џиро д‘Италија
Ја носел розовата маичка Jersey pink.svg на етапите 1 & 3
2. Краен пласман Трка околу Данска
2008
1. Jersey yellow.svg Краен пласман Стер Електротур
1. Етапа 3
1. Џиро дела Ромања
3. Краен пласман Три дена Де Пане
1. Етапа 1
3. ГП ди Лугано
2009
1. Jersey blue.svg Бодовен пласман Тур де Свис
2010
1. Етапа 5 Тирено-Адријатико
3. Астел Голд Рејс
9. Страде Бјанке
2011
4. Тре Вали Варезине
2012
1. Амстел Голд Рејс
3. Лиеж-Бастон-Лиеж
7. Трофео Лагвелја
2013
5. Џиро ди Ломбардија
6. Лиеж-Бастон-Лиеж
7. Гран при Монтреал
9. Астел Голд Рејс
2014
8. Астел Голд Рејс

Распоред на резултатите на Гранд Тур[уреди]

Гранд Тур 2007 2008 2009 2010 2011 2012 2013
Jersey pink.svg Џиро 97 92 60 СО 66
Jersey yellow.svg Тур 95
Jersey red.svg Вуелта 82 68 78

СО = се откажал

Наводи[уреди]

  1. Фреир вели дека ветрот ги уништил неговите шанси за освојување на Амстел Голд Рејс“, „VeloNation“, VeloNation LLC, 15 април 2012 (конс. 16 април 2012).
  2. Гаспарото го освоил Амстел“, „Cycling News“, Future Publishing Limited, 15 април 2012 (конс. 16 април 2012).
  3. Максим Иглински победи на Лиеж-Бастон-Лиеж“, „Velo News“, VeloNews.com, 22 април 2012 (конс. 22 април 2012).
  4. Бен Аткинс. „Вуелта а Еспања: Скршеница на клучната коска за Енрико Гаспарото по падот во екипниот хронометар“, „Velo Nation“, Velo Nation LLC, 19 август 2012 (конс. 19 август 2012).

Надворешни врски[уреди]