Лук Дарбриџ

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Лук Дарбриџ

Дарбриџ на Тур Даун Андер 2013
Лични податоци
Цело име Лук Дарбриџ
Прекар Турбо Дурбо
Роден 9 април 1991 (1991-04-09) (23 г.)
Гринмаунт, Западна Австрија, Австралија
Висина 1,87 м[1]
Маса 78 кг[1]
Податоци за клубот
Мом. клуб Орика-ГринЕЏ
Дисциплина Велодромски и друмски велосипедизам
Улога Возач
Вид на возач Специјалист за хронометар
Професионални клубови
2010–2011
2012–
Тим Џајко-Скинс
ГринЕЏ
Значајни победи
Етапни трки
Сиркут де ла Сарт (2012)
Тур ду Поату-Шарент (2012)

Еднодневни трки и класици

Светски хронометарски првак под 23 години (2011)
Дуо Норманд (2012, 2013)
Национален друмски првак (2013)
Национален хронометарски првак (2012, 2013)
Национален хронометарски првак под 23 години (2011)
Последна промена
7 октомври 2014

Лук Дарбриџ (англиски: Luke Durbridge; р. 9 април 1991) — австралиски професионален велодромски и друмски велосипедист, специјализиран за индивидуален хронометар.[2][3] Настапува за друмската UCI World Tour екипата Орика-ГринЕЏ.[4] Откако станал национален хронометарски првак во 2012 година, Дарбриџ ги освоил обете титули во 2013, хронометарот и друмската трка. Со тоа станал првиот возач, кој ги обединил титулите во една година на професионално ниво,[5] Џонатан Хал претходно ги освоил обете титули во 1997, но не на елитно ниво.[6]

Рана кариера[уреди]

Започнал со велосипедизам на 14 години, настапувајќи и во триатлони. Во 2009 станал светски јуниорски хронометарски првак на Светски друмски првенства под 19 години во Москва, Русија, притоа освојувајќи го златото и во медисон на Светското јуниорско велодромско првенство истата година. Во 2010 станал најмладиот освојувач на медал на хронометарот под 23 години на Светските друмски првенства.

Професионална друмска кариера[уреди]

Дарбриџ се приклучил на екипата ГринЕЏ за сезоната 2012, што се поклопила со неговото исфрлање од австралиската велодромска екипа.[7][8] По освојувањето на националното хронометарско првенство под 23 години во 2011, Дарбриџ станал национален хронометарски првак во јануари 2012,[9] победувајќи го колегата и двократниот првак, бранител на титулата, Камеран Мајер за скоро седум секунди. Неговата прва професионална победа се случила во април 2012, освојувајќи го генералниот пласман на Сиркут де ла Сарт и покрај тоа што бил оставен само со двајца колеги за последната етапа.[10] Во јуни неочекувано победил на прологот на Критериум ду Дофине, победувајќи го Бредли Вигинс и светскиот хронометарски првак Тони Мартин.[11] Подоцна, завршил петти на Енеко Тур пред да го освои својот втор генерален пласман во таа година на трката Тур ду Поату-Шарент.[12]

Достигнувања[уреди]

2006
2. Хронометар под 17 години Квинсланд
2007
1. Екипна потера под 17 години Нов Јужен Велс
2. Индивидуална потера под 17 години Нов Јужен Велс
2. Хронометар под 17 години Квинсланд
2008
Светски јуниорски велодромски првенства
1. Екипна потера
3. Бодовна трка
4. Индивидуална потера
1. Екипна потера Светски велодромски куп 2008–09
1. Друмска трка под 19 години Нов Јужен Велс
1. Екипна потера под 19 години Нов Јужен Велс
3. Индивидуална потера под 19 години Нов Јужен Велс
3. Индивидуален хронометар под 19 години Нов Јужен Велс
4. Медисон под 19 години Нов Јужен Велс
2009
Светски јуниорски велодромски првенства
1. Медисон
2. Екипна потера
1. Светско хронометарско првенство под 19 години
Јуниорски велодромски првенства на Океанија
1. Екипна потера
2. Индивидуална потера
2. Бодовна трка
1. Екипна потера Национални велодромски првенства
Национални јуниорски друмски првенства
1. Индивидуален хронометар
4. Друмска трка
2. Индивидуална потера Национални велодромски јуниорски првенства
1. Екипна потера Светски велодромски куп 2009–10
Австралиски младински олимписки фестивал
1. Екипна потера
3. Индивидуална потера
2010
1. Краен пласман Мерси Вали Тур
1. Пролог (ITT)
1. Етапа 1 (ТТТ) Трка околу Тирингија под 23 години
2. Светско хронометарско првенство под 23 години
Национални велодромски првенства
2. Екипна потера
2. Бодовна трка
4. Омниум
2. Национално хронометарско првенство под 23 години
3. Хронометар на Комонвелтските игри
2011
1. Jersey rainbow.svg Светско хронометарско првенство под 23 години
1. MaillotAustralia.PNG Национално хронометарско првенство под 23 години
1. Светски велодромски првенства - Екипна потера
1. Национални велодромски првенства - Бодовна трка
1. Хроно Шампеноа
Трка Олимпија
1. Пролог (ITT)
1. Етапа 5
2012
1. MaillotAustralia.PNG Национално хронометарско првенство
1. Jersey yellow.svg Краен пласман Сиркут де ла Сарт
1. Етапа 3 (ITT)
1. Jersey blue.svg Пласман за млад возач
1. Jersey white.svg Краен пласман Тур ду Поату-Шарент
1. Етапа 4 (ITT)
1. Jersey orange.svg Пласман за млад возач
1. Дуо Норманд (со Свен Тафт)
1. Пролог Критериум ду Дофине
3. Светско хронометарско првенство
5. Краен пласман Енеко Тур
1. Етапа 2 (ТТТ)
7. Краен пласман Три дена Де Пане
2013
1. MaillotAustralia.PNG Национално друмско првенство
1. MaillotAustralia.PNG Национално хронометарско првенство
1. Дуо Норманд (со Свен Тафт)
1. Беј Класик Серија Портарлингтон критериум
1. Етапа 3 (ITT) Сиркут де ла Сарт
2. Светско хронометарско првенство
6. Краен пласман Тур ду Поату-Шарент
7. Краен пласман Три дена Де Пане
2014
1. Друмски првенства на Океанија
1. Етапа 1 (ТТТ) Џиро д’Италија
2. Национално хронометарско првенство
2. Краен пласман Три дена Де Пане

Наводи[уреди]

  1. 1,0 1,1 „Лук Дарбриџ“. „Орика-ГринЕЏ“. GreenEDGE Cycling. http://www.greenedgecycling.com/team/luke-durbridge. конс. 3 јануари 2014. 
  2. „Лук Дарбриџ“. Тим Џајко Скинс. http://www.teamjaycoskins.com/team-members/luke-durbridge. конс. 1 октомври 2010. 
  3. „Лук Дарбриџ“. Cycling Australia. http://www.cycling.org.au/?Page=17135. конс. 1 октомври 2010. 
  4. „Орика-ГринЕЏ (OGE) – АВС“. „Светска турнеја UCI“. Меѓународен велосипедистички сојуз. http://www.uciworldtour.com/Modules/SUCI/TEAMS/TeamDetails.asp?id=NDA3Mw&RefDate=09.01.2013&MenuId=MTYzMDE&LangId=1&BackLink=%2Ftemplates%2FUCI%2FUCI2%2Flayout%2Easp%3FMenuId%3DMTYzMDE%26LangId%3D1. конс. 9 јануари 2013. 
  5. Доминантниот Дарбриџ го додаде златото на друмската трка на успехот од хронометарот“, „VeloNation“, VeloNation LLC, 13 јануари 2013 (конс. 13 јануари 2013).
  6. Australian Road Championships: Men's and Women's Road Race – Perth, November 8, 1997“, „Cycling News“, Future Publishing Limited, 8 ноември 1997 (конс. 13 јануари 2013).
  7. Когој, Питер. „Luke Durbridge finds road to his liking“, 5 април 2012 (конс. 26 август 2012).
  8. ГринЕЏ го заокружи составот со Дарбриџ и Хепбурн во 2012“, „Cycling News“, Future Publishing Limited, 8 ноември 2011 (конс. 1 јануари 2012).
  9. Воган, Роџер. „Дарбриџ победи, Бобриџ во болница“, „The Sydney Morning Herald“, Fairfax Media, 10 јануари 2012 (конс. 10 јануари 2012).
  10. Когој, Питер. „Three-man GreenEDGE team scores at Circuit Cycliste Sarthe“, 7 април 2012 (конс. 26 август 2012).
  11. Дарбриџ победи на прологот на Дофине“, 4 јуни 2012 (конс. 26 август 2012).
  12. Дарбриџ победи на Поату-Шарент“, 25 август 2012 (конс. 26 август 2012).

Надворешни врски[уреди]