Даниел Ос

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Даниел Ос

Ос на Јапонскиот куп 2012
Лични податоци
Цело име Даниел Ос
Роден 13 јануари 1987 (1987-01-13) (27 г.)
Тренто, Италија
Висина 1,90 м
Маса 75 кг
Податоци за клубот
Мом. клуб БМЦ Рејсинг Тим
Дисциплина Друмски велосипедизам
Улога Возач
Професионални клубови
2009–2012
2013–
Ликвигас
БМЦ Рејсинг Тим
Последна промена
16 јануари 2014

Даниел Ос (италијански: Daniel Oss; р. 13 јануари 1987 во Тренто) — италијански професионален друмски велосипедист, кој моментално вози за американската UCI World Tour екипа БМЦ Рејсинг Тим.[1]

Кариера[уреди]

Во 2004, првите резултати на Ос во велодромски и друмски велосипедизам биле извонредни; тој се покажал на Националното студентско велодромско првенство во Порденоне, собирајќи три подиума во индивидуален пласман; во истата година бил трет во медисон на Европското студентско првенство.

По една година надвор од велосипедизмот, Ос се вратил во 2006, успевајќи да заврши пет трки, вклучувајќи ги Понтон, Исолатес Вичентина, Кремона Песина и Бибано. Во 2007, тој освоил две помали трки, додека во 2008, покрај три други трки, учествувал на Светското друмско првенство во Варезе, постигнувајќи го осмото место во хронометарот за возачи под 23 години.

Во 2009, станал професионалец, придружувајќи ѝ се на екипата Ликвигас;[2] тој бил меѓу првите десет за првпат на една професионална трка, кога на прологот на Волта а Каталуња завршил на деветтото место, четири секунди зад победникот Тор Хушовд. Во текот на истата година, тој учествувал на Националното велодромско првенство и бил прв во екипниот пласман заедно со колегите Јакопо Гварниери, Елија Вивијани и Давиде Чимолаи. Кон крајот на сезоната, тој бил способен да заврши во првите пет на бројни професионални трки: две четврти места на Трката околу Мисури и петти на ГП Индустрија е Комерчио ди Прато.

Во 2010, Ос бил петти на Гент-Вевелгем и четврти на една од етапите на Три дена Де Пане. Исто така, учествувал по првпат на некоја голема трка, каде завршил 124. на Тур де Франс,[3] каде исто така ја добил и наградата за борбеност на етапата 18, за неговото учество во бегството. Тој одиграл клучна улога како водач за спринтерот и колегата Елија Вивијани во воведната етапа на Про Сајклинг Челинџ. Водството на Ос му донело две етапни победи на Вивијани и бодовниот пласман. На шестата етапа во Денвер, Вивијани му донел награда за помошта на Ос, дозволувајќи да победи во спринтерската завршница.

Ос го напуштил Ликвигас-Канондејл на крајот на сезоната 2012 и му се приклучил на БМЦ Рејсинг Тим за сезоната 2013.[1]

Достигнувања[уреди]

2004
1. MaillotItalia.svg Јуниорски првак во индивидуален пласман
2007
1. Бибано ди Годега С. Урбано
2008
2. ГП Индустрија дел Куојо е деле Пели
2010
1. Џиро дел Венето
5. Гент-Вевелгем
6. Краен пласман, Џиро дела Провинција ди Реџо Калабрија
1. Пласман за млад возач
2011
3. Краен пласман, Џиро дела Провинција ди Реџо Калабрија
1. Пласман за млад возач
САД Про Сајклинг Челинџ
1. Етапа 6
2012
9. Милано-Сан Ремо
2013
3. Е3 Харелбеке
4. Краен пласман Тур де Валони

Распоред на резултатите на Гранд Тур[уреди]

Гранд Тур 2010 2011 2012 2013
Jersey pink.svg Џиро 140
Jersey yellow.svg Тур 124
Jersey gold.svg Вуелта

СО = се откажал

Наводи[уреди]

  1. 1,0 1,1 Аткинс, Бен. „Доминик Нерц и Даниел Ос во БМЦ Рејсинг Тим за 2013“, „VeloNation“, VeloNation LLC, 6 август 2012 (конс. 6 август 2012).
  2. Браун, Грегор (28.08.2008) Прво Цауг, сега Ос и Гварниери доаѓаат во Ликвигас cyclingnews.com..
  3. 2010 Тур де Франс: Краен поредок letour.fr..

Надворешни врски[уреди]