Саша Модоло

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Сака Модоло)
Прејди на: содржини, барај
Саша Модоло

Модоло на Тур де Сан Луис 2014
Лични податоци
Цело име Саша Модоло
Роден 19 јуни 1987 (1987-06-19) (27 г.)
Конелјано, Италија
Податоци за клубот
Мом. клуб Лампре-Мерида
Дисциплина Друмски велосипедизам
Улога Возач
Вид на возач Спринтер
Професионални клубови
2010–2013
2014–
Колнаго-ЦСФ Инокс
Лампре-Мерида
Значајни победи
Еднодневни трки и класици
Копа Агостони (2011)
Копа Берноки (2012)
Последна промена
24 октомври 2014

Саша Модоло (италијански: Sacha Modolo; р. 19 јуни 1987) — италијански професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата Лампре-Мерида.[1]

Кариера[уреди]

Колнаго-ЦСФ[уреди]

Во пролетта 2010, стигнал до четвртото место на велосипедскиот монумент Милано-Сан Ремо, забележувајќи го престижниот пласман.[2] По добрите резултати, блиски до победа во 2010, следеле победи во 2011, пред сè етапи на трки како што се Трката околу Данска, Трката околу езерото Чингхај, Сетимана Сиклистика Ломбарда и Џиро ди Паданија. Во 2012[3], бидејќи тој и неговите колеги се натпреварувале за место на Џиро д’Италија, Мадоло ја освоил шестата етапа на Трката околу Турција со спринт. Кога ја поминал линијата, го ставил неговиот палец во устата, посветувајќи ја победата на неговата бремена девојка.[4]

Во 2013, Модоло ја започнал годината со победа на втората етапа на Тур де Сан Луис, победувајќи го спринтерот Марк Кевендиш (Омега Парма-Квик Степ) во завршницата со блага нагорнина со неколку кривини. Модоло признал по етапата дека го проучувал пристигнувањето преку разговор со други возачи во текот на трката.[5]

Модоло го напуштил Бардијани Валволе-ЦСФ Инокс на крајот на сезоната 2013 и му се приклучил на Лампре-Мерида за сезоната 2014.[1]

Достигнувања[уреди]

2006
1. Џиро дел Касентино
2010
4. Џиро дел Фриули
3. Етапа 7 Тирено-Адријатико
4. Милано-Сан Ремо
3. Џиро дел Венето
2011
2. Ронд ван Дрент
2. Трка околу Езерото Чингхај
1. Етапа 5
1. Етапа 1 Трка Бриксија
1. 2 етапи на Трка околу Данска
1. Копа Агостони
2012
1. Копа Берноки
Трка околу Австрија
1. Етапа 3
1. Етапа 6
1. Етапа 6 Трка околу Турција
1. Етапа 2 Џиро ди Паданија
1. Jersey green.svg Бодовен пласман Сиркут де ла Сарт
2013
1. Копа Берноки
1. Меморијал Марко Пантани
Трка околу езерото Киншај
1. Jersey green.svg Бодовен пласман
1. Етапа 1
1. Етапа 4
1. Етапа 8
1. Етапа 9
1. Етапа 11
1. Етапа 12
1. Етапа 2 Тур де Сан Луис
2. Класик РајдЛондон-Сари
2014
1. Трофео Палма
1. Трофео Сес Салинес
Три дена Де Пане
1. Jersey green.svg Бодовен пласман
1. Етапа 2
1. Етапа 3а
1. Етапа 7 Тур де Сан Луис
1. Етапа 1 Волта ао Алгарве
1. Етапа 5 Тур де Свис
1. Етапа 5 Трка околу Пекинг
4. Трофео Муро-Порт д’Алкудија
8. Милано-Сан Ремо

Распоред на резултатите на Гранд Тур[уреди]

Гранд Тур 2010 2011 2012 2013 2014
Jersey pink.svg Џиро СО СО 138 125
Jersey yellow.svg Тур СО
Jersey red.svg Вуелта

СО = се откажал

Наводи[уреди]

Надворешни врски[уреди]