Јон Изагире

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Јон Изагире

Изагире на Тур де Романди 2011
Лични податоци
Цело име Јон Изагире Инсаусти
Роден 4 февруари 1989 (1989-02-04) (25 г.)
Ормаицтеги, Баскија, Шпанија
Висина 1,73 м
Маса 60 кг
Податоци за клубот
Мом. клуб Мувистар Тим
Дисциплина Друмски и велокрос велосипедизам
Улога Возач
Вид на возач Универзален возач
Аматерски клубови
2009
2009
Сегурос Билбао
Орбеа (стажант)
Професионални клубови
2010
2011–2013
2014–
Орбеа
Еускалтел-Еускади
Мувистар Тим
Последна промена
4 февруари 2014

Јон Изагире Инсаусти[1] (шпански: Jon Izagirre Insausti; р. 4 февруари 1989) — шпански професионален друмски велосипедист и велокрос возач, кој вози за UCI World Tour екипата Мувистар Тим.[2]

Роден во Ормаицтеги во Баскија, Изагире доаѓа од семејство на професионални велосипедисти, бидејќи и неговиот татко Хосе Рамон и неговиот брат Горка се имаат натпреварувано во друмски и велокрос велосипедизам. Се придружил на екипата Еускалтел-Еускади – заедно со братот Горка – од сезоната 2011 па наваму,[3] Изагире ги освоил неговите први професинални трки во пролетта 2012; победил на индивидуалниот хронометар на Вуелта а Астурија во април,[4] пред да ја освои својата прва победа на дебито на некоја голема трка, како Џиро д’Италија. Во текот на етапата 16, Изагире направил соло бегство на 4 километри пред крајот, со што ја освоил етапата со 16 секунди предност пред најблиските конкуренти.[5][6]

Јон и Горка Изагире потпишале за Мувистар Тим за сезоната 2014.[2]

Достигнувања[уреди]

2006
3. Национално велокрос јуниорско првенство
2008
1. Индивидуален хронометар Гипицкоа
3. Национално друмско првенство под 23 години
2009
1. Баскиско велокрос првенство под 23 години
1. Меморијал Анхел Мантекон
1. Етапа 4 Бицкаико Бира
5. Краен пласман Бидасоа Ичулија
2011
4. Пруеба Вилјафранка де Ордизија
2012
1. Етапа 2b (ITT) Вуелта а Астурија
1. Етапа 16 Џиро д’Италија
3. Ле Букл ду Суд Ардеш
2013
2. Национално друмско првенство
2. Краен пласман Трка околу Полска
4. Краен пласман Тур Даун Андер
9. Гран при Монтреал

Наводи[уреди]

  1. Шпанецот Јон Изагире победи на етапата 16 на Џиро додека Родригез останува во водство“, „The Daily Telegraph“, Telegraph Media Group, 22 мај 2012 (конс. 23 мај 2012).
  2. 2,0 2,1 Јон Изагире исто така ќе вози за Мувистар Тим“, 4 октомври 2013 (конс. 6 октомври 2013).
  3. Худ, Ендру. „Еускалтел-Еускади ја прославија нивната најдобра сезона во екипната историја“, „VeloNews“, Competitor Group, Inc., 23 ноември 2010 (конс. 23 мај 2012).
  4. Изагире победник на хронометарот во Пједрас Бланкас“, „Cycling News“, Future Publishing Limited, 29 април 2012 (конс. 23 мај 2012).
  5. Вестемајер, Сузан. „Изагире триумфирал на етапата 16 на Џиро до Фалцес“, „Cycling News“, Future Publishing Limited, 22 мај 2012 (конс. 23 мај 2012).
  6. Аткинс, Бен. „Јон Изагире учествувал во бегство на етапата 16 додека групата спиела“, „VeloNation“, VeloNation LLC, 22 мај 2012 (конс. 23 мај 2012).

Надворешни врски[уреди]