Јакоб Фуглсанг

Од Википедија — слободната енциклопедија
Јакоб Фуглсанг
Фуглсанг на Тур де Франс 2017
Лични податоци
Цело имеЈакоб Димер Фуглсанг
Роден22 март 1985(1985-03-22)(38 г.)
Женева,  Швајцарија
Висина1,83 м[1]
Маса68 кг[1]
Податоци за клубот
Мом. клубАстана Казахстан Тим
Дисциплинадрумски велосипедизам
Улогавозач
Вид на возачуниверзален возач
Аматерски клубови
2006–2008
2006–2008
Канондале-Вредестајн МТБ
Тим Дизајна Кокен
Професионални клубови
2009–2010
2011–2012
2013–
Тим Саксо Банк
Леопард Трек
Астана
Значајни победи
Голема трка
Вуелта а Еспања
1 поединечна етапа (2019)
3 ТТТ (2011, 2013, 2019)

Етапни трки

Критериум ди Дофине (2017, 2019)
Трка околу Данска (2008, 2009, 2010)
Вуелта а Андалусија (2019, 2020)
Трка околу Луксембург (2012)
Трка околу Австрија (2012)
Трка околу Словенија (2009)

Еднодневни трки и класици

Национален хронометарски првак (2010, 2012)
Лиеж-Бастоњ-Лиеж (2019)
Џиро ди Ломбардија (2020)
Последна промена
31 август 2020

Јакоб Димер Фуглсанг (дански: Jakob Diemer Fuglsang; р. 22 март 1985 во Женева) — дански професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата Астана Казахстан Тим.[2] Пред да стане професионалец за Тим Саксо Банк, бил планински велосипедист во екипата Тим Канондале-Вредестајн. Ги освоил Светското првенство и Светскиот куп за велосипедисти под 23 години.

Фуглсанг завршил седми на Тур де Франс како негов најдобар резултат на некоја голема трка. Негови најдобри резултати во кариерата биле победите на Лиеж-Бастоњ-Лиеж 2019 и победите на трката Критериум ди Дофине во 2017 и во 2019 година, каде во 2017 година освоил две етапи. Исто така, освоил неколку други етапни трки, како што се Трката околу Данска трипати по ред во периодот 2008-2010, Трката околу Луксембург и Трката околу Австрија во 2012 година и Трката околу Словенија во 2009 година.

Кариера[уреди | уреди извор]

Рани години (2006-2008)[уреди | уреди извор]

Во сезоната 2006, Фуглсанг првпат настапил како професионален планински велосипедист за Канондејл-Вредестејн. Во 2007 година, Фуглсанг се преселил во Италија со цел да се насочи кон возењето. Тоа било тешка година за Фуглсанг, бидејќи немал пријатели и немал посети од семејството. Но, осаменоста му овозможила да се насочи кон неговата кариера во планински велосипедизам. Најголемиот настан во сезоната 2007 дошла во септември кога возел на Светското првенство за возачи под 23 години. Негов најголем соперник на трката бил Швајцарецот Нино Шуртер. Само неколку недели претходно настапиле заедно на ГП Тел, каде Фуглсанг завршил трет, а Шуртер осми. Меѓутоа, како се приближувале до крајот на трката, Шуртер бил во водство, но Фуглсанг се доближувал и го претекнал во последниот круг на нагорнините. Фуглсанг ја поминал целта како светски првак под 23 години. По настанот, Фуглсанг ги истетовирал линиите од виножитото на десната рака. Следната година, Фуглсанг одлучил да се насочи кон друмскиот велосипедизам, меѓутоа сѐ уште настапувал на трки во планински велосипедизам. Откако завршил втор со колегата Роал Паулисен на Кејп Епик во 2007 година, повторно се вратил со Паулисен следната година и ја освоиле трката. Водел на изданието 2008 на Трката околу Данска на последната етапа. Бил во контакт со Тим Саксо Банк и договорот бил конечно потпишан, кога ја освоил трката. И покрај тоа што потпишал договор, менаџерот на Фуглсанг сакал да почека бидејќи неговата вредност ќе пораснела по победата на трката.

Тим Саксо Банк (2009-2010)[уреди | уреди извор]

Фуглсанг во водечката маичка на Трката околу Данска 2009
Фуглсанг возел на прологот на Тур де Франс 2010 во националниот дрес

Фуглсанг настапил првпат во Светската турнеја во 2009 година, возејќи за Тим Саксо Банк, која била предводена од Бјарне Рис. Имал одлична прва година, завршувајќи шести на Волта а Каталуња и Критериум ди Дофине Либере. Фуглсанг ја освоил Трката околу Данска во август по вторпат и исто така ја освоил Трката околу Словенија еден и пол месец претходно. Настапил на неговата прва голема трка во август и септември, Вуелта а Еспања. Паѓал првите неколку етапи кога доаѓал назад во групата поради губење на контрола.[3] Подоцна во сезоната завршил втор на италијанскиот класик Џиро дел’Емилија.

Следната година била контроверзна за екипата Тим Саксо Банк. Не била познато дали ќе продолжи во 2011 година, поради недостиг на интерес од спонзори. Фуглсанг сакал да остане во екипата, но добил одлична понуда од Леопард Трек, која го убедила. Во јуни, Фуглсанг завршил трет на Тур де Свис и го освоил националното хронометарско првенство првпат во својата кариера. Во јули 2010 година, Фуглсанг настапил првпат на Тур де Франс. И покрај тоа што екипата ќе се распаднела на крајот на сезоната, Рис успешно го организирал тимот и Енди Шлек ќе ја освои трката, по случајот со кленбутерол на Алберто Контадор. По Тур де Франс, Фуглсанг ја освоил Трката околу Данска третпат по ред. Негова последна трка за Тим Саксо Банк била Џиро ди Ломбардија, каде завршил четврти поразувајќи го Винченцо Нибали во спринт.

Леопард Трек (2011–12)[уреди | уреди извор]

2011[уреди | уреди извор]

Во сезоната 2011, Фуглсанг возел за новата луксембуршка екипа Леопард Трек. Фуглсанг имал мешан почеток на сезоната, при што завршил на 11. место на Трката околу Оман, пред да ја напушти Париз-Ница. Завршил трет на хронометарот на Критериум Интернационал и четврти на хронометарот на Трката околу Баскија. Морал да чека до средината на април за да дојде до добар резултат. Настапил на Амстел Голд Рејс, каде со напад на Кауберг, Филип Жилбер ја освоил трката. Фуглсанг не можел да го следи темпото и завршил четврти, само 5 секунди зад Жилбер. Уште од почетокот на сезоната било одлучено дека Фуглсанг ќе настапи на Тур де Франс како помошник за браќата Шлек и покажал одлучна форма на последната етапна трка пред Тур. Имајќи уште еден одличен хронометар, Фуглсанг завршил на 4. место на Тур де Свис. Во јуни, исто така, завршил втор на националното хронометарско првенство. На Тур де Франс 2011, Леопард Трек била фаворит за победа. По првите 8 етапи, Френк Шлек бил трет, Фуглсанг петти, а Енди Шлек на шестото место. Подоцна на трката, Фуглсанг отпаднал од првите десет, но Тур бил успешен за Енди Шлек кој освоил етапа и стигнал до второто место во генералниот пласман, додека Френк Шлек бил трет. Фуглсанг учествувал на Вуелта а Еспања, каде Леопард Трек го освоиле воведниот екипен хронометар, а Фуглсанг прв поминал на целта.[4] Ова значело дека Фуглсанг ја носел водечката црвена маичка следниот ден. Фуглсанг бил само втор дански возач, кој ја носел маичката, претходно носена од Ларс Михаелсен. Неговиот колега Даниеле Бенати го преземал водството на втората етапа. Фуглсанг имал уште еден добар хронометар на десеттата етапа и завршил шести. На крајот на трката, завршил на 11. место во генералниот пласман.

2012[уреди | уреди извор]

Во 2012 година, Фуглсанг ги следел браќата на Шлек во РадиоШек-Нисан. Тој бил одреден да биде водач на неговата екипа на Џиро д’Италија, но морал да се повлече поради проблеми со коленото и бил заменет со Френк Шлек.[5] Подоцна, Фуглсанг ја освоил Трката околу Луксембург, освојувајќи го генералниот пласман на кралската етапа до Диферданж и потоа го одбранил водството со помошта на неговата екипа на четвртата и последната етапа во Луксембург. Последната етапа била скратена на 47 километри од организаторите поради поројните врнежи.[6] Во 2012 бил исклучен од екипниот менаџмент на РадиоШек-Нисан на Тур де Франс, откако ги изнел неговите критики за нив. Тој изјавил дека да сака да се натпреварува за друга екипа следната сезона, бидејќи бил несреќен со тоа како одат работите во екипата.[7] Наместо натпреварувањето во Франција, заминал на победа во генералниот пласман на Трката околу Австрија и четвртата етапа на трката. Неговото водство пред второпласираниот возач Стив Морабито од Аксент.џобс-Вилемс Веранда било минута и 24 секунди, пред да се заврши трката.[8]

Астана (2013–денес)[уреди | уреди извор]

2013[уреди | уреди извор]

Фуглсанг на Тур де Франс 2013

Фуглсанг го напуштил РадиоШек-Нисан на крајот на сезоната 2012 и ѝ се приклучил на Астана на тригодишен договор од сезоната 2013.[9] На Тур де Франс 2013, Фуглсанг станал предводник на екипата откако се повлекол Јанез Брајкович. Откако Даниел Мартин нападнал на деветтата етапа, Фуглсанг имал совршена можност да добие време во однос на другите фаворити и се приклучил на неговиот напад. Тие се одвоиле и започнале да работата заедно. Во последниот километар било јасно дека главната група нема да ги достигне. Фуглсанг повел во спринтот напред, но откако Мартин нападнал, не можел да го следи и завршил втор. На етапата 13, Фуглсанг повторно нападнал, кога Тим Саксо-Тинкоф нападнале на деловите со накрсни ветрови. Фуглсанг бил единствен возач од Астана во бегството и завршил четврти на етапата, напредувајќи до шестото место. Неговиот напор на етапата му донеле углед меѓу колегите и екипата. Оттогаш, Фуглсанг се борел со холандскиот возач Бауке Молема за шестото место. На крајот, завршил седми во генералниот пласман со одлични резултати низ планините и на хронометрите. Подоцна истата година му помогнал на колегата Винченцо Нибали да заврши втор на Вуелта а Еспања.

2014[уреди | уреди извор]

Во текот на пролетта од сезоната 2014, Фуглсанг покажал постојана форма на поголемите етапни трки. Бил подготвен да му помогне на Винченцо Нибали за победа на Тур де Франс 2014. Меѓутоа, италијанскиот возач не покажал резултати пред Критериум ди Дофине. На последната етапа на еднонеделната етапна трка, Нибали нападнал, но отпаднал од групата. Фуглсанг добил наредба да му држи темпо на Нибали на завршното искачување, но кога темпото станувало поспоро, Фуглсанг конечно добил шанса да вози за себе. Ова предизвикало контроверза во Астана, бидејќи предводникот за Тур де Франс бил послаб од неговиот помошник.

На втората етапа на Тур де Франс, Фуглсанг нападнал неколкупати додека Нибали не успеал да се одвои и да ја освои етапата. Само неколку дена подоцна, Фуглсанг и Нибали возеле заедно на етапата со калдрма и се одвоиле од главната група. Меѓутоа, на завршниот дел од калдрмата, Нибали повторно имал проблеми и не можел да се доближи до Ларс Бом, кој се одвоил и ја освоил етапата. Фуглсанг морал да го намали своето темпо со цел да го доведе Нибали до целта и повторно Фуглсанг завршил втор на етапа од Тур де Франс.[10] По етапата, Нибали бил прв во генералниот пласман, а Фуглсанг втор. Меѓутоа, на првата планинска етапа, Фуглсанг покажал слабост и отпаднал до четвртото место. Следните етапи излегол од првите десет и загубил уште време на етапата 13, кога погодил бидон на спустот од завршното искачување.[11] Остатокот од трката бил предизвик за Фуглсанг, кој завршил на 36. место.

2015[уреди | уреди извор]

Фуглсанг на претставување на екипата на Тур де Франс 2015

Завршувајќи седми на крајот на обете трки, Трката околу Оман и Париз-Ница, Фуглсанг се нашол во првите десет на два од трите арденски класици, завршувајќи осми на Флеш Валон[12] и деветти на Лиеж-Бастон-Лиеж.[13] Негова главна цел на сезоната била да му помогне на Нибали да ја одбрани титулата од Тур де Франс 2014. Меѓутоа, веќе на првата планинска етапа, Нибали изгледал слабо и Фуглсанг добил шанса од екипата. Фуглсанг имал одлично качување, но поради слабото темпо за да му помогне на Нибали, завршил само на 13. место. Астана решиле дека ќе го префрлат фокусот на Фуглсанг до крајот на трката, меѓутоа, следниот ден Фуглсанг изгубил многу време, а Нибали само една минута. Завршниот ден на Пиринеите донел Фуглсанг да биде дел од бегството со 22 члена. Како групата се доближувала до завршното искачување, повеќе возачи отпаѓале од групата и Хоаким Родригес нападнал, но никој не можел да го следи неговото темпо. Родригес ја освоил етапата со една минута и 12 секунди пред Јакоб Фуглсанг, кој стигнал на мократа целна линија на второто место. Како последна шанса за етапна победа, Фуглсанг се одвоил на етапата 18. Повторно бил дел од огромна група, која станувала помала, како што се доближувале до Кол ди Гландон. Било јасно дека Фуглсанг има шанса за победа на етапата, но бил турнат од мотор, кој ја претекнувал групата. Ова ги завршило неговите шанси за етапна победа, а возачот на моторот подоцна бил исфрлен од трката.[14]

2016[уреди | уреди извор]

Како последна трка за подготовка за Џиро д’Италија 2016, Фуглсанг возел на Џиро дел Трентино. Фуглсанг завршил на трката трет со колегата Танел Кангерт на второто место. Предводникот на екипата за Џиро, Нибали завршил дури на 21. место. На првиот одлучувачки ден на Џиро д’Италија, Нибали нападнал, но повторно отпаднал по неговиот напад. Фуглсанг ги следил другите фаворити и дури и нападнал во последниот километар, при што завршил втор и напреднал до второто место во генералниот пласман. Два дена подоцна, Фуглсанг изгубил уште време во однос на другите фаворити, откако имал дупната гума на делот со чакал. Откако се вратил во последната недела од трката, Нибали ја освоил Џиро со помош од Фуглсанг и целата екипа. На Тур де Франс, Фуглсанг имал слаба форма, но нападнал на последната планинска етапа, но немал среќа да ја освои етапата. Предводникот на Астана, Фабио Ару, исто така не успеал на етапата, што значело дека Астана немала успех на Тур.

На Летните олимписки игри 2016 во Рио де Жанеиро, Фуглсанг бил во потера на спустот на завршното искачување, кога двајца од главните фаворити Винченцо Нибали и Ричи Порт паднале. Во последните километри, Рафал Мајка бил сам напред, но нападот од Фуглсанг и Грег ван Авермат значело во последните 1,5 километри влегле сите тројца. Во спринтот Фуглсанг ја предводел тројката во последниот километар, но Ван Авермат го отворил спринтот во завршните 200 метри, поразувајќи го Фуглсанг на целта. Така, Ван Авермат го освоил златниот медал на друмската трка, Фуглсанг сребрениот медал, а бронзен медалист бил Рафал Мајка.[15]

2017[уреди | уреди извор]

Фуглсанг на Париз-Ница 2017

Во јуни 2017 година, Фуглсанг возел на Критериум ди Дофине, заедно со италијанскиот колега Фабио Ару како предводник на екипата. На шестата етапа, Фуглсанг нападнал на Мон ди Шат и им направил разлика на фаворитите. Меѓутоа, Ару исто така нападнал неколку минути подоцна, поради што се развила дискусија, бидејќи неговиот колега веќе бил на чело на трката. Ару стигнал на врвот прв со Крис Фрум, Ричи Порт и Фуглсанг, 15 секунди зад него. На спустот, Ару бил достигнат и четворицата продолжиле до целта заедно, а Фуглсанг ја освоил етапата. Ова било огромно олеснување за Фуглсанг, бидејќи тоа било прва победа за него во скоро пет години и негова прва победа од Светската турнеја и прва победа во боите на Астана. Следниот ден, Јакоб завршил седми и бил единствен кој можел да го следи Порт, што значело дека го задржал неговото трето место во генералниот пласман. На последниот ден, Фуглсанг имал одличен ден.[16] Фрум и Тим Скај направиле сѐ за победа и нападнале рано на етапата, поради што Порт паднал со форма. Било јасно дека Фрум прави напори да му помогне да се намали разликата на Порт. Меѓутоа, потрошил премногу енергија на етапата и не можел на завршното искачување. Потоа, Даниел Мартин нападнал, а малку подоцна и самиот Фуглсанг, кој успеал да го стигне и да го помине за негова втора етапна победа за само три дена. Не само што ја освоил етапата, туку и целата трка, што било најголема победа во неговата кариера.

На Тур де Франс, Фуглсанг бил сметан за еден од фаворитите. На првата планинската етапа, Фуглсанг изгубил над една минута, поради што се прашувале другите дали ја изгубил формата од пред еден месец. Се вратил назад на кралската етапа на деветтата етапа, што го вклучувало Мон ди Шат, искачување кое било возено на Критериум ди Дофине. Познавајќи го искачувањето, Фуглсанг нападнал како на Дофине, но повторно имало напад од неговиот колега Фабио Ару. Ова поттикнало дебата, бидејќи Италијанецот го нападнал сопствениот колега и нападнал кога Крис Фрум имал механички дефект. На крајот, Фуглсанг стигнал на спустот со другите фаворити, откако сите го ловеле Варан Баргиј за етапна победа. Фуглсанг нападнал во последните 500 метри, но бил следен од Ригоберто Уран и ги изгубил шансите за етапна победа. И покрај тоа што ја изгубил етапата, Фуглсанг стигнал до петтото место во генералниот пласман.[17] Меѓутоа, неколку дена подоцна паднал во зоната за хранење и се здобил со фрактури на неговото колено и зглоб. Затоа ја напуштил трката на етапата 13.[18] На Трка Алмати, Фуглсанг ја освоил втората етапа, која завршувала на искачување до Алмати.[19]

2018[уреди | уреди извор]

Фуглсанг на Тур де Франс 2018

На неговата прва трка во сезоната, Јакоб завршил трет на шпанската етапна трка Волта а ла Комунитат Валенсијана. Забележал уште еден пласман во првите десет една недела подоцна на Вуелта а Мурсија, завршил шести. Средината на февруари, Фуглсанг завршил четврти на Вуелта а Андалусија. Пристигнал со надеж на Париз-Ница да вози за генералниот пласман, меѓутоа имал несреќа на првата етапа и затоа бил присилен да работи за Луис Леон Санчес. Тоа ги нарушило неговите планови за трката, иако покажал силна форма на седмата етапа.

По неуспехот на етапните трки во годината, следел висинскиот тренинг-камп за Тур де Франс.[20] Негови први трки по кампот биле арденските класици, каде успеал да заврши осми на Амстел Голд Рејс и десетти на Лиеж-Бастоњ-Лиеж, како негови најдобри резултати. Фуглсанг бил спремен да настапи два дена подоцна, кога учествувал на Тур де Романди. По разочарувачкиот хронометар на третата етапа, нападнал на спустот на последното искачување на четвртата етапа и ја остварил својата прва победа во сезоната. Завршил со групата на завршната етапа и на четвртото место на крајот на трката.

Фуглсанг повторно заминал на висински тренинг-камп пред Тур де Франс. На 1 јуни, Фуглсанг ја објавил својата прва книга во соработка со Расмус Стагхеј.[21]

Негова последна трка пред Тур, била Тур де Свис. Фуглсанг и колегите од Астана имале многу лош почеток на трката, завршувајќи дури на 20. место на екипниот хронометар на првата етапа. Фуглсанг се вратил и завршил втор на кралската етапа и го имал најдобриот хронометар од другите фаворити на деветтата етапа, поради што стигнал до второто место. Меѓутоа, кога Фуглсанг стигнал на Тур де Франс, неговата прва седмица поминала во хаотични моменти. Бил деветти на првата етапа, но со еден човек помалку на третата етапа, Астана изгубила скоро една минута на екипниот хронометар. Фуглсанг се мачел со падови и механички проблеми. Сепак успеал да ги надмине и да стигне до седмото место во генералниот пласман по етапата со калдрма, на која нападнал, но немал среќа да се одвои од групата. Кога трката стигнала на Алпите, Фуглсанг бил близу подиумот, но по етапата 11 паднал на 12. место во генералниот пласман. До крајот на трката се мачел да биде со другите фаворити и на крајот завршил како дванаесетти.

Фуглсанг се вратил на трките по две и пол седмици на Арктичката трка на Норвешка, каде бил во бегство на втората етапа и завршил деветти на етапата. На канадската трка ГП Монтреал, Фуглсанг бил во бегство со Тим Веленс (Лото-Судал) и Џејмс Нокс (Квик-Степ Флорс), но биле достигнати од групата на 6,2 километри до целта. Кон крајот на септември, Фуглсанг возел на Светското друмско првенство, каде завршил на 20. место. Една недела подоцна, Фуглсанг завршил на 11. место на Џиро дел’Емилија.

2019[уреди | уреди извор]

Фуглсанг ја започнал сезоната 2019 на Вуелта а Мурсија, каде завршил шести во генералниот пласман. Го освоил планинскиот пласман на трката. Негов следен успех дошол следната недела, кога победил на Вуелта а Андалусија пред други фаворити. Го возел неговиот прв голем класик во сезоната Страде Бјанке, каде завршил втор зад Жилијан Алафилип. Фуглсанг нападнал неколкупати во завршницата, но не можел да отргне Французинот од себе, кој на крајот го претекнал Фуглсанг на последното искачување. На Тирено-Адријатико, неговата екипа имала слаб резултат на екипниот хронометар и завршиле на 13. место. На петтата етапа, Фуглсанг нападнал и вложил голем напор на тешката етапа. На крајот победил и скокнал на третото место во генералниот пласман, како што и ја завршил трката. Победата на петтата етапа ја посветил на неговиот поранешен колега Микеле Скарпони.

Негова следна трка била Трката околу Баскија, каде Фуглсанг возел како поддршка за неговиот колега Јон Исагире, кој ја освоил трката на крајот. Исагире го преземал водството на завршниот ден од Емануел Бухман, кој направил грешка во последната кривина. Германскиот велосипедист свртел погрешно поради што изгубил неколку секунди и со тоа местото на подиумот. Меѓутоа, жирито одлучило да го врати Бухман на подиумот, поради што Фуглсанг паднал на четвртото место во генералниот пласман. Фуглсанг ја нашол одлуката „смешна“ и рекол дека никогаш не видел нешто слично претходно.[22]

Фуглсанг на пат кон победата на Лиеж-Бастоњ-Лиеж 2019

Фуглсанг имал одлична недела на арденските класици, каде завршил на подиум на сите три трки. На Амстел Голд Рејс, Фуглсанг се одвоил со Алафилип и изгледало дека ќе се борат за победа, меѓутоа забавиле значително во последниот километар, поради што групата зад нив ги стигнала. На крајот, Фуглсанг завршил трет, а Алафилип четврти. На Флеш Валон, Фуглсанг нападнал на Мур де Хуј и единствено Алафилип успеал да го следи. Повторно било битка помеѓу Фуглсанг и Алафилип, но Французинот го претекнал Данецот. На завршната класична трка, Лиеж-Бастоњ-Лиеж, Фуглсанг бил фаворит и ја оправдал улогата. Нападнал во завршните моменти и се одвоил од другите, меѓутоа скоро да имал пад на 3 километри до целта, но со чудо се спасил во последен момент и Фуглсанг стигнал со прва победа на некој монумент. На неговата последна трка пред Тур де Франс, Фуглсанг завршил трет на втората етапа на Критериум ди Дофине и докажал дека е еден од најсилните кандидати за победа. Ја презел жолтата маичка на претпоследната етапа откако напаѓал и го отфрлил Адам Јејтс. Неговиот најблизок соперник за победа на трката, Јејтс, ја напуштил трката поради треска. Тибо Пино се обидел да нападнал во последните два километри, меѓутоа Фуглсанг тоа го спречил и дошол до втора победа на Критериум ди Дофине.

2020[уреди | уреди извор]

Фуглсанг ја започнал сезоната 2020 со последователна победа на шпанската етапна трка Вуелта а Андалусија. Покрај освојувањето на генералниот пласман, Фуглсанг освоил и две етапи и завршил втор на други две етапи. Откако се вратиле трките во август, Фуглсанг започнал со петто место на италијанскиот класик Страде Бјанке, а недела подоцна успеал да заврши втор на етапната Трка околу Полска. На 15 август ја освоил својата прва победа по карантинот од пандемијата на коронавирусот, одвојувајќи се сам за победа на италијанскиот монумент Џиро ди Ломбардија. Тоа била втора победа на некој монумент и исто така првпат дански возач да ја освои трката.

Личен живот[уреди | уреди извор]

Јакоб Фуглсанг живее во Монако со неговата сопруга Лулу Фуглсанг, со која се оженил во 2015 година.[23] Двојката има ќерка, Џејми Лу, која се родила во јуни 2017 година.[24] Пред да се преселат во Монако, Јакоб и Лулу живееле во Луксембург. Неговата сопруга Лулу се откажала од нејзината кариера како манекенка со цел да го поддржува Јакоб во неговата спортска кариера.

Достигнувања[уреди | уреди извор]

2002
1. Јуниорско државно првенство
2003
1. Јуниорско државно првенство
2007
1. Светско првенство под 23 години
1. Државно првенство во планински велосипедизам
2. Краен пласман Кејп Епик (МТБ)
3. Краен пласман ГП Тел
5. Париз-Трој
7. Краен пласман Трка околу Данска
2008
1. Краен пласман Трка околу Данска
1. Краен пласман Кејп Епик (МТБ)
2. Краен пласман Три дена околу Воклис
2. Краен пласман Ронд де л’Оис
3. Париз-Трој
8. Ле Букл ди Сид Ардеш
2009
1. Краен пласман Трка околу Словенија
1. Етапа 1
1. Краен пласман Трка околу Данска
1. Етапа 3
2. Џиро дел’Емилија
6. Краен пласман Волта а Каталуња
6. Краен пласман Дофине Либере
10. Краен пласман Трка околу Ирска
2010
1. Национално хронометарско првенство
1. Краен пласман Трка околу Данска
2. Бинше-Шиме-Бинше
2. Гран Премио Бруно Бегели
3. Краен пласман Тур де Свис
3. Краен пласман Еурометропол
4. Џиро ди Ломбардија
9. ГП Хернинг
2011
1. Етапа 3 Трка околу Данска
1. Етапа 1 (ТТТ) Вуелта а Еспања
2. Национално хронометарско првенство
4. Амстел Голд Рејс
4. Краен пласман Тур де Свис
2012
1. Национален хронометарски првак
1. Краен пласман Трка околу Луксембург
1. Краен пласман Трка околу Австрија
1. Етапа 4
4. Трофео Деја
6. Краен пласман САД Про Сајклинг Челинџ
2013
1. Етапа 1 (ТТТ) Вуелта а Еспања
4. Краен пласман Критериум ду Дофине
6. Краен пласман Вуелта а Андалусија
7. Краен пласман Тур де Франс
8. Вуелта а Мурсија
2014
5. Краен пласман Париз-Ница
7. Краен пласман Тур де Романди
10. Краен пласман Критериум ди Дофине
2015
7. Краен пласман Трка околу Оман
7. Краен пласман Париз-Ница
8. Флеш Валон
9. Лиеж-Бастон-Лиеж
2016
2. Олимписка друмска трка
3. Краен пласман Трка околу Оман
3. Краен пласман Џиро дел Трентино
1. Етапа 1 (ТТТ)
2017
1. Краен пласман Критериум ди Дофине
1. Етапа 6
1. Етапа 8
3. Краен пласман Трка Алмати
1. Етапа 2
6. Краен пласман Волта а ла Комунитат Валенсијана
2018
2. Краен пласман Тур де Свис
3. Краен пласман Волта а ла Комунитат Валенсијана
4. Краен пласман Тур де Романди
1. Етапа 4
4. Краен пласман Вуелта а Андалусија
6. Вуелта а Мурсија
8. Амстел Голд Рејс
8. Милано-Торино
10. Лиеж-Бастоњ-Лиеж
2019
1. Краен пласман Критериум ди Дофине
1. Краен пласман Вуелта а Андалусија
1. Лиеж-Бастоњ-Лиеж
Вуелта а Еспања
1. Етапа 1 (ТТТ)
1. Етапа 16
2. Страде Бјанке
2. Флеш Валон
3. Краен пласман Тирено-Адријатико
1. Етапа 5
3. Амстел Голд Рејс
4. Краен пласман Трка околу Баскија
4. Џиро ди Ломбардија
6. Краен пласман Вуелта а Мурсија
1. Планински пласман
8. Џиро дел’Емилија
8. Милано-Торино
2020
1. Краен пласман Вуелта а Андалусија
1. Бодовен пласман
1. Етапа 1
1. Етапа 3
1. Џиро ди Ломбардија
2. Краен пласман Трка околу Полска
5. Страде Бјанке
6. Џиро дел’Емилија

Распоред на резултатите на етапните трки[уреди | уреди извор]

Распоред на резултатите на големите трки
Голема трка 2009 2010 2011 2012 2013 2014 2015 2016 2017 2018 2019 2020
Џиро 12
Тур 50 49 7 36 23 52 СО 12 СО
Вуелта 56 11 29 13
Распоред на резултатите на поголеми етапни трки
Етапна трка 2009 2010 2011 2012 2013 2014 2015 2016 2017 2018 2019 2020
Париз-Ница 27 93 СО СО 5 7 12 14
Тирено-Адријатико 13 3
Волта а Каталуња 6 СО 11 11 15
Трка околу Баскија 17 37 35 31 63 4
Тур де Романди СО 7 17 4
Критериум ди Дофине 6 4 10 1 1
Тур де Свис 3 4 25 СО 2

Распоред на резултатите на класиците[уреди | уреди извор]

Монумент 2009 2010 2011 2012 2013 2014 2015 2016 2017 2018 2019 2020
Милано-Санремо
Трка околу Фландрија 25
Париз-Рубе
Лиеж-Бастоњ-Лиеж 84 55 31 32 26 9 68 15 10 1
Џиро ди Ломбардија 15 4 39 29 СО 20 4 1
Класици 2009 2010 2011 2012 2013 2014 2015 2016 2017 2018 2019 2020
Страде Бјанке 11 2 5
Амстел Голд Рејс 30 78 4 17 29 17 52 8 3
Флеш Валон 115 СО 70 69 19 8 22 16 2
Класика де Сан Себастијан 31 СО 37 11
Париз-Тур 12

Распоред на резултатите на првенства[уреди | уреди извор]

Настан 2008 2009 2010 2011 2012 2013 2014 2015 2016 2017 2018
Олимписки игри Хронометар не се одржал 15 не се одржал не се одржал
Друмска трка не се одржал 12 не се одржал 2 не се одржал
Светски првенства Хронометар 10 37
Друмска трка СО 43 26 СО 21 20
Национални првенства Хронометар 1 2 1 4
Друмска трка 6 48 8

СО = се откажал; — = не учествувал

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Профил на Јакоб Фуглсанг“.
  2. „Astana Pro Team“. UCI.org. Меѓународен велосипедистички сојуз. Архивирано од изворникот на 1 January 2020. Посетено на 1 January 2020.
  3. „Fuglsang, Mosquera among walking wounded after Vuelta stage 4“. Cyclingnews.com (англиски). Посетено на 2018-10-06.
  4. „Fuglsang follows in Michaelsen's footsteps at Vuelta a España“. Cyclingnews.com (англиски). Посетено на 2018-10-06.
  5. „Фуглсанг надвор од Џиро д'Италија поради проблеми со коленото“. Cycling News. Future Publishing Limited. 27 април 2012. Text "accessdate" ignored (help); Text "17 август 2012" ignored (help)
  6. „Фуглсанг победи на Трката околу Луксембург“. pelotonmagazine.com. Архивирано од изворникот на 2013-01-19. Посетено на 17 август 2012.
  7. „Фуглсанг најавува заминување од РадиоШек-Нисан-Трек пред Тур де Франс“. Cycling News. Future Publishing Limited. 21 јуни 2012. Посетено на 8 јули 2012.
  8. Стоукс, Шејн (8 јули 2012). „Фуглсанг ја прославува победата на Трката околу Австрија, Коли однесе емотивна победа“. VeloNation. VeloNation LLC. Посетено на 8 јули 2012.
  9. „Гвардини му се приклучи на Фуглсанг во префрлањето во Астана“. Cycling News. Future Publishing Limited. 16 август 2012. Посетено на 16 август 2012.
  10. „Lars Boom wins Tour de France cobbles stage“. Cycling Weekly (англиски). 2014-07-09. Посетено на 2018-10-03.
  11. „Fuglsang expected to continue Tour de France after crash“. Cyclingnews.com (англиски). Посетено на 2018-10-03.
  12. „Валверде победи на Флеш Валон 2015“. Cyclingnews.com. Future plc. 22 април 2015. Посетено на 26 април 2015.
  13. Најџел Вин (26 април 2015). „Алехандро Валверде победи на Лиеж-Бастон-Лиеж 2015“. Cycling Weekly. IPC Media Sports & Leisure network. Посетено на 26 април 2015.
  14. „Motorbike driver ejected from Tour de France after Fuglsang crash“. Cyclingnews.com (англиски). Посетено на 2018-10-03.
  15. „Greg Van Avermaet grabs gold amid the carnage in Rio 2016 road race“. The Guardian. Guardian News and Media. Посетено на 6 август 2016.
  16. „Jakob Fuglsang wins Criterium du Dauphine“. Cyclingnews.com. Immediate Media Company. 11 јуни 2017. Посетено на 13 јули 2017.
  17. „Uran Wins Chaotic Stage 9: Porte and Thomas Crash Out“. Peloton Magazine (англиски). 2017-07-09. Архивирано од изворникот на 2018-10-03. Посетено на 2018-10-03.
  18. „Fuglsang abandons Tour de France“. Cyclingnews.com (англиски). Посетено на 2 април 2018.
  19. „Astana - Tour of Almaty. Stage 2. Jakob Fuglsang wins on Medeu, Alexey Lutsenko takes the GC“. www.astanaproteam.kz. Архивирано од изворникот на 2018-10-03. Посетено на 2018-10-03.
  20. „På vulkaner med Jakob Fuglsang: Her skaber han Tour-succesen“. DR (дански). Посетено на 2018-10-03.
  21. Feltet.dk. „Jakob Fuglsang udgiver ny bog“ (дански). Посетено на 2018-10-03.
  22. „Fuglsang reacts after losing Basque Country podium spot“. www.cyclingnews.com. Посетено на 2019-06-16.
  23. „Jakob Fuglsang rykker til Monaco“ (дански). Посетено на 2018-10-06.
  24. „Jakob Fuglsang er blevet far | SE og HØR“. SE og HØR (дански). Посетено на 2018-10-06.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]