Серхио Енао

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај


Серхио Енао

Енао на Трката околу Баскија
Лични податоци
Цело име Серхио Луис Енао Монтоја
Роден 10 декември 1987 (1987-12-10) (25 г.)
Рионегро, Колумбија
Висина 1,73 м
Маса 61 кг
Податоци за клубот
Мом. клуб Тим Скај
Дисциплина Друмски велосипедизам
Улога Возач
Вид на возач Специјалист за искачување
Аматерски клубови
2006
2010
Оргулјо Паиса
Индепортес Антиоквија
Професионални клубови
2007–2009
2011
2012–
Колумбија ес Пасион
Антиоквија-Индепортес
Тим Скај
Значајни победи
Вуелта а Колумбија (2010)
Последна промена
5 мај 2013

Серхио Луис Енао Монтоја (роден на 10 декември 1987) е колумбиски друмски велосипедист, кој моментално вози за Тим Скај.[1]

Содржина

Ран живот [уреди]

Енао бил роден во Рионегро во 1987, истата година, кога колумбискиот возач Лучо Ерера ја освоил Вуелта а Еспања.

Кариера [уреди]

Рани години [уреди]

Во 2005, Енао освоил две етапи на јуниорската трка Вуелта дел Порвенир и завршил втор во генералниот пласман зад Ригоберто Уран. Исто така, завршил втор во и на јуниорската Вуелта а Венецуела. Во текот на 2006, собрал бројни генерални пласман и победил на Класик Норте де Сантандер. во 2007, се придружил на екипата Колумбија ес Пасион и започнал да вози надвор од Јужна Америка. Тој бил 15. во генералниот пласман на Вуелта а Комунидад де Мадрид, две етапи на венецуелската трка Класико Сиклистико Банфоандес и втор во крајниот пласман на Норте де Сантандер. Со само 20 години, завршил трет во генералниот пласман на Вуелта а Антиоквија, неговата домашна трка и трет на колумбиското национално првенство во хронометар за под 23 години.

Во 2008, ја освоил верзијата за до 23 години на Вуелта а Колумбија, освојувајќи две етапи на трката; две години подоцна го повторил успехот на главната трка, освојувајќи две етапи и генералниот пласман. Во 2011, на една од последните негови трки пред да се пресели во Европа, го освоил воведниот пролог на Трката околу Јута и потоа го зголемил неговото водство на првата етапа, кога бил вклучен во бегството од пет членови, заедно со Леви Лајпхајмер.

2012 [уреди]

Енао во воведниот хронометар на Џиро д’Италија 2012

Во 2012, го направил неговото европско деби, придружувајќи му се на неговиот сонародник и пријател Ригоберто Уран во Тим Скај, откако потпишал двегодишен договор.[2][3] Енао завршил 13. на крај на Трката околу Баскија во април и исто така возел на арденските класици, забележувајќи 14. место на Флеш Валон, 21. место на Амстел Голд и 29. на Лиеж-Бастон-Лиеж.

Во мај, Енао бил избран во составот на Тим Скај за Џиро д’Италија. Тој се покажал со силна форма на неговиот прв Гранд Тур, каде на две етапи завршил во првите десет (4. на етапата 15 и 9. на етапата 20); исто така ја носел и белата маичка за најдобар млад возач два дена, преземајќи ја маичката и повторно губејќи ја од неговиот колега и крајниот победник Ригоберто Уран. Енао имал исклучително добар хронометар, со што се поместил за две места во генералниот пласман на деветтото место и втор во пласманот за млад возач. По Џиро, Енао возел на Трката околу Полска, каде завршил трет во генералниот пласман по завршувањето втор на етапата 6. Ја претставувал Колумбија на олимписката друмска трка и завршил 16. место. Завршил втор во генералниот пласман на Вуелта а Бургос. Исто така, Енао возел на Вуелта а Еспања како поддршка на Крис Фрум и завршил 14. во генералниот пласман. Потоа учествувал на Светските друмски првенства UCI, завршувајќи деветти на друмската трка. Енао ја заокружил импресивната сезона со петтото место на Џиро ди Ломбардија.

2013 [уреди]

Сезоната 2013 за Енао започнала на трките во Мајорка, каде завршил втор на Трофео Сера де Трамунтана и деветти на Трофео Платха де Муро. Потоа, возел на Волта ао Алгарве и ја освоил третата етапа, со што прв пат освоил победа во боите на Скај. На Трката околу Баскија, Енао повторно дошол до победа, освојувајќи ја третата етапа. Победата му го донела водството во обата пласмана, генералниот и бодовниот, кое го одржувал до етапата 5. Меѓутоа, Енао не можел да го задржи своето водство на последната хронометарска етапа, но сепак успеал да се задржи на подиумот освојувајќи го третото место во генералниот пласман зад Наиро Кинтана од Мувистар Тим и колегата Ричи Порт.

Достигнувања [уреди]

2007
1. Jersey yellow.svg Краен пласман Класико Сиклистико Банфоандес
1. Етапа 4
1. Етапа 6
3. Краен пласман Вуелта а Антиоквија
1. Етапа 3
2008
1. Jersey yellow.svg Краен пласман Вуелта а Колумбија под 23 години
1. Етапа 2
1. Етапа 5
2009
1. Jersey yellow.svg Краен пласман ГП ду Португал
1. Етапа 3
1. Jersey yellow.svg Краен пласман Синтурион Сиклиста а Мајорка
1. Етапа 4
3. Краен пласман Куп на народите
1. Етапа 3
2010
1. Jersey yellow.svg Краен пласман Вуелта а Колумбија
1. Jersey green.svg Бодовен пласман
1. Етапа 1 (ТТТ)
1. Етапа 4
1. Етапа 10
2. Краен пласман Класико РЦН
1. Етапа 7
2. Краен пласман Вуелта а Антиоквија
1. Пролог (ТТТ)
1. Етапа 3
2011
4. Краен пласман Вуелта а Колумбија
1. Етапа 2a (ТТТ)
2. Краен пласман Вуелта а Антиоквија
1. Етапа 2
2. Краен пласман Трка околу Јута
1. Пролог
1. Етапа 5
1. Етапа 2 Класико РЦН
2012
2. Краен пласман Вуелта а Бургос
3. Краен пласман Трка околу Полска
3. Трофео Деја
5. Џиро ди Ломбардија
9. Краен пласман Џиро д’Италија
Ја носел Jersey white.svg на етапите 16-17
2013
1. Етапа 3 Волта ао Алгарве
1. Етапа 2 (ТТТ) Џиро д’Италија
2. Флеш Валон
2. Трофео Сера де Трамунтана
3. Краен пласман Трка околу Баскија
1. Етапа 3
6. Амстел Голд Рејс
9. Трофео Платха де Муро

Распоред на резултатите на Гранд Тур [уреди]

Гранд Тур 2012
Pink jersey Џиро 9
Yellow jersey Тур -
golden jersey Вуелта 14

Наводи [уреди]

  1. Колумбискиот искачувач Серхио Енао се придружува на Тим Скај со двегодишен договор“, „The Guardian“, Guardian Media Group, 12 август 2011 (проверено на 6 јануари 2012).
  2. Колумбискиот искачувач Серхио Енао му се придружува на Тим Скај со двегодишен договор“, „The Daily Telegraph“, Telegraph Media Group, 12 август 2011 (проверено на 26 март 2012).
  3. Фратини, Кирстен. „Енао потпишал двегодишен договор со Скај“, „Cycling News“, Future Publishing Limited, 12 август 2011 (проверено на 19 декември 2011).

Надворешни врски [уреди]