Жан Кристоф Перо

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Жан Кристоф Перо

Перо на Тур де л’Ен 2014
Лични податоци
Цело име Жан Кристоф Перо
Роден 22 мај 1977 (1977-05-22) (37 г.)
Тулуза, Франција
Висина 1,72 м
Маса 62 кг
Податоци за клубот
Мом. клуб Аг2р-Ла Мондијал
Дисциплина Планински и друмски велосипедизам
Улога Возач
Професионални клубови
2010
2011-
Омега Парма-Лото
Аг2р-Ла Мондијал
Значајни победи
Етапни трки
Критериум Интернасинал (2014)
Еднодневни трки и класици
MaillotFra.PNG Национален хронометарски првак (2009)
Последна промена
17 декември 2014

Жан Кристоф Перо (француски: Jean-Christophe Péraud; р. 22 мај 1977 во Тулуза) — француски професионален планински и друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата Аг2р-Ла Мондијал. Бил член од француската репрезентација на Летните олимписки игри 2008.

Кариера[уреди]

Настапувајќи на Летните олимписки игри 2008 во пекинг го освоил сребрениот медал на машката крос-кантри трка.[1] Во јуни 2009 станал изненадувачки победник на француското национално хронометарско првенство.[2] Ова довело да потпише со UCI World Tour екипата Омега Парма-Лото за сезоната 2010, за да го зголеми нивното хронометарско присуство на етапните трки. Моментално вози за Аг2р-Ла Мондијал, со кого го постигнал 2. место на Критериум Интернасионал 2011 и 9. место на Тур де Франс 2011. Паднал во последната недела на Тур де Франс 2013 во текот на хронометарот на два километра пред крајот, возејќи со фрактура на клучната коска здобиена во мината несреќа истото утро. Перо бил повторно деветти во генералниот пласман пред несреќата зад предводникот на трката Крис Фрум.

Во 2014 година, Перо го освоил Критериум Интернасионал во март. Исто така, забележал солидни резултати помеѓу првите пет на Тирено-Адријатико, на Волта ао Алгарве и на Трката околу Баскија. По ова, Перо имал одличен настап на Тур де Франс 2014, каде завршил на второто место во генералниот пласман. Тој и Тибо Пино станале првите Французи на подиум на Тур де Франс од 1997 година.

Достигнувања[уреди]

2009
1. MaillotFra.PNG Национален хронометарски првак
2010
4. Краен пласман Вуелта ал Паис Васко
9. Краен пласман Париз-Ница
2011
2. Краен пласман Трка околу Медитеранот
6. Краен пласман Париз-Ница
6. Краен пласман Критериум Интернационал
9. Краен пласман Тур де Франс
2013
2. Краен пласман Медитеранска трка
1. Етапа 4
3. Краен пласман Париз-Ница
5. Краен пласман Критериум Интернасионал
6. Краен пласман Тур де Романди
2014
1. Jersey yellow.svg Краен пласман Критериум Интернасионал
2. Краен пласман Медитеранска трка
1. Етапа 5
2. Краен пласман Тур де Франс
3. Краен пласман Трка околу Баскија
4. Краен пласман Тирено-Адријатико
5. Краен пласман Тур де л’Ен

Распоред на резултатите на Гранд Тур[уреди]

Гранд Тур 2010 2011 2012 2013 2014
Jersey pink.svg Џиро
Jersey yellow.svg Тур 9 44 СО 2
Jersey red.svg Вуелта 39

СО = се откажал

Други поголеми етапни трки[уреди]

Трка 2010 2011 2012 2013 2014
Париз-Ница 8 6 90 3
Тирено-Адријатико 4
Волта а Каталуња
Трка околу Баскија 4 60 4 17 3
Тур де Романди СО 40 96 6 32
Критериум ду Дофине СО 7 68 37
Тур де Свис 13

Наводи[уреди]

Надворешни врски[уреди]