Тони Мартин (велосипедист)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Тони Мартин

Мартин на Тур де Романди 2013
Лични податоци
Цело име Тони Ханс-Јоахим Мартин
Прекар Тенк[1]
Роден 23 април 1985 (1985-04-23) (29 г.)
Котбус, Источна Германија
Висина 1,86 м[1]
Маса 75 кг[1]
Податоци за клубот
Мом. клуб Омега Парма-Квик Степ
Дисциплина Друмски велосипедизам
Улога Возач
Вид на возач Специјалист за хронометри[1]
Аматерски клубови
2004
2005
2006–2007
Кестрицер
Геролштајнер (тренинг)
Тирингер Енерги Тим
Професионални клубови
2008–2011
2012–
Тим Хај Роад
Омега Парма-Квик Степ
Значајни победи
Гранд Тур
Тур де Франс
2 индивидуални етапи (2011, 2013)
Вуелта а Еспања
1 индивидуална етапа (2011)

Етапни трки

Енеко Тур (2010)
Волта ао Алгарве (2011, 2013)
Париз-Ница (2011)
Трка околу Пекинг (2011, 2012)
Трка околу Белгија (2012, 2013)

Еднодневни трки и класици

Jersey rainbow.svg Светски хронометарски првак (2011, 2012, 2013)
Светско екипно хронометарско првенство (2012, 2013)
MaillotAlemania.PNG Национален хронометарски првак (2010, 2012, 2013)
Последна промена
12 јануари 2014

Тони Мартин (германски: Tony Martin; р. 23 април 1985 во Котбус) — германски професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата Омега Парма-Квик Степ.[2] Мартин е познат како специјалист за хронометри и е трикратен светски првак во истата дисциплина, победувајќи во 2011, 2012 и 2013. Исто така, освоил сребрен медал на Летните олимписки игри во Лондон, завршувајќи како второпласиран зад Бредли Вигинс на трката.

Мартин бил во составот на двете победнички екипи на Омега Парма-Квик Степ на Светското првенство во екипен хронометар, во 2012 и 2013. Исто така, Мартин победил на три хронометарски етапи на големите трки; две на Тур де Франс во 2011 и 2013 и една на Вуелта а Еспања во 2011. Освоил и неколку етапни трки, вклучувајќи ги Енеко Тур, Париз-Ница и првите две изданија на Трката околу Пекинг во 2011 и 2012.

Биографија[уреди]

Тони Мартин е роден во поранешната Источна Германија во Котбус. Заедно со остатокот на неговото семејство, тој побегнал од Источна Германија кратко пред падот на Берлинскиот ѕид и пропаѓањето на комунистичка Источна Европа.[3] Подоцна се вратил во источниот дел на Германија, посетувајќи спортско училиште во Ерфурт.

Кариера[уреди]

Рани години[уреди]

Мартин станал професионалец во 2008, за Тим Хај Роад и освоил 4 трки во првата година, вклучувајќи и три хронометри.

2009[уреди]

Мартин на Енеко Тур 2009

Во 2009, Мартин ги освоил хронометрите на Критериум Интернационал и Трка околу Баварија. Исто така, учествувала на долги етапни трки, победувајќи во планинскиот пласман на Париз-Ница и Тур де Свис, завршувајќи втор во крајниот пласман и победувајќи етапа на Тур де Свис. Мартин имал определен успех и на Тур де Франс, носејќи ја белата маичка на етапите 3-14 и освојувајќи ја наградата за борбеност по завршувањето втор на 20-та етапа. Тој го освоил бронзениот медал на Светското хронометарско првенство на крајот на сезоната.

2010[уреди]

Мартин постигнувал сè поголем успех во хронометрите, победувајќи ја националните првенства, како и на етапите во Трка околу Калифорнија и Тур де Свис. Мартин завршил втор на прологот и на индивидуалниот хронометар (етапа 19) на Тур де Франс и повторно ја носел белата маичка (етапи 1-3). По Тур де Франс, Мартин завршил прв во генералниот пласман на Енеко Тур, како и на хронометарската етапа 7 и во пласманот за млад возач. Мартин, повторно, земал бронзен медал на Светското хронометарско првенство.

2011[уреди]

Мартин во маичка на виножито по победата на светското хронометарско првенство во 2011

Во 2011, Мартин победил во генералните пласмани на Волта ао Алгарве и Париз-Ница[4], освојувајќи ги хронометрите на двете трки. Исто така, завршил втор во генералниот пласман на Тур де Романди и го освоил хронометарот на Критериум ду Дофине.

Мартин ја освоил првата етапа на Гранд Тур трките со победата во индидуалниот хронометар на 20-та етапа на Тур де Франс[5]. Исто така, го освоил хронометарот (етапа 10) на Вуелта а Еспања.[6]

Во септември, Мартин го освоил златниот медал на светското хронометарско првенство во Копенхаген, Данска.[7]. Потоа, го освоил и воведниот хронометар на првото издание на Трка околу Пекинг,[8] и го одржувал водството во трката до крајот на трката, со што победил во крајниот пласман.[9][10]

По најавата дека ќе се повлече од ХТЦ-Хајроад на крајот на 2011, Мартин потпишал со екипата Омега Парма-Квик Степ за сезоната 2012.[11]

2012[уреди]

Мартин ја носел виножито-маичката на Париз-Ница 2012

Мартин ја започнал 2012 со втора победа во генералниот пласман на Волта ао Алгарве, завршувајќи втор зад Бредли Вигинс за помалку од секунда во последниот хронометар. Во април, Мартин останал без свест по судирот со автомобил во текот на тренирањето[12] и значајни повреди, оневозможувајќи ја неговата рана сезона. Мартин се вратил со возење на Трката околу Белгија во мај, освојувајќи го хронометарот на етапата 4 и генералниот пласман.

На Тур де Франс 2012 надежите на Мартин за освојување на воведниот пролог, биле спречени од механички проблем, кој го приморал да го смени велосипедот на патеката. Потоа, на првата етапа се здобил со фрактура на рачниот зглоб. Тој ја напуштил трката со цел да ѝ дозволи на неговата повреда да заздрави пред да настапи на хронометарот на Летните олимписки игри 2012 три недели подоцна.[13] Го освоил сребрениот медал на Олимпијадата зад Бредли Вигинс.[14]

Во септември, Мартин бил дел од екипата на Омега Парма-Квик Степ од шест луѓе, кои го освоија првиот воведен хронометар на Светските друмски првенства 2012. Три дена подоцна, успешно ја одбранил неговата титула во индивидуален хронометар, победувајќи го Тејлор Фини за пет секунди и поминувајќи го Алберто Контадор на патеката.

Во октомври, Мартин заминал во Кина со цел да ја одбрани неговата титула на Трката околу Пекинг, последната трка во Светската турнеја од сезоната. Успешно ја довршил неговата мисија, искачувајќи се во генералниот пласман до врвот.[15] Добро се пласирал на сите етапи, но за победата најмногу е заслужна соло-победата на етапата 2, каде ја десеткувал групата, победил пред најблиските ривали и ја освоил првата етапа (која не била хронометар) во три години.[16]

2013[уреди]

Во февруари, Мартин го освоил генералниот пласман на Волта ао Алгарве. Ја заработил водечката маичка на четвртата и последна етапа, хронометар од 34,8 километри на кој доминирал. Второпласираниот Михал Квјатковски (Омега Парма-Квик Степ) завршил зад Мартин со помалку од една минута. Во генералниот пласман го победил Квјатковски и Ливе Вестра од Вакансолел-ДКМ.[17] На Тур де Франс учествувал во пад на првата етапа, поради што се здобил со повреди и потрес на мозокот.[18] Сепак, доволно се опоравил за да победи на етапата 11, индивидуален хронометар.[19] Со просечна брзина од 54,271 километар на час, Мартин го извозел третиот најбрз хронометар на Тур во неговата историја.[20]

На шестата етапа на Вуелта а Еспања успеал да извози 175 километри сам во бегство, но бил достигнат во последните метри на етапата.[21][22] Оваа етапа претставувала подготовка за настапот на Светското првенство. Потоа, Мартин ѝ помогнал на својата екипа Омега Парма-Квик Степ при тесната победа над Орика-ГринЕЏ на Светското првенство во екипен хронометар, пред да ја постигне победата на трката за индивидуален хронометар, каде го победил второпласираниот Вигинс за 46 секунди и дополнителни две секунди над Канчелара, кој завршил на третото место.[23]

Достигнувања[уреди]

2003
1. MaillotAlemania.PNG Национално хронометриско првенство за под 19 години
2004
1. MaillotAlemania.PNG Национално првенство - екипна потера
2005
Џиро деле Регионе за под 23 години
1. Етапа 4
1. Етапа 6
1. Етапа 4 Реџо-Тур
2006
1. MaillotAlemania.PNG Национално хронометриско првенство за под 23 години
1. Jersey yellow.svg Краен пласман Трка околу Тирингија за под 23 години
2007
1. Jersey yellow.svg Краен пласман Рас Тајлтин
1. Копа Сита ди Асти
1. Етапа 3 Трка околу Ардените
2. Краен пласман Тур де л’Авенир
2008
1. Хел ван хет Мергеланд
1. Етапа 3б (ITT) Тур де л’Ен
1. Етапа 8 (ITT) Трка околу Германија
1. Пролог Стер Електротур
3. Краен пласман Трка околу Саксонија
2009
1. Jersey polkadot.svg Планински пласман Париз-Ница
1. Етапа 3 (ITT) Критериум Дофине-Либере
1. Етапа 4 (ITT) Трка околу Баварија
2. Краен пласман Трка околу Швајцарија
1. Етапа 8
1. Jersey pink.svg Планински пласман
3. Bronze medal blank.svg Хронометар Светско првенство UCI
8. Краен пласман Тур де Романди
Ја носел белата маичка Jersey white.svg на етапите 3–14 Тур де Франс
Награда за борбеност Jersey red number.svg Етапа 20 Тур де Франс
2010
1. MaillotAlemania.PNG Национален првак во хронометар
1. Jersey white.svg Краен пласман Енеко Тур
1. Етапа 7 (ITT)
1. Jersey green.svg Пласман за млад возач
1. Етапа 7 (ITT) Трка околу Калифорнија
3. Bronze medal blank.svg Светско хронометарско првенство UCI
6. Краен пласман Тур де Свис
1. Етапа 9 (ITT)
2. Пролог Етапа 19 Тур де Франс
Ја носел белата маичка Jersey white.svg на етапите 1–3 на Тур де Франс.
2011
1. MaillotMundialCrono.PNG Светски хронометарски првак
1. Етапа 20 (ITT) Тур де Франс
1. Етапа 10 (ITT) Вуелта а Еспања
1. Етапа 3 (ITT) Критериум ду Дофине
1. Jersey yellow.svg Краен пласман Волта ао Алгарве
1. Етапа 5 (ITT)
1. Jersey yellow.svg Краен пласман Париз-Ница
1. Етапа 6 (ITT)
1. Jersey red.svg Краен пласман Трка околу Пекинг
1. Етапа 1 (ITT)
1. Етапа 6 (ITT) Трка околу Баскија
2. Краен пласман Тур де Романди
1. Хроно на народите
2012
1. MaillotMundialCrono.PNG Светски хронометарски првак
1. Светски екипен хронометарски првак
1. MaillotAlemania.PNG Национален хронометарски првак
1. Jersey red.svg Краен пласман Трка околу Белгија
1. Етапа 4 (ITT)
1. Jersey red.svg Краен пласман Трка околу Пекинг
1. Етапа 2
1. Хроно на народите
2. Silver medal olympic.svg Олимписки хронометар
2. Краен пласман Волта ал Алгарве
5. Краен пласман Трка околу Баскија
2013
1. MaillotMundialCrono.PNG Светско хронометарско првенство
1. Светско првенство во екипен хронометар
1. MaillotAlemania.PNG Национално хронометарско првенство
1. Jersey yellow.svg Краен пласман Волта ао Алгарве
1. Етапа 4 (ITT)
1. Jersey red.svg Краен пласман Трка околу Белгија
1. Етапа 3 (ITT)
1. Хроно де Насионс
Тирено-Адријатико
1. Етапа 1 (ТТТ)
1. Етапа 7 (ITT)
1. Етапа 6 (ITT) Трка околу Баскија
1. Етапа 5 (ITT) Тур де Романди
1. Етапа 4 (ITT) Критериум ду Дофине
1. Етапа 11 (ITТ) Тур де Франс
Jersey red number.svg Награда за борбеност на етапа 6 Вуелта а Еспања
6. Краен пласман Трка околу Пекинг
8. Трофео Сера де Трамунтана

Распоред на резултатите на Гранд Тур[уреди]

Гранд Тур 2008 2009 2010 2011 2012 2013
Jersey pink.svg Џиро 128  —  —  —  —  —
Jersey yellow.svg Тур  – 35 137 44 СО 106
Црвена маичка Вуелта  —  —  — СО СО СО

СО = се откажал

Галерија[уреди]

Наводи[уреди]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 „Тони Мартин“. „Омега Парма-Квик Степ“. Decolef. http://www.omegapharma-quickstep.com/en/team/rider/tony-martin. конс. 3 јануари 2014. 
  2. „Омега Парма-Квик-Степ Сајклинг Тим (OPQ) – BEL“. „Светска турнеја UCI“. Меѓународен велосипедистички сојуз. http://www.uciworldtour.com/Modules/SUCI/TEAMS/TeamDetails.asp?id=Mg&RefDate=09.01.2013&MenuId=MTY2Njk&LangId=1&BackLink=%2Ftemplates%2FUCI%2FUCI2%2Flayout%2Easp%3FMenuId%3DMTY2Njk%26LangId%3D1. конс. 9 јануари 2013. 
  3. „Тур де Франс 2011 Живо“, Канал 4 ТВ, 23 јули 2011
  4. Cycling. „Париз-Ница 2011: Тони Мартин ја освои трката на сонцето додека Тома Веклер победи на втората етапа на Кот д’Азур“. Telegraph. http://www.telegraph.co.uk/sport/othersports/cycling/8379105/Paris-Nice-2011-Tony-Martin-wins-race-to-the-sun-after-Thomas-Voeckler-claims-second-stage-on-Cote-dAzur.html. конс. 5 јануари 2012. 
  5. „Тони Мартин победи на етапата 20, хронометар, додека Кедел Еванс го одржа водството на Тур де Франс 2011“. Velonews.competitor.com. 27 јули 2011. http://velonews.competitor.com/2011/07/news/tony-martin-wins-stage-20-itt-as-cadel-evans-takes-lead-in-2011-tour-de-france_185838. конс. 5 јануари 2012. 
  6. „Тони Мартин победи на етапата 10 на Вуелта, Фрум во црвено“. Bicycling.com. 29 август 2011. http://bicycling.com/blogs/thisjustin/2011/08/29/martin-wins-vuelta-stage-10-froome-dons-red-jersey/. конс. 5 јануари 2012. 
  7. Вилијамс, Оли (21 септември 2011). „BBC Sport - World Road Cycling: Bradley Wiggins wins time trial silver“. BBC News. http://news.bbc.co.uk/sport1/hi/cycling/15004368.stm. конс. 5 јануари 2012. 
  8. „AFP: Time-trial world champ Martin wins Beijing first stage“. Google.com. 5 октомври 2011. http://www.google.com/hostednews/afp/article/ALeqM5iIoslpeYYj7JJxsVpTHgwlrK40tQ?docId=CNG.62960d81c9574355889ec2e3eeb14bb3.9d1. конс. 5 јануари 2012. 
  9. „Мартин е првак на првата Трка околу Пекинг“. „Cycling News“. 9 октомври 2011. http://www.cyclingnews.com/races/tour-of-beijing-wt/stage-5/results. конс. 12 октомври 2011. 
  10. „Мартин го освоил првото издание на Трката околу Пекунг“. The Times of India. http://timesofindia.indiatimes.com/sports/more-sports/cycling/Martin-wins-inaugural-Tour-of-Beijing/articleshow/10288918.cms. 
  11. Аткинс, Бен. „Фабијан Канчелара се обложува на Тони Мартин и Берт Грабш за златото на хронометарот“, „VeloNation“, VeloNation LLC, 19 септември 2011 (конс. 5 јануари 2012).
  12. http://www.telegraph.co.uk/sport/othersports/cycling/9200721/World-time-trial-champion-Tony-Martin-loses-consciousness-after-colliding-with-car-during-training.html
  13. „Тони Мартин се откажал од Тур де Франс со цел да се подготви за Лондон 2012“. „BBC Sport“. BBC. 10 јули 2012. http://www.bbc.co.uk/sport/0/olympics/18780965. конс. 2 август 2012. 
  14. Вин, Најџел (1 август 2012). „Вигинс го освоил златото во машкиот хронометар, бронза за Фрум“. „Cycling Weekly“. IPC Media Limited. http://www.cyclingweekly.co.uk/news/latest/534177/wiggins-wins-gold-in-men-s-time-trial-bronze-for-froome.html. конс. 1 август 2012. 
  15. Вин, Најџел. „Камингс ја освои последната етапа на Трката околу Пекинг додека Мартин целата трка“, „Cycling Weekly“, IPC Media Limited, 13 октомври 2012 (конс. 13 октомври 2012).
  16. Stokes, Shane. „Tony Martin seizes Tour of Beijing lead with first road race stage win in three years“, „VeloNation“, VeloNation LLC, 10 октомври 2012 (конс. 10 октомври 2012).
  17. Шејн Стоукс. „Мартин ја повтори победата на хронометарот од 2011 и победи на Волта ао Алгарве“, „VeloNation“, VeloNation LLC, 17 февруари 2013 (конс. 17 февруари 2013).
  18. http://www.cyclingnews.com/news/crash-in-tour-de-france-opener-leaves-martin-battered-once-again
  19. http://www.cyclingnews.com/tour-de-france/stage-11/results
  20. http://archive.is/20130711080837/timesofindia.indiatimes.com/sports/more-sports/cycling/Martin-third-quickest-of-Tour-de-Frances-time-triallists/articleshow/21008584.cms
  21. „Вуелта а Еспања 2013: Тони Мартин победен во последните 20 метри“. http://www.bbc.co.uk/sport/0/cycling/23888178. конс. 7 септември 2013. 
  22. „Tony Martin agonisingly close to solo Vuelta stage win“. http://www.cyclingnews.com/news/tony-martin-agonisingly-close-to-solo-vuelta-stage-win. конс. 7 септември 2013. 
  23. „Tony Martin wins world time trial title as Bradley Wiggins pips Fabian Cancellara to silver“. http://www1.skysports.com/cycling/news/15264/8941227/tony-martin-wins-world-time-trial-title-as-bradley-wiggins-pips-fabian-cancellara-to-silver. конс. 25 септември 2013. 

Надворешни врски[уреди]

Спортски позиции
Претходник
Фабијан Канчелара
Светски хронометарски првак
2011, 2012, 2013
Наследник
актуелен