Ерфурт
| Ерфурт | |
| Мариендом и Северикирхе | |
| Управа | |
| Земја | Германија |
|---|---|
| Покраина | Тирингија |
| Округ | урбан |
| Град единици | 53 окрузи |
| Градоначалник | Андреас Баузевајн (СПД) |
| Основни податоци | |
| Површина | 26.917 km2 (10,393 sq mi) |
| Надм. височина | 200 m (656 ft) |
| Население | 202.929 (31 декември 2007)[1] |
| - Густина | 754 /km2 (1.953 /sq mi) |
| Други информации | |
| Часовна зона | CET/CEST (UTC+1/+2) |
| Рег. табл. | EF |
| Пошт. бр. | 99001-99198 |
| Повик. бр. | 0361 |
| Мреж. место | www.erfurt.de/ef/en (англиски) |
Ерфурт (германски: Erfurt[2]) е главен град на Тирингија и е поголем град, кој е најблиску до географскиот центар на Германија, лоциран на 100 километри југозападна од Лајпциг, 150 километри северно од Нирнберг и 180 километри југоисточно од Хановер. Аеродромот во Ерфурт може да се стигне со авион преку Минхен. Тој лежи во јужниот дел од Тириншкиот басен, во рамките на широката долина на реката Гера, притока на Унштрут. На југ, градот е опкружен од пошумениот рид Штајгервалд.
Содржина |
[уреди] Историја
Ерфурт е стара германска населба. Најстариот доказ за човечка населба датира од предисториската ера; археолошките наоди од северниот дел на Ерфурт откриваат човечки траги во палеолитскиот период, околу 100.000 години п.н.е. Ископината Ерфурт-Мелхендорф покажува населба од неолитскиот период. Турингиите први ја населиле областа на Ерфурт, околу 450 и му го дале нивното име Тирингија, околу 500 година.
Градот, првпат е спомнат во 742 под името „Erphesfurt“: во таа година, Свети Бонифациј му напишал на папата Захариј, за да му каже дека тој основал три бискупии во Тирингија, една од нив „во место наречено Erphesfurt, кој долго време било населено со пагански староседелци.“ Сите три бискупии (другите две биле во Вирцбург и Бурабург) биле потврдени од Захариј следната година, иако подоцна Ерфурт бил пренесен во бискупијата во Мајнц.[3] Дека местото било население, произлегува од археолошките докази, кои вклучуваат 23 гроба и шест гроба на коњи од шестиот и седмиот век.[4]
Во текот на средниот век, тој бил важен трговски град, поради неговата локација, во близина на речен премин, минувајќи низ реката Гера. Заедно со другите пет тириншки сини градови на Гота, Тенштет, Арнштат и Лангензалца биле центар на германската дрвна трговија.
Во 1349, за време на бранот на погроми кои следеле по црната смрт низ Европа, Евреите од Ерфурт биле уапсени, со повеќе од 100 убиени, а остатокот депортирани од градот. Неодамна, средновековна синагога беше откриена под понови згради и се очекува да биде обновена (обновувањето заврши во 2009). Во 1392, Универзитетот во Ерфурт, каде Мартин Лутер бил запишан, бил основан. Еден од водечките германски универзитети многу векови, западна во тешки времиња во раниот 19-ти век и бил принуден да се затвори во 1816. Бил повторно основан во 1994 од страна на покраинскиот парламент на Тирингија и го поврати неговиот статус на водечка германска академска и истражувачка институција.
Во 1664, градот и околината биле ставени под власта на Електоратот Мајнц. Ерфурт станал дел од Кралството Прусија во 1802. Во текот на капитулацијата на градот градот, неговите 12.000 бранители и тврдината Петерсбург биле предадени на Французите на 16 Октомври 1806. Градот станал дел од Првата француска империја во 1806 како кнежество Ерфурт, но било вратено на Прусија во 1815 по Наполеонските војни. Иако опграден со тириншка територија од запад, југ и исток, градот останал дел од пруската провинција Саксонија до 1944. Градот бил на страната на поранешната Ерфуртска Унија на германски држави во 1850.
Ерфуртската програма била усвоена од Социјалдемократската партија на Германија за време на нивниот Конгрес во Ерфурт во 1891.
Бомбардирана како цел на нафтената кампања во Втората светска војна, Ерфурт претрпел само ограничена штета и бил освоен на 12 април 1945, од единиците на Патоновата Трета Американска Армија. На 3 јули, американските трупи го напуштиле градот и градот станал дел од советската окупациска зона и Источна Германија. На 19 март 1970 источниот и западниот германски канцелари Вили Штоф и Вили Брант се сретнаа во Ерфурт, прв ваков состанок од поделбата на Германија. По повторното обединување, градот станал главен град на повторно воспоставената сојузна покраина Тирингија.
[уреди] Главни знаменитости
Ерфурт го има сочувано совршено непроменетиот средновековен градски центар. Градот е познат по неговите две цркви, Катедрала Ерфурт (Mariendom) и Северикирхе, кои стојат рамо до рамо и заедно го формираат логото на градот. Двете камбанарии над градската панорама се видливи од огромните отворени скали, наречени Domstufen (Катедралски скали). Друга извонредна знаменитост е Кремербрике, мост кој ја поминува малата река Гера. Мостот е покриен со 32 населени згради. Бил изграден во 1325 со црква на секое предмостие, од кој едната, Ägidienkirche, сè уште е функционална. Augustinerkloster е стар августински манастир. Мартин Лутер студирал на универзитетот и живеел во манаситорот Августин неколку години по 1505.
Синагогота во Ерфурт, од единаесеттиот век, се смета за најстара синагога, чија зграда сè уште стои во Европа. Тоа сега е музеј, кој го прикажува ерфуртското богатство.
[уреди] Култура
Мартин Лутер го посетувал Универзитетот Ерфурт и таму ја добил својата диплома, како и магистерскиот труд по теологија. Лутер живеел како студент од 1501 до 1511 и, како монах, од 1505 до 1511.
Градот е родно место на еден од братучедите на Јохан Себастијан Бах, Јохан Бернхард Бах, како и на таткото на Јохан Себастијан Бах Јохан Амброзиус Бах. Родителите на Бах се венчале во 1668 во малата црква, Kaufmannskirche (Трговска црква), која сè уште постои на главниот плоштад, Ангер.
Социологот Макс Вебер бил роден во Ерфурт,[5] и теологот и филозофот Мајстор Екхарт бил игумен на ерфуртскиот Доминикански ред.
Јохан Пахелбел работел како органист во црквата Предигер во Ерфурт. Пахелбел компонирал околу 70 дела за оргули, додека бил во Ерфурт. По 1906 композиторот Рихард Вец живеел во Ерфурт и станал водечка личност во градскиот музички живот. Неговите главни дела биле напишани овде, вклучувајќи три симфонии, реквием и Божиќен ораториум.
[уреди] Театар Ерфурт
Од 2003, новата модерна оперска куќа е дом на театарот во Ерфурт и филхармонијата. „Големата сцена“ има 800 седишта, а „студиската сцена“ може да одржи до 200 гледачи. Во септември 2005, операта Waiting for the Barbarians од Филип Глас се одржа премиерно во оперската куќа. Театарот Ерфурт, неодамна, беше извор на контроверзии. Во 2005 настапот на операта на Енгелберт Хумпердинк Ивица и Марица го дигна на нозе локалниот печат, кога во настапот имаше елементи на педофилија и инцест. Операта била рекламирана во програмата со додаток „само за возрасни“.
На 12 април 2008, верзија на операта на Верди Бал под маски режирана од Јохан Кресник, го најави отворањето на Ерфуртскиот театар. Продукцијата предизвика длабоки контроверзии со покажување на голи настапувачи во маски на Мики Маус, танцувајќи на урнатините на Светскиот трговски центар и пејачка со насликана четка за заби со Хитлер, изведувајќи го и нацистичкиот поздрав, заедно со злобни портрети на американските војници и имитатори на Вујко Сем и Елвис Пресли. Режисерот ја опишал продукцијата како популистичка критика на американското општество, чија цел е прикажувањето на разликата меѓу богатите и сиромашните. Контроверзијата ја предизвика еден локален политичар, кој ги повикал жителите да го бојкотираат настапот, но ова во голема мера било игнорирано и премиерата била распродадена.[6]
[уреди] Сообраќај
Ерфурт има аеродром и лежи на два сојузни патишта:
- Сојузен пат 4 од Илменау на југ до Нордхаузен на север и
- Сојузен пат 7 од Гота на запад до Вајмар на исток.
Исто така, има и два автопата минувајќи еден со друг, во близина на Erfurter Kreuz (Раскрсница Ерфурт):
- Автопат 4 од Франкфурт на Мајна до Герлиц (преку Дрезден) и
- Автопат 71 од Вирцбург до Зангерхаузен (и Хале преку Автопат 38).
Во градот има трамвај од 1883. Денес, има шест трамвајски линии за повеќето делови до Ерфурт, дополнети со неколку автобуски линии.
Железничките линии возат од главната железничка станица Ерфурт до:
- Берлин преку Вајмар, Наумбург, Хале и Витенберг,
- Дрезден преку Вајмар, Наумбург, Лајпциг и Риза,
- Хемниц преку Вајмар, Јена и Гера,
- Франкфурт на Мајна преку Гота, Ајзенах, Бебра, Фулда и Ханау,
- Вирцбург преку Арнштат, Зул, Мајнинген, Бад Нојштат и Швајнфурт,
- Илменау преку Арнштат,
- Залфелд (ИЦЕ-врски до Нирнберг и Минхен) преку Арнштат,
- Нордхаузен преку Зондерсхаузен,
- Магдебург преку Земерда, Зангерхаузен, Штасфурт и Шенебек и
- Касел/Гетинген преку Гота, Бад Лангензалца, Милхаузен, Лајнефелде-Ворбис и Хајлигенштат.
[уреди] Универзитети
[уреди] Универзитет за применети науки Ерфурт
Универзитетот за применети науки Ерфурт бил основана во 1991. Тој се карактеризира со комбинација на научна обука и негова практична примена. Во зимскиот семестар 2008/09 студирале околу 4600 студенти.
[уреди] Факултети
- Факултет за социјални работи
- Факултет за бизнис, логистика и транспорт
- Факултет за пејзажна архитектура, хортикултура и шумарство
- Факултет за архитектура
- Факултет за градежништво и конзервација/реставрација
- Факултет за услужен станбен инжинеринг и компјутерски науки
[уреди] Универзитет Ерфурт
Универзитетот бил основан во 1994 и со тоа тој најмладиот јавен универзитет во Германија. Тој се гледа себеси во традицијата на историскиот Универзитет, кој постоел од 1392 до 1816. Историскиот универзитет се смета за трет најстар универзитет во Германија (по Хајделберг (1386) и Келн (1388)). Во зимскиот семестар 2008/09 студирале околу 4700 студенти.
[уреди] Факултети
- Факултет за филозофија
- Факултет за политички науки
- Ликовна академија
- Факултет за образование
- Факултет за католичка теологија
- Школа Макс Вебер
[уреди] Индустрија
Ерфурт е дом на Борн Фајнкост, произведувајќи сенф, кој се служи со тириншкиот Братвурст. Во годините по Првата светска војна, Оргис и Ко., наследени од Дојче Верке, го произведувале популарниот Ортгис 7,65 мм полуавтоматски пиштол во Ерфурт.
[уреди] Збратимени градови
- Поврзано: Список на збратимени градови во Германија.
Ерфурт е збратинет со:
Ѓер, Унгарија, од 1971
Вилниус, Литванија, од 1972
Калиш, Полска, од 1982[7]
Мајнц, Германија, од 1988
Лил, Франција, од 1991
Шони, САД, од 1993
Сан Мигуел де Тукуман, Аргентина, од 1993
Ловеч, Бугарија, од 1996
Хаифа, Израел, од 2000
Сујчжоу, Кина, од 2005
Кати, Мали, од 2011
| Заедничката Ризница има податотеки поврзани со: „Ерфурт“ |
[уреди] Наводи
- ↑ Тириншко биро за статистика. „Население на Тирингија по окрузи“ (на германски). http://www.tls.thueringen.de/seite.asp?aktiv=dat01&startbei=datenbank/default2.asp. проверено на 2007-04-25.
- ↑ Манголд, Макс (2005). „Ерфурт“. „Речник за изговарање“. Манхајм, Лајпциг, Виена, Цирих: Дуден Ферлаг. стр. 311. ISBN 978-3-411-04066-7. http://www.duden.de. проверено на 2011-06-22.
- ↑ Хајнемајер, Карл (2004). „Бонифациј во централна Германија“. Харди Ајдам, Марина Мориц, Герд-Рајнер Ридел, Кај-Уве Ширц (на германски). „Бонифациј: Хајденопфер, Христускројц, Ајхенкулт“. Штатфервалтунг Ерфурт. стр. 73–87.
- ↑ Шмит, Христоф Г. (2004). „Во посета на Меровинзите: Политичка и општествена структура во Тирингија од 6-от до 8-от век“. Харди Ајдам, Марина Мориц, Герд-Рајнер Ридел, Кај-Уве Ширц (на германски). „Бонифациј: Хајденопфер, Христускројц, Ајхенкулт“. Штатфервалтунг Ерфурт. стр. 39–56.
- ↑ Леман, Хартмут. „Веберовата протестантска етика“. Прес на Кембриџ Универзитет, 1995. 118.
- ↑ „Германска поставка на вердиевиот Бал под Маски на 11 Септемвери со голи учесници во маски на Мики Маус“, „Дејли Телеграф“, 11 април 2008. Проверено на 2 мај 2010.
- ↑ „Калиш службена страница - збратимени градови“ (на полски). http://www.kalisz.pl/_portal/118951340446e688bcd9fee/Miasta_partnerskie.html. проверено на 2008-11-29.
[уреди] Надворешни врски
- Градска панорама на Ерфурт - панорамски погледи и виртуелни тури
- Кремербрике
- Збратимени градови (од 1993) со Шони, Канзас
- Свет. Германија. Ерфурт. - збирка на фотографии ((англиски), (германски), (хебрејски))
|
||||||||||||||
|
||||||||
|
|||||||||||||||||
|
|||||||
|
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||