Нордхаузен (округ)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Нордхаузен
Nordhausen
—  Округ  —
Земја  Германија
Покраина Тирингија
Адм. цент. Нордхаузен
Површина
 • Вкупна 711 км2
Население (31 декември 2013)[1]
 • Вкупно 85.380 жит.
Час. појас CET (UTC+1)
 • Лете (DST) CEST (UTC+2)
Рег. табл. NDH
Портал landratsamt-nordhausen.de

Нордхаузен (германски: Nordhausen) е округ (Kreis) во северниот дел на покраината Тирингија, Германија. Соседни окрузи се (од север надесно) Харц и Мансфелд-Јужен Харц во Саксонија-Анхалт, окрузите Кифхојзер, Ајхсфелд во Тирингија и окрузите Остероде и Гослар во Долна Саксонија.

Историја[уреди]

Округот бил создаден во 1815, кога пруската покраина Саксонија била создадена. Областа Лора-Клетенберг (поранешниот војводски округ Хонштајн) и поранешниот слободен царски град Нордхаузен биле заедно администрирани. Во 1882/83 градот Нордхаузен го напуштил округот, кое довело до преименување на округот во „Грофство Хоенштајн“ (Kreis Grafschaft Hohenstein) во 1888. По Втората светска војна, округот бил повторно преименуван во Нордхаузен (Landkreis Nordhausen), а во 1950 градот Нордхаузен повторно се приклучил на округот. Со административната реформа во 1952, неколку општини го напуштиле округот, додека пак некои општини биле додадени на округот.

Географија[уреди]

Округот се наоѓа на јужните падини на планините Харц. Највисока точка е Гросе Еренберг (Große Ehrenberg) со височина од 635,3 метри надморска височина. Главна река во округот е Цорге. На југ се наоѓаат ридските масиви Дин, Хајнлајте и Виндлајте.

Грб[уреди]

Грб Црвено-сребрената шаховница на грбот потекнува од грбот на грофството Хоенштајн, историска територија во областа на округот. Стеблото на дрвото го претставува уништувањето на градот Нордхаузен во текот на Втората светска војна, додека новото дрво кое расте во златниот дел ја претставува обновата на градот и светланата иднина.

Градови и општини[уреди]

Слободни градови Слободни општини
  1. Блајхероде
  2. Елрих
  3. Херинген
  4. Нордхаузен
  1. Ецелсроде
  2. Фридрикстал
  3. Герсбах
  4. Хоенштајн
  5. Кемштет
  6. Клајнбодунген
  7. Краја
  8. Липрехтероде
  9. Нидергебра
  10. Золштет
  11. Урбах
  12. Вертер
Општински заедници

1. Хајнлајте

  1. Грослора
  2. Хајнроде
  3. Клајнфура
  4. Нора
  5. Випердорф
  6. Волкрамсхаузен1

2. Хонштајн/Јужен Харц

  1. Бухолц
  2. Харцтор1
  3. Харцунген
  4. Хермансакер
  5. Нојштат
1седиште на општинската заедница;2град

Наводи[уреди]

Надворешни врски[уреди]