Арнштат

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Арнштат
Црква Свети Бонифациј
Црква Свети Бонифациј
Грб на Арнштат
Арнштат се наоѓа во Германија
Арнштат
Управа
Земја Германија
Покраина Тирингија
Округ Илм
Градски единици 6
Градоначалник Александер Дил
Основни податоци
Површина 55,29 км2
Надм. височина 288 м
Население 23.539 (31 декември 2013)[1]
 - Густина 426 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. IK
Пошт. бр. 99301–99310
Повик. бр. 03628
Портал www.arnstadt.de
Местоположбата на градот Арнштат во рамките на округот Илм
Карта
Координати 50°50′03″ СГШ 10°56′47″ ИГД / 

Арнштат (германски: Arnstadt) е град во округот Илм, во Тирингија, Германија, смесен на реката Гера. Се смета за еден од најстарите градови во Тирингија и го добил прекарот Das Tor zum Thüringer Wald („Портата кон Тирингиската Шума“).

Современиот Арнштат има население околу 25.000. Тој е производствен центар на стакло и леарници, соларни панели, како и производство на ракавици и дрво. Во близина се наоѓаат рудници на манган.

Градот е домаќин на митингот во скок во височина - Hochsprung mit Musik – на кој присуствуваат некои од најпознатите скокачи во светот. Кајса Бергвист го поставила светскиот рекорд во спортската арена во Арнштат во 2006.[2]

Историја[уреди]

Во 14 век, Арнштат бил владеен од грофовите на Шварцбург и подоцна станал главен град на Шварцбург-Зондерсхаузен.

Композиторот Јохан Себастијан Бах, чие семејство со генерации живеало во близина на Арнштат, станал оргулист во црквата Свети Бонифациј во 1703. Повеќето ученици на Бах верувале дека добро познатата „Токата и Фуке во Д-мол“ била напишана овде помеѓу 1703 и 1709.

Знаменитости[уреди]

Арнштат поседува убаво зачуван стар град, кој е претворен во пешачка зона. Некои од неговите вредни градби се црквата на Богородица од 13 век и дворецот од 18 век.

Галерија[уреди]

Луѓе[уреди]

Збратимени градови[уреди]

Наводи[уреди]