Тирингија
| Слободна Држава Тирингија Freistaat Thüringen |
|||
|---|---|---|---|
| — Сојузна покраина — | |||
|
|||
| Координати: | |||
| Држава | Германија | ||
| Главен град | Ерфурт | ||
| Управа | |||
| • Премиер | Кристине Либеркнехт (CDU) | ||
| • Владејачки партии | CDU / SPD | ||
| • Гласови во Бундесратот | 4 (од 69) | ||
| Површина | |||
| • Вкупно | 16.171 км2 | ||
| Население (2011-12-31)[1] | |||
| • Вкупно | 2.221.222 | ||
| Час. појас | CET (UTC+1) | ||
| • Лете (DST) | CEST (UTC+2) | ||
| ISO 3166 | DE-TH | ||
| БДП | € 49,87 billion (2010) [се бара извор] | ||
| NUTS-регион | DEG | ||
| Портал | thueringen.de | ||
Слободната држава Тирингија (германски: Freistaat Thüringen) е покраина на Германија, која се наоѓа во средишниот дел на државата. Има површина од 16.171 км2 и 2,29 милиони жители, што ја прави шеста најмала покраина по површина и петта најмала по население помеѓу германските покраиниstates. Поголемиот дел на Тирингија припаѓа на речниот слив на Зале, лева притока на Елба. Нејзин главен град е Ерфурт.
Тирингија е позната и под прекарот „зеленото срце на Германија“ (das grüne Herz Deutschlands) од крајот на 19. век,[2] поради густите шуми присутни низ целата покраина.
Тирингија е добро позната во Германија по својата природа и зимските спортови. Дом е на Ренштајг, најпознатата патека за планинарење во германија и зимскиот центар Оберхоф. Германија има освоено повеќе златни медали на Зимските олимписки игри од било која друга држава во последните 20 години, додека половина од тие медали за Германија се освоени од спортисти од Тирингија.[3]
Содржина |
Географија [уреди]
Од северозапад во насока на стрелките на часовникот, Тирингија се граничи со германските покраини Долна Саксонија, Саксонија-Анхалт, Саксонија, Баварија и Хесен. Сртовите на западните Харц Планини го делат регионот од Долна Саксонија на северозапад, додека источниот дел на Харц слично ја дели Тирингија од покраината Саксонија-Анхалт на североисток. На југ и југозапад, Тирингиската Шума го дели древниот регион Франконија, сега северен дел на Баварија, од нерамните низини во Тирингија. Средишниот масив Харц се протега кон југ долж западниот дел во северозападниот агол на регионот Тирингиска Шума, правејќи ја Тирингија претежно низинска земја. На запад од планините и југ е сливното подрачје на реката Рајна.
Најголема видлива географска карактеристика на Тирингија е Тирингиската Шума, планински масив во југозападниот дел. Реката Вера, притока на реката Везер, раздвојувајќи го овој масив од вулканските Рен Планини, кои делумно се наоѓаат во Тирингија, Баварија и Хесен. На северозапад, Тирингија вклучува мал дел на Харц. Источниот дел на Тирингија е воглавно низина. Реката Зале тече низ овие низини од југ кон север.
Географскиот центар на Сојузната Република се наоѓа во Тирингија, близу општината Нидердорла.
Видете Список на места во Тирингија.
Тирингија е поделена во 17 окрузи (Landkreise):
Исто така постојат и шест урбани окрузи (кои не се означени на картата):
Секој од урбаните окрузи содржи град со истото име (види ја табелата подолу, „Градови во Тирингија“).
Градови [уреди]
| Градови во Тирингија | |||||
| Место | Град | Жители | Округ | ||
| 31 декември 1970 | 31 декември 2000 | 30 јуни 2005 | |||
| 1. | Ерфурт | 192.679 | 200.564 | 202.590 | урбан оркуг |
| 2. | Гера | 106.841 | 112.835 | 104.737 | урбан округ |
| 3. | Јена | 85.169 | 99.893 | 102.201 | урбан округ |
| 4. | Вајмар | 63.985 | 62.425 | 64.361 | урбан округ |
| 5. | Гота | 57.256 | 48.376 | 47.045 | Гота |
| 6. | Ајзенах | 50.059 | 44.442 | 37.858 | урбан округ |
| 7. | Нордхаузен | 42.018 | 45.633 | 43.781 | Нордхаузен |
| 8. | Мајнинген | 68.177 | 48.025 | 42.202 | Шмалкалден-Мајнинген |
| 9. | Алтенбург | 47.497 | 41.290 | 38.203 | Алтенбург |
| 10. | Зул | 34.876 | 32.240 | 37.642 | урбан округ |
| 11. | Милхаузен | 46.135 | 38.695 | 37.480 | Унштрут-Хајних |
| 12. | Залфелд | 31.048 | 29.511 | 28.148 | Залфелд-Рудолштат |
| 13. | Илменау | 19.634 | 27.176 | 26.713 | Илм |
| 14. | Арнштат | 27.368 | 27.220 | 25.828 | Илм |
| 15. | Рудолштат | 30.087 | 27.528 | 25.584 | Залфелд-Рудолштат |
| 16. | Аполда | 29.754 | 25.899 | 24.684 | Вајмар |
| 17. | Грајц | 39.424 | 26.177 | 24.007 | Грајц |
| 18. | Зонеберг | 29.811 | 24.837 | 23.928 | Зонеберг |
| 19. | Зондерсхаузен | 22.195 | 23.088 | 21.718 | Кифхојзер |
| 20. | Земерда | 15.959 | 21.977 | 20.885 | Земерда |
| 21. | Лајнефелде-Ворбис (создаден на 16 март 2004) |
4.315 (ЛФ) 3.401 (ВО) |
15.056 (ЛФ) 5.497 (ВО) |
20.816 | Ајксфелд |
| 22. | Бад Лангензалца | 16.813 | 19.917 | 18.760 | Унштрут-Хајних |
| 23. | Шмалкалден | 14.527 | 18.551 | 17.893 | Шмалкалден-Мајнинген |
| 24. | Цојленрода-Трибес (создаден на 1 март 2006) |
13.549 (ЦР) 4.790 (ТР) |
14.600 (ЦР) 4.230 (ТР) |
17.702 | Грајц |
| 25. | Хајлигенштат | 12.464 | 17.291 | 17.175 | Ајксфелд |
| 26. | Бад Залцунген | 11.466 | 17.086 | 16.551 | Вартбург |
| 27. | Песнек | 19.547 | 14.341 | 13.592 | Зале-Орла |
| 28. | Шмелн | 13.968 | 13.193 | 12.693 | Алтенбург |
| 29. | Цела-Мелис (создаден на 1 април 1919) |
17.136 | 13.036 | 12.355 | Шмалкалден-Мајнинген |
| 30. | Хилдбургхаузен | 10.652 | 12.466 | 12.351 | Хилдбургхаузен |
| 31. | Ајзенберг | 13.859 | 11.764 | 11.489 | Зале-Холцланд |
| 32. | Валтерсхаузен | 14.219 | 11.725 | 11.307 | Гота |
Историја [уреди]
|
|||||||||||||||||||||||||
Именувана по племето Туринги, кои ја населувале областа околу 300 година од нашата ера, Тирингија била под власта на Франките до шестиот век, создавајќи дел од понатамошното Свето римско царство.
Тирингија станала landgraviate во 1130. По исчезнувањето на владејачката Лудовиншка линија на грофови во 1247 и војната за Тирингија (1247–1264), западната половина станала независна под името „Хесен“, никогаш потоа не станала дел од Тирингија. Поголемиот дел од преостанатиот дел на Тирингија преминал под владение на ветинската династија од соседното Грофство Мајсен, зачетникот на подоцнежниот Електорат и Кралство Саксонија. Со поделбата на династијата Ветин во 1485, Тирингија преминала под владение на делот Ернестин од семејството, која потоа била поделена на голем број помали држави, според саксонската традиција на поделба на наследството помеѓу машките наследници. Овие биле „саксонски војводства“, составени помеѓу другите од државите Саксо-Вајмар, Саксо-Ајзенах, Саксо-Јена, Саксо-Мајнинген, Саксо-Алтенбург, Саксо-Кобург и Саксо-Гота; Тирингија главно останала како географска областа.
Тирингија главно ја прифатила Реформацијата. Католичката вера била укината во почетокот на 1520; свештениците кои останале верни на Католичката црква биле истерани, а црквите и манастирите биле уништени, особено за време на Германската селанска војна во 1525. Во Милхаузен и на други места, Анабаптистите пронашле многу приврзаници. Томас Минцер, водач на некои немировни групи на оваа секта, бил активен во овој град. Во рамките на границите на Тирингија, католичката вера била практикувана единствено во округот Ајксфелд, кој бил под власта на надбискупот од Мајнц и во помал степен во градот и околината на Ерфурт.
Некои прекројувања на државите во Тирингија се случиле во текот на периодот од 1795–1814 и територијата била приклучена кон наполеонската Конфедерација на Рајна, создадена во 1806. Виенскиот конгрес од 1815 ги потврдила овие промени и државите во Тирингија биле приклучени кон Германската конфедерација; Кралството Прусија исто така добило некој дел од територијата на Тирингија и ја администрирало преку Провинцијата Саксонија. Тириншките војводства кои станале дел од Германското царство во 1871 во екот на пруското обединување на Германија биле Саксо-Вајмар-Ајзенах, Саксо-Мајнинген, Саксо-Алтенбург, Саксо-Кобург-Гота, Шварцбург-Зондерсхаузен, Шварцбург-Рудолштат и двете кнежества на линијата Ројс. Во 1920, по Првата светска војна, овие мали држави биле споени во една држава, наречена Тирингија; само Саксо-Кобург гласало за приклучување кон Баварија. Вајмар станал нов главен град на Тирингија. Грбот на оваа нова држава бил поедноставен од претходно.
Откако кратко била под конрола на САД, од јули 1945, државата Тирингија дошла под советската окупациска зона и била проширена со делови од пруска Саксонија, како областите околу Ерфурт, Милхаузен и Нордхаузен. Ерфурт станал новиот главен град на Тирингија.
Во 1952, Германската Демократска Република ги распуштила нејзините покраини и создала окрузи (Bezirke). Три окрузи кои се наоѓале на територијата на Тирингија биле во Ерфурт, Гера и Зул.
Покраината Тирингија била обновена со малку изменети граници по повторното обединување на Германија во 1990.
Религија [уреди]
| Религија во Тирингија - 2009 | ||||
|---|---|---|---|---|
| религија | процент | |||
| Протестанти | 24,0% | |||
| Римокатолици | 7,8% | |||
| Други или неопределени | 68,2% | |||
Од Реформацијата, најголема религија во Тирингија било лутеранството. Во време на комунистичкото владеење, членството во црквите значително се намалило и денеска над половина од населението не верува во ниедна вера. До 2009, Евангелистичката црква на Германија била најголема религиозна заедница во покраината, со 24% од населението. Членовите на Римокатоличката црква изнесуваат 7,8%. 68,2% од населението на Тирингија се нерелигиозни или припаѓаат кон други вери.[4]
Сообраќај [уреди]
- Автопати: A4, A9, A38, A71, A73
- Аеродроми: Аеродром Алтенбург-Нобиц, Аеродром Ерфурт
Наводи [уреди]
- ↑ „Население по општини, надлежни општини и општински заедници“ (на германски). „Статистичка служба на Тирингија“. 2 јули 2012. http://www.statistik.thueringen.de/datenbank/TabAnzeige.asp?tabelle=gg000102%7C%7C.
- ↑ A. Trinius (1898)
- ↑ http://www.leg-thueringen.de/index.php?id=1982&L=1
- ↑ Statistisches Jahrbuch Thüringen 2011 - PDF, 4,3 MB
Надворешни врски [уреди]
| Заедничката Ризница има податотеки поврзани со: „Тирингија“ |
- Официјална страница на покраината
- Туристичка страница за Тирингија (германски)
- Регионален портал за Тирингија (германски)
- Туристичка страница за Тирингија
- Историски преглед
- Туристичка страница со многу слики од Тирингија (германски)
- Алтернативен туризам во Тирингија (германски) (англиски)
- Тирингија - Проект „Отворен директориум“ (англиски)
|
|||
|
Баварија | Баден-Виртемберг | Берлин | Бранденбург | Бремен | Долна Саксонија | Мекленбург-Западна Померанија | Северна Рајна-Вестфалија | Рајнска област-Пфалц | Саксонија | Саксонија-Анхалт | Сар | Тирингија | Хамбург | Хесен | Шлезвиг-Холштајн |
|||
|
||||||||
|
||||||||||||||||||||||||